Одлучните менаџери стануваат подобри лидери

Бизнис лидерите кои имаат развиенo пристап на соработка во однос на носењето одлуки разбираат дека луѓето треба да бидат вреднувани, почитувани, да ги слушаат и да бидат вклучени во активностите или процесот на одлучување. Овој пристап овозможува подобрена ефикасност за нивните компании. Овој став исто така дава понасочени резултати бидејќи неспособноста да се носат разумни одлуки значи дека вашата компанија може да претрпи големи штети бидејќи ништо не се завршува на време или како што треба, пишува businessnewsdaily.com.

Овој вроден страв од правење грешки е една од најчестите причини што води кон „одбегнување ризик“, или неможноста да се движите напред со одлуки. Уште еден вообичаен чекор назад е фактот што голем број лидери дозволуваат да бидат проголтани од т.н. „парализа на анализата“. Ова се манифестира во непрестајно собирање информации: статистички податоци, анкети и слични активности што можат да го одолговлечат процесот на носење одлуки.

Понекогаш врвниот менаџмент ќе ја закопа главата во песок и вистински ќе верува дека некоја конкретна промена или одлуки во нова насока не се потребни. Овој вид лидер претпочита да го одржува статусот кво отколку да бара нови идеи, што пак може да биде контрапродуктивно, особено со оглед на сегашните брзо развивачки бизниси и економската средина.

Многу веројатна сигурна предност е поставувањето на жена на некоја од позициите во врвниот менаџмент, вклучувајќи и место во одборите на компанијата. Всушност, една студија истакнува дека одборите каде има поголемо присуство на жени искусуваат 53% повисок поврат на вредноста, 66% повисок поврат на инвестирниот капитал и 42% повисок поврат преку продажба.

Што е одлучен лидер?

Клучен аспект на успешниот лидер е способноста да се носат одлуки во одреден временски рок и добро информирани. Одлучни лидери се оние луѓе кои ја бараат соодветната информација што е неопходна за да се донесе добра одлука и покажуваат разбирање за знаењето што го имаат нивните колеги, директните извештаи и другите лидери.

На работното место, одлучноста е клучна за ефикасно извршување на плановите и постигнување на зацртаните цели. Одлучните лидери имаат способност да ги држат во рамнотежа трошоците што настануваат со собирањето информации, кога имаат намера да донесат одлука или да ја одложат, и трошоците од правење лоши избори. Тие се свесни за трошоците на конкурентите, и внимателно ги одмеруваат и проценуваат, но најважно од сè е дека одлулните лидери носат одлуки што се јасни и конечни.

Квалитетите на одлучниот лидер

Одлучноста не е вештина за која луѓето вообичаено зборуваат, но е исклучително важна за успешно лидерство. На пример, дали некогаш сте работеле со лидер кој не може да се одлучи; секогаш ги прашува другите што мислат, но самиот тој никогаш не носи заклучоци? Ако сте го искусиле ова, можете да разберете колку може да фрустрира неодлучен лидер. Некои од корисните работи што можат да се извлечат од одлучен лидер, и за вработените и за компаниите, вклучуваат:

  • Одлучните лидери се одговорни и отчетни. Одлучните лидери преземаат одговорност за ефектите што нивните одлуки ги имаат врз компанијата и колегите, и тие се посветени на спроведување на дејствијата што се потребни за да донесат одлука.
  • Тие имаат самодоверба. Одлучните лидери ги споделуваат сопствените пораки јасно и со самодоверба, што пак ги спречува другите да ги преиспитуваат неговите одлуки.
  • Откако ќе донесат одлука, тие бавно го менуваат мислењето. Одлучноста не значи дека лидерот треба да биде арогантен, тврдоглав или брз, тоа едноставно значи дека ја има способноста да носи одлуки со јаснотија. Одлучните лидери може да го променат мислењето, но бавно. Ова се должи на фактот што им веруваат на сопствените инстинкти.

Одлучноста кај лидерите е вештина која е многу посакувана, особено кога станува збор за водење бизнис. Има многу малку луѓе кои се желни да ја вложат нивната доверба во некој што мисли премногу и се двоуми дури и за основните одлуки.

Како да бидете подобар во соработката со колегите и во носењето одлуки

Распределете одредено време за соодветна анализа на одлука што треба да ја донесете. Одредете рок за одлуката и таа временска рамка споделете ја со вашиот тим и со барем еден човек од доверба или ментор, за да се држите до временскиот рок и бидете одговорни во однос на него. Ако сте особено склони кон одбегнување одлуки, прашајте го лицето од доверба или менторот да ве предизвика, и истакнете ги причините поради кои можеби ќе се воздржувате во процесот на носење одлука.

Охрабрете ја културата на добивање повратна информација од членовите на вашиот тим и дознајте го нивниот агол на гледање на нештата, секогаш кога тоа е можно. Без разлика дали станува збор за лица кои работат во одделот за човечки ресурси, маркетинг, продажба, истражување и развој, или правни работи, нивниот глас може да ви предочи поинаква перспектива, која што можеби не сте ја зеле предвид. Слушнете пред да зборувате. Создадете средина каде повратната информација е очекувана и ценета.

Назначете тим или лице кое ќе го предизвика статусот кво и интегрирајте го тоа сознание во процес кој се дискутира на месечните состаноци. Важно да имате некој кој ќе ја игра улогата на „адвокат на ѓаволот“ со сите големи одлуки. Ова ќе ви дозволи да имате добро заокружен поглед на прашањето за кое треба да донесете одлука.

На крај, и можеби најважно е да го знаете вашето влијание како лидер и одлучувач. Делувајте на тој начин што ќе ги споделувате вашите мисли со вашите колеги, и немојте да се криете позади корпоративната реторика. Слезете од кулата од слонова коска и ангажирајте се во другите одделенија и вработените таму толку често колку што ви дозволува распоредот. Следете ги златните правила на ангажирање со вашите вработени на секое ниво, со тоа што секого ќе го третирате со заслужена почит и разбирање.

И запомнете, ако немате цврста, времена одлука и насоки, сите околу вас имаат што да загубат: вработени, клиенти или акционери. Без цврсти и разумни одлуки, целиот бизнис, а и вашето работно место, се во опасност.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -