Ова лето најверојатно ќе ви треба резервација за на плажа

Кога одиме во ресторан, резервираме маса. Но како би се чувствувале ако однапред резервирате место на плажа? Благодарениа на кризата предизвикана од коронавирус, токму овој чекор ќе треба да го направат посетителите на плажите во Шпанија ова лето, пишува CNN.

Поврзано:

Канет дeн Беренгер, медитерански град недалеку на север од Валенсија, ќе дозволи само 5.000 посетители на нејзината локална плажа дневно, што е околу поливина од вообичаениот број, а сè со цел да се одржи социјалното дистанцирање.

Просторот на плажата ќе мора да се резервира однапред преку одредена мобилна апликација.

„Ова лето ќе биде многу различно,“ изјави за ЦНН, Пере Хоан Антони Чорда, градоначалникот на градот. „Ќе има повеќе простор меѓу вас и вашиот сосед. Нешто како плажа за „бизнис класа“.

Канет ќе искористи решеткаста шема за да ја подели широката рамна плажа на квадратни делови, секој оддеделен од другиот на 2 метри. Овие делови ќе бидат дополнително одделени со поставување на мрежи на песокот, налик мрежа за фудбалски гол, за да на нив можат да се сместат поголеми групи на посетители.

Одењето на плажа ќе подразбира почитување одредени правила

Оние кои сакаат да уживаат на плажата ќе можат да резервираат место или за утрото или за попладнето, но не ќе можат цел ден да го поминат таму.

Според градоначалникот, посетителите на плажата можат да го резервираат кој сакаат дел, како што се одбираат седишта во кино, а ќе се направи и распоред на време на пристигнување за да се одбегнат создавања на толпи.

Пристапните места до плажата исто така ќе се намалат.

Откако еднаш ќе пристигнат на плажата и ја потврдат направената резервација со персоналот, посетителите ќе бидат одведени до одереденото место.

Но ова не е единствениот град во Шпанија што планира да го ограничи пристапот на плажите ова лето.

Во Галиција, на Атланскиот Океан, гратчето Сасеншо ќе дозволува влез на неговата плажа по принципот „прв стигнат, прв услужен“.

Сепак, градоначалникот Телмо Мартин вели дека не е загрижен за толпите што можат да настанат на пристапните места на плажата.

„Туризмот претставува 80% од нашата економија, “ Мартин вели за CNN. „Мораме да смислиме решенија за да нашите луѓе се чувствуваат безбедно, од здравствена гледна точка. Барам одговорност од сите нив.“

Сансеншо е лоциран на само еден саат возење од португалската граница, и цели да им дозволи пристап на максимум 75% од вообичаените посетители на плажата.

Градот е една од најатрактивните туристички дестинации во северна Шпанија и исто така планира да направи одвоени парцели, што се барем на 1.5 метри раздалаченост, на главната плажа.

Дополнитело, ќе бидат изградени и дрвени платформи со јажиња поврзани на таков начин што формираат квадрати за само неколку посетители, или исти такви поголеми за побројни групи, додава Мартин.

Вработените во градската администраицја ќе го контролираат влезот на плажата и ќе ги водат посетителите до секоја парцела. Сепак, и тука, оние кои сакаат да одат на плажа не ќе можат целиот ден да го поминат на неа, ако како порано, само го остават пешкирот на посакуваното место.  Ако си отидат за ручек, тогаш ќе го изгубат местото, објаснува Мартин.

Чистотата пред сè

резервација

Обата града планираат да ги чистат плажите почесто отколку во текот на претходните лета, со специјални машини. Јавните тоалети и деловите со тушеви ќе бидат редовно дезинфицирани.

И двата града се надеваат дека ќе ги отворат плажите во јуни, но датумот за конечно отворање ќе зависи од олабавувањето на мерките во Шпанија што беа преземени кога земјата прогласи вонредна состојба на 14 март.

Шпанската влада само што почна полека да ги намалува ограничувањата во поглед на седењето дома, но секоја понатамошна промена зависи од ниската стапка на заразени лица на специфичните територии, што според властите мора да имаат опремени болници и да бидат подготвени да се справат со евентуалниот втор бран на коронавирус.

„Ова е ново за сите нас,“ посочува Мартин, кој е член на конзервативната Народна партија, и е градоначалник на Сасеншо два последователни мандати, или 8 години.

„Луѓето веќе ми кажуваат дека сакаат повеќе простор на плажата,“ посочува Антони Чорда, член на Социјалистичката партија кој беше избран за градоначалник на Канет пред 8 месеци.

Канет има буџет од 500.000 евра за специјалниот план за плажата во текот на ова лето, додека пак Сасеншо ќе го вклучи специјалниот летен план во рамките на планирате активности за ова лето во висина од 3,5 милиони евра.

Двата града имаат низок број постојани жители, но тој број во текот на летото расте за 4 пати.

Со резервации или не, овие два града ќе послужат како тест

за тоа дали посетителите на плажите во одредените парцели навистина ќе се придружуваат до новите правила, и ќе се трудат да не се мешаат со другите посетители. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -