Неколку совети за професионален изглед

Фото: Pixabay

Кога станува збор за професионалниот изглед на една деловна жена многу е важно да се внимава на две работи. Прво, не треба да се трудите премногу и второ треба да изгледате пристојно.

Не претерувајте

Вашата облека не смее да биде “во центарот на вниманието“ кога имате важен состанок или присуствувате на некој формален настан. Она со што треба да се истакнете е вашата експертиза.

Доколку се облекувате за да привлечете внимание, останатите членови од тимот ќе го забележат тоа. Ако премногу се трудите може да станете мета на озборување и да ја нарушите вашата репутација на тимски играч.

Облека во зависност од приликата

Професионалниот изглед се разликува во зависност од индустријата каде што работите и секако од позицијата на која што се наоѓате. Вработените во адвокатска канцеларија не се облекуваат исто како и вработените во дизајнерско студио.

Сепак постојат одредени правила што важат секаде. На прво место е пристојниот изглед што подразбира уредност на облеката, фризурата и шминката. Водете се од добро познатата изрека “Помалку значи повеќе“ . Тоа што го носите треба добро да ви стои, а комбинациите можат да бидат различни, од пантолони и кошула до здолниште со блуза или џемпер. Одбегнувајте ги фармерките и маиците со натписи, како и јаките бои што доаѓаат до израз. Бела, сива, темно сина и останатите невпечатливи нијанси на бои се добар избор.

Облеката треба да е секогаш чиста, да не биде развлечена ниту премногу тесна. Спортските патики и сандалите не се најдобро решение кога станува збор за професионален изглед (освен ако не сте спортист или фото модел). Прстите од нозете треба да бидат покриени, а обувките лесни и удобни. Високите потпетици и елегантни тоалети можат да дојдат во комбинација на коктел забави и настани од свечен карактер, но не и во канцеларијата.

Запомнете дека професионалниот изглед не го чини само облеката. Вашето однесување е исто така многу важно за целокупната слика што ќе ја презентирате пред другите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -