Нови истражувања ги потврдија позитивните ефекти на темното чоколадо

Здравствените придобивки од темното чоколадо се добро познати. Какаото, што во голем процент го има во него, е богат извор на антиоксиданти коишто штитат од стареење и болест. Неодамна две нови истражувања пробаа дополнително да го поткрепат овој факт.

Студиите беа спроведени од истражувачите при Универзитетот Loma Linda во Калифорнија.

Едната од нив за прв пат ги разгледуваше непосредните здравствени придобивки од високо концентрираното какао кога истото се конзумира во умерени количини. Во двете истражувања резултатите покажале зголемена мозочна активност и намален стрес по негово конзумирање.

Колку поголема била концетрацијата на какао, толку попозитивно било влијанието врз когнитивната способност, меморијата и имунитетот кај испитаниците што учествувале во експериментот.

Тимот планира да спроведе понатамошни студии со поголеми групи на учесници за да дознае повеќе за тоа како и колку високите концентрации на какао влијаат во мозочно однесување.

фото: Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -