Објавени имињата на Најдобрите 10 менаџерки во Македонија

Агенцијата Марили го направи изборот на годинешните 10 најуспешни жени менаџерки во Македонија, информираше МИА. Тие ќе бидат прогласени на 29-ти март, а годинава изборот се одржува по 22-ри пат.

Пенка Мукаетова од КонсталтингИнтерГруп, Лидија Таскова Попова ДОО ЕСП, Горица Дачевска ПЗУ Др. Горица Дачевска, Ирена Кузмановска Комфи Ангел, Јана Јанеска- Ристеска Центар за современа ликовна уметност, Елена Табаковска Фармаген, Слаѓана Стаменкова Елит Травел, Александра Аргир од Скопска пивара, Магдалена Трајковска- Трпевска генерален менаџер во Технолаб и Наташа Стојковска од Витаминка се овогодинешните топ десет менаџерки кои ќе го добијат признанието.

Изборот се прави од жени менаџерки од приватниот сектор. За да бидат дел од Топ 10-те најуспешни, треба тие да се добро прифатени во својата работна средина и тоа не само од менаџмент тимот, туку и од сите вработени, треба да бидат од различни области и дејности.

Досега се избрани 220 жени за најуспешни менаџерки во земјава.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -