Одговорноста- клуч за иднината на работењето

Живееме и работиме во време на неверојатно брзи промени, каде цели индустрии се преосмислуваат и се создаваат сотитици нови. Но кои се клучните трендови и како можат бизнисите да се осигураат дека градат одговорна работна иднина?

Поврзано:

Кога зборуваме за иднината на работењето, лесно е да се наслика дистописка слика на влијанието на автоматизацијата, вештачката интелигенција и „постојано вклучена“ поврзаност – без разлика дали станува збор за роботи што доаѓаат да ја земат нашата работа, или за ерозијата на личното време и простор, пишува Wired.

Демографските промени ја менуваат мапата на работната сила во светот 

Нема никаков сомнеж дека модерното работно место се редефинира преку длабоки економски, демографски и технолошки промени што ќе имаат силен ефект на вештините и безбедносните мрежи што ќе им бидат потребни на луѓето во иднина. Но има доволно простор за оптимизам.

технологија

Постојат возбудливи можности да го смениме тоа што го правиме и како го правиме тоа, и да направиме простор за пристапи кои се фокусираат на целта и одговорноста за предизвиците со кои ќе се соочиме, и со кои веќе се соочуваме на почетокот на оваа декада.

На пример, постојат фасцинантни можности што произлегуваат од два мнгоу различни демографски трендови. Во развиениот свет, луѓето живеат подолго и имаат помалку деца. Тоа значи дека таа популација која брзо старее подолго време не менува работа, и постои зголемена потреба за нови улоги во индустриите како што е на пример секторот за нега за стари лица. Исто така, постојат трансформативни импликации за области како што се штедење и пензии, и како го менуваме начинот на размислување кога станува збор за воведување нови вештини во работната сила. Во меѓувреме, економиите во развој нерамномерно остваруваат прогрес во спротивната насока – на пример, 60 отсо од 1,25 милијарди луѓе во Африка се помлади од 60 години. Ова значи дека од овој континент се појавува нов бран енергетски компании, со свеж и неограничено размислување.

Се редефинира улогата на работникот 

Во исто време, економските и политичките промени ја разделуваат трговската мапа којашто доминираше во светот со децении, додека економскиот центар на глобална рамнотежа натежнува кон исток. И, што е можеби најважно, новите технологии и споделената економија ја менуваат самата суштина на она што значи работа: трудот станува поликвидна имовина, додека пак т.н. „хонорарна“ економија (економија базирана на хонорари) зема сё поголем замав.

технологија

„Сите се привикнуваме на фактот дека живееме во време на неверојатно брзи промени,“ истакнува Мелани Кристофер, одговорна за луѓе, култура и променни во Капита. „Некои нови технологии превртија цели индустрии на глава и поттикнаа стотици нови.“

„Вештачката интелигенција сега е доволно развиена да се справи со прашања поврзани со услугата кон клиентот, и да биде употребена да се зголеми процесот на носење одлуки во здравството и банкараството,“ објаснува Мелани, која исто така истакнува дека самото работно место се менува преку технологијата. Во многу области веќе не постои потреба физички да се отиде и да се помине целиот ден во канцеларија. Бројот на луѓе кои работат од дома во Велика Британија се зголеми за 27 отсо во последната деценија, и сега има околу 1,7 милиони луѓе кои работат од дома, посочува истражувањето направено од Конгресот на синдикати (TUC). На глобално ниво, повеќе од две-третини од луѓето работат на далечина барем еднаш неделно.

Одговорноста треба да е приоритет во реосмислувањето на работните вештини во иднина

Овие промени создаваат и предизвици и можности за бизнисите, од фактот што привлекуваат помлади вработени со различни погледи за општеството и животната средина, до управување со работната сила што може да се протега на неколку различни генерации. Постојаните новитети на технолошките подобрувања поставуваат прашања како што се: Како Велика Британија ја подобрува продуктивноста? Како се воведува автоматизација на одговорен начин? Која е улогата на бизнисот, владата и поединецот во револуцијата на стекнување нови вештини?

технологија

Според Мелани, во иднина, автоматизацијата и технологиите како што е вештачката интелигенција ќе ослободи многумина да почнат да се занимаваат со поинтересни, нерутински и задачи кои имаат додадена вредност. „Влоговите се прилично високи во оваа област,“ додава таа. „Идните добивки од продуктивноста во Велика Британија ќе бара од работната сила да ја прифати технологијата како позитивна сила.“

Во овој контекст, одговорната автоматизација значи поставување луѓе на работни места што подобро одговараат на она во што тие се добри. „Можеби не ги знаеме работните места во иднината, но знаеме дека ќе бараат вештини што се единствено човечки,“ посочува Мелани. „Тоа значи развивање емоционална интелигенција, емпатија, соработка, на врвот на технолошките вештини што ќе бидат уште повеќе побарувани.“

Таа посочува на скорашното истражување спроведено од страна на Capita во соработка со Линда Гратон, професор во Лондонската бизнис школа, опфаќа рамка за одговорна автоматизација која се заснова на јасна визија, водство во развојот на одржливи вештини, и вклучување на работниците во дискусиите што се однесуваат на иднината.

„Луѓето зборуваат за овие области како да се во иднината, но технолошката револуција е веќе во тек,“ истакнува Мелани. „Мојот став е дека тоа е нешто добро – ќе го носи општеството напред на начини што не можеме да ги замислиме.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -