Носењето заштитна опрема со цел спречување на Ковид-19 станува задолжително

Во „Службен весник на Република Северна Македонија” е објавена Уредбата за носење на опрема за лична заштита со цел спречување на ширењето на заразната болест предизвикана од вирусот КОВИД-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба. 

Поврзано:

Одлуката има законска сала, а ја донесе Владата на својата 45-та седница.

Според Уредбата, секое домашно или странско физичко лице на територија на државата е должно да носи заштитна опрема на своето лице при излегување надвор од својот дом, односно при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип како што се пазарите, јавниот превоз и при влез во затворени простории на оператори. кои поради природата на нивната на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица, како што се државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично.

Под лична заштитна опрема на лицето се подразбира било каква форма на заштита којашто ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

заштитна опрема

Исклучоци на уредбата

Согласно уредбата, по исклучок, секое домашно или странско физичко лице на територијата на Република Северна Македонија, може да не ја носи личната заштитна опрема на лицето, ако:

– носи посебна лична заштитна опрема на лицето во рамки на извршувањето на нивните работни задачи,

– престојува во двор на станбена семејна куќа,

– вози велосипед или на отворено извршува индивидуални спортски активности,

– патува во патничко моторно возило со лица со кои што живее во заедница или домаќинство

– се движи на јавни места и површини од отворен тип и целосно го одржува дозволеното минимално растојание од најмалку два метри од друго лице.

заштитна опрема

Правните лица се должни да осигураат носење на заштитна опрема во нивните објекти

Уредбата исто така утврдува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на републиката се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да осигураат носење лична заштитна опрема на лицето од страна на сите физички лица кои работат, и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

Казни ако не се почитува уредбата

заштитна опрема

Членовите 4, 5 и 6 од Уредбата ги утврдуваат институциите што ќе вршат надзор и контрола на спроведување на решенијата, како и прекршочните казни за физичките и правните лица што нема да се придржуваат до овие одлуки.

Спроведувањето на одредбите ќе биде надгледувано од страна на Министерството за внатрешни работи, Државниот санитарен и здравствен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Државниот пазарен инспекторат, секој согласно надлежностите утврдени со Закон.

Во уредбата се утврдува дека во случај на прекршување на одредбите, надлежните органи ќе изрекуваат исклучиво опомени.

После 30 април, Уредбата утврдува дека глоба во износ од 20 евра во денарска противвредност ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско физичко лице ако постапува спротивно на одредбите од оваа уредба со законска сила.

Глоба во износ од 2.000 евра во денарска противвредност, ќе се изрече за прекршок на секое домашно или странско правно лице ако постапува спротивно на одредбите од член 3 од оваа уредба со законска сила, која определува дека сите домашни и странски правни лица на територијата на државата, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштитна опрема за сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема.

Ако одговорно лице од правниот ентитет, постапува спротивно на одредбите од Уредбата, ќе му биде изречена глоба во износ од 1.000 евра во денарска противвредност.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -