Пандемијата ќе го смени начинот на кој градиме домови и канцеларии

Без разлика дали станува збор за самолепливи ленти поставени на 2 метри раздалеченост на подовите на супермаркетите, или екрани од плексиглас во рестораните, физичките маркери што ги окупираат нашите животи изгледаат како набрзина смислени решенија, а делуваат како лепливи архитектонски гипсени ѕидови поставени во простори што биле изградени да послужат за заедничка цел. Но како би изгледало ако нашите домови, работни простории и градови се трајно дизајнирани за одржување социјална дистанца што секако ќе следи по ставањето под контрола на пандемијата предизвикана од Ковид-19? И како ќе го промениме начинот на кој живееме за да се заштитиме од идни можни пандемии?

Според Емили Сарџент, виш куратор во бесплатниот музеј и библиотека Колекцијата „Добредојде“ (the Wellcome Collection) и водечки дизајнер на изложбата која беше отворена во 2019 год, насловена како „Живеење со зградите“, постои можност да се преиспита односот меѓу изградената и природната средина, и како тој влијае на целокупниот наш живот, од работното место до просториите во кои се опоравуваме после болест, пишува the Wired.

„Сме престанале да водиме сметка за работи како вентилација, која е клучна за здравјето,“ вели таа. „Постојат многу различни начини на кои овој наметнат фокус на домот ги истакнува многуте нешта што го прават она што тој значи за луѓето. Овие нешта некогаш не се она што би можеле да го помислиме – удобност, безбедност, прибежиште – напротив, тоа се елементи што можат да ги стават физичкото и менталното здравје во ризик.“ Краткорочните решенија од оваа декада, со фокус на безбедноста од средината, немаат конкретни временски рокови, што е уште поголема причина да ги земеме предвид.

Дом: отворен нанадвор, затворен навнатре

Предизвиците со кои е соочено домувањето се исто толку структурни и политички колку што се архитектонски, но и урбаниот дизајн има аспекти што се однесуваат на заштитата од идни пандемии. „Сегашните регулативи за придружни простори – тие што се наменети за активности на отворено – ќе мора да се прошират,“ вели Сираџ Мита, архитект за Стентон Вилијамс. „Ограничувањата за семејства и луѓето кои живеат во индивидуални резиденцијални куќи ќе мора да бидат драстично преосмислени. Ова би можело да значи балкони со простор за вежбање и распределени простори со капацитет за складирање внатре во домот. Градежните компании што изведуваат резиденцијални згради ќе треба да размислат за отворени јадра, посебни платформи на отворено за вежбање и засебни влезови со цел намалување на ризикот за пренесување болест меѓу единиците од зградата. Што се однесува до внатрешниот дел, трендот кој опстојуваше со децении во однос на дизајнот на овторени планови можеби е готов. Ѕидовите, преградите и ходниците можат да го минимизираат звучното влијание поврзано со работењето од дома: „Зависи на која динамика се обраќате: четиричлено семејство или група цимери“, вели Мита. „Луѓето сакаат просторна и звучна приватност на различни начини.“

Транспорт: вело-град

Градоначалници и одговорните институции за превоз од Берлин до Ванкувер го претвораат уличниот простор од автомобили за велосипеди. Планот на Милано за отворени улици предвидува пренамена на 35 километри улици ова лето, со мешавина од привремени и трајни мерки што вклучуваат нови велосипедски патеки, малку сообраќај во резиденцијалните квартови и пошироки тротоари. Јавниот транспорт нема да исчезне. „Нè прашаа како можеме да ги направиме станиците побезбедни,“ вели Дарен Комбер, извршен директор на Скот Браунриг, архитектонско биро што дизајнираше делови од фреквентни метро и железнички станици во Лондон. „Анализата на протокот на пешаци ќе биде клучна; ќе има бариери за да се влезе во станицата, а потоа и серија врати за да се ограничи протокот.“

Канцеларија: од 9ч до 17ч во „телефонизиран“ бизнис парк

„Ќе бидеме сведоци на повторното раѓање на бизнис паркот,“ предвидува Комбер. Кампуси со надворешни простори значат пристап до природа за работниците и безбедно оддалечените згради.

Наместо линеарни редови клупи, колегите ќе можат да седнат на четирите страни на еден мал плоштад. Комбер очекува стандардите за канцелариски простор за далечина меѓу работниците да се зголемат.

Деловните простории на компанијата Arm во Кембриџ, дизајнирани од Скот Браунриг, се „високо телефонизирани“. Таму тимовите работат во простории предвидени за помалку од 30 лица, а има и внатрешни улици и отворени делови.

Комбер планира 50 проценти од персоналот да работи во тие студија во кое било време: „За две или три години ова нема да има влијание.“ За да компензираат, ќе користат голем екран за видео повици кој ќе ги поврзе двата тима.

Природна вентилација, како што е прозорец што автоматски се отвора, ќе биде од клучна важност. Желни сте за повеќе експерименти? Во системот за филтрација можат да се стават вештачки радикали што ги уништуваат бактериите.

Дигитални близнаци, што го следат движењето и вентилацијата на аеродроми како на пример во Истанбул, можат да се користат за да придонесат во дизајнот на канцелариите што ќе се користат по пандемијата. Со дигиталните близнаци можно е да се прави „проценка во реално време на далечина и сегрегација во реплициран свет, со користење на аватари што можеме да ги разболиме,“ образложува Комбер.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -