Од земјите во регионот, Македонија со најниска, Словенија со највисока просечна плата

Иако пандемијата на коронавирусот влијаеше на падот на обемот на деловните активности во многу сектори во регионот, нивото на просечните плати во 2020 година во сите земји се зголеми, пренесува Ал Џезира Балканс.

Просечната плата најмногу се зголеми во Словенија, за 59,35 евра (податоци за октомври 2020 година – октомври 2019 година), потоа во Србија за 44,19 евра, Северна Македонија за 36,31 евра, Хрватска за 18,41 евра, Босна и Херцеговина за 14,26 евра, а најмалку осум евра во Црна Гора.

Дури и пред зголемувањето, просечната плата беше највисока во Словенија, потоа во Хрватска, па во Црна Гора.

Македонија се` уште со најниски примања во регионот

Србија ја надмина Босна и Херцеговина со просечна плата минатата година, а Северна Македонија, иако забележа едно од најзначајните зголемувања кога станува збор за просечната плата минатата година, сепак и натаму е со најниски примања меѓу земјите од регионот.

Така, сега просечната плата во Словенија е 1.181,35 евра (податоци за октомври 2020 година), во Хрватска 890,41 евра, Црна Гора 525 евра (податоци за ноември 2020 година), Србија 512,19 евра, Босна и Херцеговина 490,76 евра и Северна Македонија 454,31 евро.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -