Нов бран на медицинска „длабока технологија“ може да помогне во справувањето со пандемијата на Ковид-19

Длабока технологија е термин кој се користи во описот на компании што работат со технологии како што се напредна наука на материјали, вештачка интелигенција или био-технологија, со цел стигнување до целосно нови научни откритија или постигнување досега невидени бизнис решенија. На пример, длабока технологија вклучува фармацевтски компании што користат ултра брза моќност за процесирање на квантни компјутери за да стимулираат комплексни хемиски реакции во откривањето нови лекови, или компании што користат вештачка интелигенција и машинско учење за да изградат навигациони системи за само-возечки автомобили, објаснува Финтан Бурке за horizon-magazine.eu.

Длабоката технологија често пати се заснова на круцијални истражувања поттикнати од научна љубопитност за нови, непроверени теории, за разлика од „применетите“ истражувања што ја подобруваат постоечката технологија.

Иако терминот е нов, пристапот е присутен со децении, вели Џонатан Варехам, професор по информациски системи на факултетот за бизнис ЕСАДЕ во Барцелона, Шпанија.

„Историјата ни нуди многу примери за тоа како длабоката технологија се преточила во клинички производи или лекови што биле од исклучителна помош,“ вели тој. Тој наведува пример како теоријата за анти-материја на Пол Дирак еволуирала од теорија во која дури ни самиот научник не верувал во науката што стои позади модерните скенери за Позитрона емисиона томографија (или ПЕТ скенери, како што се општо познати).

Нов бран

Како што коронавирусот се ширеше низ европскиот континент на почетокот на оваа година, голем број компании што работат со длабока технологија ја прилагодија сопствената технологија за да им помогне во нивниот одговор на пандемијата.

Проф. Варехам е дел од проектот АТРАКТ (ATTRACT) и тој надгледува речиси 170 проекти со длабока технологија и им помага да стигнат до инвеститори. Тој верува дека новиот бран на медицинска технологија заснован на ваков вид круцијални истражувања може да понуди спремни одговори на пандемијата.

Пример за ова е ирската компанија Galactica Biotech која користи машинско учење со цел да им се помогне на малите фармацевтски компании да пронајдат нови корисници за нивните медицински молекули. Бидејќи молекулите се веќе одобрени за медицинска употреба, нови лекарства создадени врз основа на молекули често пати се одобруваат побрзо. Тие сега работат со компании со цел изнаоѓање соодветни молекули што можат да создадат третмани за коронавирус.

Ирската компанија има искуство во оваа област, и користи алгоритам кој работи на принципот на вештачка интелигенција што се користеше за време на епидемијата на ебола во 2014 год, чија цел исто така беше изнаоѓање позитивни третмани.

„Во овој случај го направивме истото и со коронавирусот,“ вели ко-основачот д-р Хорхе Валенсиа. „Едноставно ажуриравме некои параметри и податоци.“

Д-р Валенсиа вели дека сработените проекти во Galactica им помогнале на компаниите да развијат нови комбинации на лекови што можат да ги третираат симптомите на вирусот. Тој вели дека, како и за време на епидемијата на ебола, пандемијата на коронавирус донесе драстична промена во нивниот бизнис бидејќи повеќе компании работат на справувањето со последиците од коронавирусот.

Истражувачките институти исто така го менуваат начинот на работа за да обезбедат помош. Европската установа за синхротонска радијација (European Synchrotron Radiation Facility – ЕЅRF) во Гренобл, Франција, може да генерира моќни рендген зраци со тоа што ги тера електроните што брзо се движат да го променат правецот. Рендген знаците може потоа да се насочат на 32 светлосни линии.

Институтот овие светлосни линии сега ги направи достапни за истражувања посветени на Ковид-19. Користењето на овие рендген зраци може да биде корисно во анализата на брзи и комплексни биолошки процеси, како што се реакции на протеини.

Д-р Мајкл Криш, претседавач на одборот на конзорциумот АТРАКТ, и научник во ESRF, има засведочено големи промени во последните неколку месеци. Тој истакнува дека истражувачите со рендген зраци при ESRF набрзина се одлучиле да работат заедно за да ја направат нивната установа достапна за истражувања поврзани со коронавирусот и во време на карантините.

„Јасно гледам целосно нов пристап каде истражувачките инфраструктури ги здружија силите за да го решат ова прашање заедно,“ вели тој.

Бидејќи работел на други круцијални истражување во институти како Deutsches Elektronen-Synchrotron во Германија и во Националната лабораторија Брукхејвен во Њујорк, САД, д-р Кирш бил импресиониран од брзината со која истражувањата се ориентираа кон изнаоѓање решенија за пандемијата, како на пример користењето на инструментите на ESRF за да се анализира ткивото од белите дробови на пациенти кои се заболени со Ковид-19.

„Типично, работите се одвиваат долго време бидејќи има многу инертност. Мислам дека луѓето беа толку многу шокирани од насилството во оваа криза што дури и системот е потресен,“ потенцира тој.

Пандемијата на коронавирус дозволи можности за финансирање на истражувања во кои се користи длабока технологија, вели д-р Кирш. „Европската истражувачка инфраструктура стана исклучително рецептивна во поглед на забрзувањето на процесите и механизмите за да се овозможи брзо истражување и иновации што пак не е дел од типичниот временски распоред.“

Потенцијал

Сепак, постојат и „вродени“ проблеми со длабоката технологија што продолжуваат да имаат влијание врз нас, истакнува проф. Варехам. Бидејќи длабоката технологија користи концепти како што е квантната технологија, можно е да се потребни години дз за нвеститорите да го разберат нејзиниот потенцијал. Стартап компаниите што работат со длабока технологија и што бараат инвестиции во рана фаза се во неповолна положба кога треба да разговараат со скептични инвеститори.

„Проблемот со оваа индустрија во смисла на продажба во имагинацијата на јавноста е дека причината и ефектот се тешки,“ вели тој. „Не зборувате за апликација за делење превоз во автомобил. Зборувате за нешто за што се потребни можеби 10 години пред да може да се пилотира, тестира, произведува и комерцијализира.“

Различните ставови на европските нации исто така може да ги спречи компаниите што работат со длабока технологија да развијат сопствени производи. Ова е искуството на BeSure Online, данска стартап фирма којашто користи медицински апарати што можат да се носат на облеката а чија цел е следење на луѓето кои се во ризик од инфаркт или кардиоваскуларни болести. Тие ја усвоија оваа нова технологија за да им помогнат на докторите да ги следат пациентите кои се имаат заразено со Ковид-19, кои се соочуваат со повисок ризик од вакви заболувања а се на пат да оздрават.

Според ко-основачката на BeSure, Олга Чумакова, тешкотиите во обидите да се стигне до европските инвеститори во време на карантинот веднаш станаа очигледни. „Беше малку тешко да се впуштиме во меѓународни партнерства и соработка бидејќи немавме ни можност да патуваме како вообичаено,“ вели таа. „Од друга страна, покажавме дека нашиот проект може да се лансира целосно на далечина.“

Технологијата го привлече вниманието на земји како Франција и Шпанија каде се тестираат апаратите. Чумакова вели дека некои европски земји ги објавуваат нивните барања онлајн, што значи дека е побрзо и полесно да се добие одобрение за нивните производи таму. „Можеме да ги провериме сите барања и можеме да го приспособиме нашиот производ целосно на далечина. Тоа е предизвик за нас, но можеме да го средиме.“

Таа исто така чувствува дека лошата прекугранична комуникација спречува добивање повратни информации. „Нашиот производ е малку тежок за меѓународните општи лекари бидејќи тие јасно не разбираат како можат да ги следат пациентите,“ објаснува таа. „Би било многу подобро во иднина, ако на пример, владите и јавните власти би можеле да лансираат нешто што би ни помогнало да се поврземе со обезбедувачите на здравствена грижа за подобро да ги разбереме нивните потреби.“

Соработка

Д-р Кирш мисли декаисто така и истражувачите треба да подобро да соработуваат. Според него, има простор за понатамошни подобрувања, но сегашната криза истовремено создаде и неочекувани можности.

ESRF и други установи што работат со синхротонски рендген зраци објавија повик за предлог проекти што им дозволува на конзорциумите од истражувачи од различни дисциплини да ги користат уникатните експериментални центри за истражување на коронавирус. Д-р Кирш вели дека кога различни експерти ги координираат своите експерименти како еден, тогаш тоа е доказ за ефикасноста на тие експерименти. „Количината податоци и количината резултати што се продуцираат при ваквите соработки е зачудувачки,“ вели тој.

За проф. Варехам, подобрената комуникација за нискиот ризик при примената на длабоката технологија би требала да се оствари. „Морате да ги убедите луѓето дека користа што ја има длабоката технологија е дека самата таа е развиена од истражувачите. Тие ја тестираат, тие ја користат и ја надградуваат. Првичниот процес на истражување и развој се прави од страна на даночните обврзници. Ова е речиси подарок за инвеститорите.“

Продорната наука што длабоката технологија ја користи исто така може да се протолкува и како втор живот, како целосно нова технологија, вели д-р Кирш. Различни дисциплини што работат заедно можат да направат да се случи тоа.

„Спојувате физичар со архитект и психолог, и тие имаат три целосно различни агли на гледање. И на крајот, доаѓате до паметна идеја за којашто не сте размислувале како физичар или психолог,“ вели тој.

Тој се надева дека во иднина, приближувањето на инвеститорите до круцијалното истражување ќе помогне да се создаде бизнис со длабока технологија што ќе одговори на идните кризи, како што се климатските промени.

„Сметам дека едни од најсилните заеднички именители (пандемијата и климатските промени) е раната детекција,“ додава д-р Кирш. „Една од лекциите што треба да се научат е како можеме да ја користиме длабоката технологија во спречувањето на идните кризи.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -