Осум начини како да ги научите децата повеќе работи за светот околу нив без да го напуштите домот

Голем број родители веруваат дека патувањето во различни земји низ светот е вид образование само по себе. Но често пати, родителите се соочуваат со ограничувачки фактори како што се финансиски средства, школкси распусти, а во последно време и со ограничувања во поглед на движењето, социјалната оддалеченост и борбата со Ковид-19.

Поврзано:

Во секој случај, постојат многу начини како да ги воведете вашите деца во тајните и мистериите на светот без да го напуштите домот. Да го цитираме познатиот писател Марсел Пруст: „Вистинското патување во нови откритија не се состои од потрага по нови пејзажи, туку од имање нови очи“. Издавачката куќа на книги за патување – „Осамена планета“ (Lonely Planet), состави листа од неколку активности како да доживеете вистинска авантура дома без да излезете од влезната врата

1. Читајте книги со факти и атласи

Од Вини Пу до Хари Потер и понатаму, фикцијата е фантастичен начин да се однесат децата на патувања во далечни земји. Но во насока на правилно учење факти и податоци за светот околу нив, ништо не може да се спореди со добар атлас, енциклопедија или книга со факти. За среќа, многу книжарници имаат понуди на прекрасно илустрирани, внимателно напишани и уредени податоци преточени во книги за деца со привлечен дизајн. Тука спаѓаат и книги за диносауруси, книги за човековото тело, за светот на животните, итн…Во време на пандемија од коронавирус, македонските издавачки куќи нудат оналајн услуги, па лесно можете да си нарачете издание кое вам најмногу ви одговара во поглед на возраста на детето и буџетот.

остани дома

2. Научете занаетчкиси вештини и бидете креативни

Можете да им овозможите на вашите две или тригодишни деца да откриваат нови земји во чамци изработени од картон, а поголемите деца можат да изработуваат фигури на познати светски знаменитотсти од пластелин, дрвени коцки или Лего, тинејџерите веќе се способни да изработуваат модели испечатени на домашни 3Д принтери… Која и да е возраста на вашите деца, секогаш има начини да создадете заедно нешто забавно што ќе им открие нешто плус за светот што ги опкружува. Во вашите креации, можете дури да искористите и самонаправени делови од хартија, делови од стари или искрешни играчки, сё што ќе ви ја поттикне фантазијата да создавата и истражувате! Интересно е што дури и тинејџерите се заигруваат со тридимензионалните модели на Лего. Ако сакате да ја направите оваа активност уште поедноставна, натерајте ги децата самите да си нацртаат мапа на градот во кој е сместено нивното омилено обележје или да го скицираат истото.

3. „Одете“ на гастрономско патување

Има ли подобар начин да се запознае културата на некоја земја освен преку храната? Ако самите не можете да си дозволите вакво искуство од прва рака, тогаш донесете го тоа искуство во вашата кујна. Користете детски готвачи, или гледајте го шоуто на ББЦ – „Мојата светска кујна“ каде деца од различни земји ви покажуваат како да го подготвите нивното типично јадење. Оваа активност можете дополнително да ја „зачините“ ако самата кујна ја претворите во локален кафе бар или ресторанче – направете мени со цени во локалната валута, пуштете музика од таа земја и како да сте веќе таму! Едноставно, на пример, поставете чаршав со црвени и бели коцки на маса, поставете чинија со неколу кроасани од локалниот Тинекс, малку тополо чоколадо и вуала, вие сте во Париз.

остани дома

4. Заедно со вашите деца, танцувајте на светска музика

Само одберете ги мелодиите шти ви се допаѓаат од целиот свет и фатете за шизење. Можете да си одберете земја по волја, па да прочепката основни податоци за неа, нешто за фолклорот и локалните обичаи и повторно, (преоблечени или не), преку танц патувајте во вашата омилена дестинација.

5. Користете јазични апликации и онлајн квизови

Со овие дигитални алатки, можностите да научите нови информации за одредена земја а истовремено и да се забавувате, се навистина огромни. Играјте игри каде треба да ги погодувате знамињата на земјите, „Брза географија“, користете апликации како Дуолинго, Анимал Квиз и други….Кога станува збор за интернет можности, само небото е лимит, но претходно осигурајте се колку време вашето дете ќе помине на телефон или таблет.

6. Вклучете го телевизорот

Свесни сме дека предолго време пред телевизор не е добро за менталниот и интелектуалниот развој на децата, но ова зависи од видот на содржина на која е изложено детето. Не може да се порекне дека децата ги впиваат информациите што ги добиваат преку тв екраните, особено кога се пренесуваат преку детски ликови со кои тие се поистоветуваат. Со цел да ги однесете на патување а притоа да не се поместите од каучот, можете да организирате „филмска вечер“, и да подготвите соодветни грицки, па така целото семејство ќе може да патува. Размислете, ако го гледате „Индијана Џонс“ ќе ги откривате античките градби на Блискиот Исток, доколку сте урбан тип на семејство, анимираниот филм „Рататуј“ ќе ве однесе во Париз, „Рио“ – во најпозната бразилска туристичка дестинација… ваквите филмови се одлични за учење нови информации за далечни земји.

остани дома

Исто така, телевизиски канали како Нашионал Џиографик, Дискавери, Нејчр и слични, каде се прикажуваат професионално изработени документарци, се еден од начините да го користите телевизорот како едукативно средство. Имајте на ум дека стилот на говор во овие емисии е на повисоко ниво па децата ќе имаат потреба од присуство на возрасен за да им ги толкува правилно податоците и да им ги направи полесни за усвојување.

7. Пробајте си ја среќата со игри за на маса на тема „Свет“

Ризико и други игри чија цел е светска доминација се добар начин да се развива смислата за географија кај постари деца. „Возен билет“ (Ticket to Ride) се продава во различни варијанти на различни места во светот, и е супер начин да се патува со воз и открива околината. Можете и самите да си креирате игра со знамињата на земјите, или да редите букви создавајќи зборови на имиња на земји….

остани дома

8. Дотерајте се

На крај, ако сакате да се чувствувате навистина добро со вашиот стил на растење деца, една од најдобрите аналогни игри што можете да ги играте е да ги облечете сите членови на семејството како истражувачи (или Грци, или волшебници или што и да е тоа што можете да го изведете со домашните материјали и ресурси) и пребарајте го домот во обид да пронајдете предмети, сувенири, книги, мапи, музејски билети од земји што веќе сте ги посетиле или сте ги добиле на подарок. Откако потрагата ќе заврши, свикајте го повторно целото семејство да ги покажат предметите и да раскажат што знаат за таа конкретна земја. Ако не располагате со доволно информации, секогаш можете да го прашате чичко Гугл.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -