Основи чекори за да почнете со претприемништво и да ги остварите вашите сништа

Во свет во кој можностите за работни места се ограничени, претприемништвото е патување по кое многумина размислуваат да тргнат. Некои од нив се успешни, како Том Мојал, извршен директор на Digital Event и Џеј Авал, основач и извршен директор на MxM. Тие се успешни претприемачи кои во оваа статија го споделуваат нивното искуство.

Digital Event е маркетинг агенција која опслужува клиенти кои имаат потреба од лого, дизајн на веб страници, и која дури нуди ефикасна комуникација со инфлуенсери со цел зголемување на видливоста на брендот. Мојал има работено со славни личности за да ги персонализира филтрите на нивните профили на социјалните медиуми.

MxM претставува образовна платформа што на корисниците кои се потенцијални претприемачи им овозможува да имаат детален и сеопфатен во како да развијат успешни бизниси. Никој не сака да биде заглавен на работа од 9ч до 17ч цел живот додека истовремено се грижи за пари и дали може да си дозволи да се пензионира. Но искуството на Авал и Мојал посочува дека има три основни чекори што се потребни да се преземат за да бидете успешен претприемач.

Следете ја сопствената визија

Парите се многу привлечни и неодоливи, и можеби токму затоа претприемачите се толку заслепени од нив. Како претприемач, морате да не си дозволите да потклекнете на нагонот да „ги броите пиленцата пред да се испилат“. За да успеете како претприемач, морате да работите на остварувањето на вашата визија. Во случајот на Мојал, тој ги следел неговиот сон и страст за дигитален маркетинг и претприемништво од Франција до Канада. Авал потврдува: „бркајте ја вашата визија, не парите“.

Научете ги вештините

Нештото што ги одвојува успешните претприемачи е нивната незаситна жед за информации. „Не престанува во моментот кога ќе го основате бизнисот; треба да бидете добро информирани и да научите подобри начини како да го водите бизнисот,“ вели Мојал. Авал објаснува: „MxM се фокусира на тоа да им помагне на луѓето да научат како да почнат да се бават со претприемништво, како да успеат во тоа, и како да останат успешни. Едно нешто е да бидете успешен претприемач, а нешто сосема друго да се одржи таа позиција. Запомнете, светот се менува брзо“.

Размислувајте на големо, многу побрзо

Размислувајте на големо, многу побрзо – ова е еден од слоганите што ги користи MxM. Многу луѓе се брзаат да основаат бизнис бидејќи сакаат да постигнат финансиска и временска слобода; сепак, овој нагон може да ја стесни нивната визија и тие остануваат заробени во еден вид кафез. „Претприемништвото нуди бескрајни можности за вас да истражувате и да успеете; треба да бидете тој што ќе ги поставува трендовите наместо тој што ќе ги следи. Со технологијата на ваше располагање, само небото е граница,“ заклучува Мојал.  

Одењето по патот на претприемништвото не е лесно, и треба да стекнете отпорност и да имате постојан поттик. Мојал вели дека обожава да создава, да прави профит, и да ги надградува сопствените вештини. Авал, во исто време, го живее сонот со кој им помага на луѓето да станат успешни претприемачи. Не го започнувајте вашето претприемачко патување слепи, научете ја играта од најдобрите.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -