Од што се плашат претприемачите

Претприемништвото е мноооогу страшно. Верувајте ми, сум го почувствувала тој оневозможувачки страв многу пати. Кога ја основав првата компанија, постојано се соочував со сомнежи. Што ако мојата компанија не успее? Што ако луѓето ми се смеат? Што ако не можам да придобијам клиенти? Што ако никој не верува во мене? Што ако јас не верувам во себе? – споделува Ким Перел, извршен директор на Perell Ventures за Entrepreneur.com.

Понекогаш, се прашував дали стравот што го чувствував е знак дека не сум создадена да бидам сопственик на мојата компанија. Но еве што се случува: стравот е природна човечка емоција. Секој чувствува страв, особено претприемачите кои преземаат големи ризици и се впуштаат во таа aвантура сами.

Клучот не лежи во преземањето мерки тој страв магично да си отиде или да се преправате дека тој не постои.

За да успеете како претприемач, треба да прифатите дека стравот постои, да најдете начин да му пристапите и да го надминете, за тоа чувство да не ја преземе контролата на вашиот живот.

Во прилог се пет општи стравови, како и техники за нивно надминување, што секој претприемач треба да ги совлада за да успее неговиот бизнис.

Страв од неуспех

Стравот од неуспех е една од најчестите фобии, особено помеѓу новите и амбициозни претприемачи. Всушност, 33% од Американците признаваат дека стравот од неуспех не им дозволува да основаат сопствен бизнис. Но и покрај чувството на конечност поврзано со овој вид страв, неуспехот не е спротивен од успехот. Неуспехот е основен дел на успехот.

Безброј успешни луѓе и бизниси се соочиле со еден тон неуспех на нивниот пат до успехот. Dyson создаде 5,126 неуспешни прототипи пред конечно да ја смисли правосмукалката што не користи хартиена кеса. Абрахам Линколн ја изгубил трката за Сенатот во 1858 год. Мајкл Џордан не успеал да влезе во кошаркарскиот тим во неговото средно училиште првиот пат кога се обидел да стане дел од екипата. Неуспевањето не значи дека и вие сте неуспех. Откажувањето значи дека не сте успеале.

Всушност, неуспевањето на крајот од денот може да биде токму тоа нешто што ќе ве подготви за патот до успехот. Истражувањата покажуваат дека минатите неуспеси овозможуваат два пати повеќе шанси да се успее во иднина. Одново согледајте ги вашите неуспеси во светлото на тој факт – не е дека сте неуспеале, едноставно сте се направиле себеси двапати поспособни за успех!

Запрашајте се: ако се движам напред со можна прилика, кое е најлошото сценарио што може да се случи ако не успеам? Ќе можете ли да живеете со тоа сознание? Дали животот ќе продолжи? Затоа почнете да го сфаќате вашиот неуспех како шанса да учите и растете.

Страв од несигурност

Опирање на промена е природен имплус. Склони сме да го прифатиме она што е најлесно и најудобно. Знаете – ако останете на вашата здодевна, непросперитетна работа, барем знаете како ќе ви изгледа секојдневието. Ако останете во вашиот неуреден стан, барем нема да треба да ги пакувате работите. Ако останете во лоша врска, барем нема да бидете сами.

За да работите тргнат на подобро, ќе мора да се променат.

Стравот од непознатото е многу чест. Но непознатото е непознато додека не го дознаете, а единствениот начин да го дознаете е да се движите нанапред и да го откриете. Преземајте ризици и движете се нанапред со самодоверба, верувајте си себеси дека ќе сфатите како функционираат нештата по пат.

Признајте дека често пати животот ќе ви приредува неочекувани ситуации. Единственото нешто што е сигурно во животот е несигурноста. Но, сè додека сте отпорни на негативните околности и продолжувате да се движите нанапред најдобро што можете, ќе растете, приспособувате и ќе станете уште посилно од порано.

Навратете се да размислите на времето кога работите не се одвиваа според планот. Во тие ситуации, како се прилагодивте и се трудевте да буткате нанапред? Какви вештини користевте за да успеете, и покрај околностите?

Страв од отфрленост

На некое ниво, секој претприемач барем еднаш бил исплашен од можноста да биде отфрлен. Кога се подготвувате да пичирате пред инвеститори, можеби се грижите дека низ смеа ќе ви ја покажат вратата за надвор од просторијата. Кога се подготвувате да прашате совет од познаник за започнување сопствен бизнис, можеби ќе чувствувате нервоза поради можноста да ви каже дека вашата идеја е глупава и дека воопшто не треба да се обидувате. Кога се обидувате да го продадете производот или услугата на вашите клиенти, можеби ќе ви биде страв дека никој нема да купи од вас.

Во секое од овие сценарија, најлошото нешто што може да се случи е да ве отфрлат и да ви кажат „не“. Поради некоја причина тоа може да делува многу страшно во моментот.

Во бизнисот, исто така ќе се соочите со одбивање. Но ќе ви кажам една тајна: тоа во суштина е добра работа.

Не треба секој да ви каже „да“. Ви требаат единствено вистинските луѓе да ви кажат „да“.

Во потрагата по совршениот бизнис партнер, идеалниот инвеститор со длабок џеб, одличниот ментор кој има целосна верба во вас, ќе треба да се среќавате со многу луѓе кои нема совршено да одговараат на вашите потреби. Но, за да откриете дали ви одговараат или не, ќе мора едноставно да прашате. Негативниот одговор не го сфаќајте лично. Не сакате да работите со некој кој не верува во вас или во вашата визија.

И запомнете – само затоа што некој ве одбил не значи дека не го поседувате тоа што е потребно за успех. Како што вели Дита Фон Тиз: „Можеби сте најзрелата, најсочната праска во светот, но сепак ќе постои некој кој мрази праски.“

За да си помогнете себеси да го надминете овој страв, ставете се себеси во ситуации во кои би можеле да бидете одбиени. Прашајте ментор или експерт од кој сте сакале да учите дали сака да испиете едно вирутелно кафе, или пак свртете го телефонот и направете ја таа продажба која сте се плашеле да ја направите. Што повеќе ве одбиваат, или сте соочени со вакви ситуации, толку повеќе учите дека сè ќе биде во ред.

Страв дека не сте доволно добри

Понекогаш, најтешката личност која треба да се задоволи не е инвеститор или клиент или партнер или родител.

Тоа сте вие.

Огромен број претприемачи се борат со верувањето дека не се доволно добри да започнат бизнис, да бидат успешни, па дури и да најдат среќа. Дури и кога искусуваат успех, се чувствуваат како да не го заслужуваат.

Сè уште од време на време искусувам сомнеж во самата себе. Тешко е да се биде нон-стоп позитивен и да имате самодоверба кога сте соочени со неизвесности. Дополнително, сите мали препреки можат да ве направат да се чувствувате ужасно кога веќе ги преиспитувате сопствените способности.

За да го надминете овој страв, ви препорачувам:

  • Да инвестирате во врски: најдете ментори, колеги, и пријатели кои го гледаат вашиот потенцијал јасно и искрено веруваат дека заслужувате да бидете таму каде што сте. Нивната верба во вас ќе ви помогне да пронајдете доволно самодоверба да ги следите вашите сништа.
  • Совладајте ги сопствените емоции: стравот и сомнежот во нас самите се чувствуваат како да се факти, но во суштина тие се само емоции што се толку моќни колку што им дозволуваме да бидат. Прифатете ги овие чувства такви какви што се и обидете се да не им дозволите да ви ја искриват сликата на реалноста. Учењето како да го препознаете стравот ќе ви помогне да го совладате.
  • Престанете да се споредувате себеси: прифатете го она што ве прави различна и сконцентрирајте се на тоа да станете најдобра верзија од себе. Секој има специјални таленти – клучното е да ги најдете вашите и да го работите тоа во што сте добри.

Стравот дека не сте доволно добри е начин на размислување. Никаква количина надворешен успех нема да го поправи тоа – тоа мора да дојде одвнатре. Сопствено преиспитување, врски во кои добивате поддршка и позитивен однос кон себеси ќе ви помогне да го надминете вообичаениот страв.

Страв од успех

Можеби мислите дека не се плашите од успех, но всушност овој вид на страв е многу почест отколку што мислиме.

Како што се движите нанапред, соочени сте со секаков вид нови предизвици со кои претходно не сте се сретнале. Сите останати стравови за кои пишувавме погоре ќе станат поголеми како што се зголемуваат влоговите. Се грижиме за она што ќе биде различно во нашите животи ако вистински успееме.

Верувајте си себеси дека ќе можете да се исправите пред таквата ситуација, исто како во минатото кога сте работеле на развивањето на бизнисот. Создадете тим од силни лица на кои можете да се потпрете или да учите од нив.

Фокусирајте се на големите нешта што успехот ви ги нуди, како што се финансиска и креативна слобода. Дозволете си себеси да ги прославите успесите што сте ги доживеале! Уживајте во чувството на благодарност кога вашиот напорен труд и страст се наградени.

Сум ги почувствувала сите пет вида страв во текот на мојата кариера, и искрено, сè уште ги чувствувам од време на време. Но не дозволувам да ми го диктираат животот и да ме спречат да се движам нанапред. На некој начин, повеќе се плашам од стоење во место, заклучува Перел.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -