Остварена меѓународна соработка за подготовка на промотивна туристичка кампања „Дома си е дома“

Кампања за промоција на домашниот туризам, насловена „Дома си е дома“ се подготвува со соработка меѓу Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот (АППТ), во партнерство со Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, поддржана од Швајцарската агенција за развој и соработка – SDC, подготвуваат. Во поддршката на кампањата се приклучува и Амбасадата на Франција во земјава.

Целта на кампањата е да промовира различни дестинации и активности во државата како места за посета на домашните туристи во претстојните сезони лето/есен 2020 година. Ова ќе придонесе за поддршка на домашните чинители во туризмот (туроператори, сместувачки капацитети, ресторани, превозници итн.) и поддршка на домашната економија. Исто така, кампањата претставува и одговор на кризата предизвикана од Ковид-19. Фокусот е ставен на можните начини да се зголеми бројот на домашни туристи и остварени ноќевања.

Во рамки на кампањата ќе се изработат лого, билборди и 10 промотивни видеа од најзначајните туристички дестинации и локалитети, претставени преку конкретни активности/ производи од активниот туризам (планинарење, велосипедизам, параглајдинг, спортско качување итн.), во комбинација со културни искуства, рурални предели и гастрономија.

Опфатени различни видови промоција

Промотивната маркетинг кампања под слоганот „Дома си е дома“ ќе се емитува на повеќе ТВ канали за промоција на почетокот на следниот месец, истовремено следејќи ги препораките од Владата. Промоцијата на најважните туристички дестинации во државата ќе трае до крајот на оваа година. Во проектот дополнително ќе бидат вклучени сите засегнати субјекти, со цел граѓаните да добијат подобрена туристичката понуда преку максимално ангажирање на домашните капацитети, атракции и дестинации.

За проектот АППТ ќе организира дополнителна промоција со јавни личности и инфлуенсери од различни сфери во општеството кои поддршката ја даваат преку кратки видеа што ќе бидат споделени на социјалните медиуми, во кои зборуваат за нивните најомилени дестинации и активности дома, користејќи го хаштагот #домасиедома.

Исто така, ги повикуваме сите оние кои сакаат да споделат одредено искуство за активни спортови, гастрономија или едноставно одмор на некои од дестинациите низ државава да земат учество во кампањата, на следниот начин:
– Постирајте видео на вашиот Фејсбук со хаштаг #домасиедома и ставете го во settings Public
– Споделете го видеото на Инстаграм или Фејсбук и тагнете го со #domasiedoma.

Се очекува да се остварат два милиони ноќевања

Очекувањата на АППТ од овој проект се порастот на домашните туристи да овозможи зајакнување на туризмот и домашната економија, како и задржување на секое работно место во оваа индустрија која во овој момент е особено погодена од кризата.

Оваа кампања ќе  поттикне  екскурзиите, викендите, повеќедневните одмори, планинарството, рекреативни и спортски активности во природа, да се одвиваат во рамките на нашите туристички капацитети и дестинации. Целта, но уште поважно, пораката што се праќа со оваа кампања е почит, разбирање и солидарност за заеднички да постигнеме два милиони ноќевања и помош на туристичко-угостителската индустрија, а со тоа и домашната економија.

АППТ вчера потпиша меморандум за соработка со Швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, за заеднички активности за развој на активен туризам и промоција на домашен, регионален и меѓународен пазар. Почетен чекор во повеќегодишната соработката е подготовка на промотивните видеа за кампањата „Дома си е дома“.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -