Пандемијата ја врати назад родовата еднаквост за повеќе од 36 години

Празнината на родовата еднаквост која бавно се пополнува низ целиот свет минатата година беше растргната на мали делчиња од штиклите на пандемијата која има огромно, непропорционално негативно влијание врз жените, пишува Каролин Ферчајлд која работи како уредник на вестита на платформата ЛинкедИн.

Времето што ќе биде потребно да се затвори таа глобална родова празнина се зголеми од 99,5 години на 135,6 години, посочува глобалниот родов извештај составен од страна на Светскиот економски форум.

Жените во технологија одамна не се доволно застапени

Жените во целиот свет ги изгубија работните места со повисока стапка од мажите, 5% наспроти 3,9%. И секторите каде растат можностите за нови работни места се во значајна мера недоволно застапени од жени. На пример, во областа на компјутерска обработка на податоци во облак, жените зафаќаат само 14% од работната сила. Во инженерството, уште една област во подем, жените сочинуваат 20% од работниците.

Работите да бидат покомплицирани, податоците од економскиот тим на ЛинкедИн посочуваат дека на жените им е потешко да направат промена кон овие индустрии во подем. Додека многумина го лоцираат проблемот во инката за регрутација нови вработени, односно дека недоволно голем број жени сакаат да бидат на овие работни места, сепак извештајот покажува нешто друго. Голем број од цитираните професии не го искористиле базенот таленти полн со жени, но работодавачите не гледаат подалеку од традиционалното искуство за да ги пополнат тие места.

„Треба да ги препознаеме специфичните предизвици во поглед на родовите разлики во брзорастечки професии ориентирани кон иднината,“ вели Сју Дјук, раководител на секторот на ЛинкедИн за глобални јавни политики, која стои и на чело на економскиот тим. „Клучно е кршењето на бариерите кон овие професии, а тоа подразбира и овие области да бидат направени попривлечни за жените“.

Жените чии деца уште живеат дома носат најголем товар

Светскиот економски форум ја мери еднаквоста на потенцијалот на жените да пристапат до економски, здравствени, образовни и политички можности во однос на мажите. Во САД, родовата празнина во образованието и здравството е речиси затворена и има значителни подобрувања во поглед на присуството на жените на позиции на моќ во владата. И покрај овие придобивки, жените во САД имаат да одат уште долг пат за да стигнат до економските можности на нивните колеги мажи. Само нешто малку повеќе од 42% од менаџерските позиции во Америка се во рацете на жени, а понатамошна анализа на ЛинкедИн покажува дека жените се назначени на помалку лидерски места отколку мажите за време на пандемијата.

Иако оваа криза има влијание врз сите работници, податоци од анкети посочуваат дека жените со деца кои се` уште живеат дома трпат најсилно негативно влијание. СЕФ ги прашал вработените мажи и жени колку е тешко да се сработи работата во текот на последната година и колку многу стрес почувствувале во поглед на наоѓање рамнотежа помеѓу работните и домашните обврски. Сите мерења покажуваат дека жените со деца дома зборувале за највисоки стапки на стрес и губење на продуктивноста.

Што треба да се смени

За да се поддржи родово еднакво закрепнување од кризата, неколку работи мора да се случат. СЕФ е на став дека земјите треба да ја прошират достапноста за детска грижа и одново да размислат како ја третираме работната нега во целост. Пред пандемијата, жените и децата веќе сочинуваа 70% од сиромашните жители на Америка, а од друга страна жените стануваат најобразованата група во работната сила.

Носителите на законите и приватните работодавачи исто така сфаќаат дека ова има врска со изборите што жените треба да ги направат помеѓу заработувањето и грижата за нивните семејства. Податоците на Светска Банка покажуваат дека глобално, новите мајки земаат во просек три месеци породилно отсуство од работа, платено или неплатено, додека татковците земаат само три дена.

Второ, технолошко интензивните позиции што се во пораст во економијата треба да бидат пополнети со повеќе женски талент. Додека најбрзо растечките сектори со нови работни места се склони да искусуваат прилив на нов талент, податоците посочуваат дека поголемиот дел од тој талент се мажи. Компаниите кои ангажираат работници во овие области би требало да целат кон родова еднаквост, и тие би требало да им овозможат на вработените жени да добијат можности за стекнување нови вештини за нови области на средината на нивната кариера.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Како да бидете лидер кој вработените го почитуваат

Само што сте го вработиле совршениот работник. Неговата или нејзината целокупна деловна моќ е голема колку и неговото или нејзиното функционално знаење....
- Advertisment -