Неверојатни работи што се случуваат кога жени претприемачи се фокусираат на заедницата

Низ целиот свет, бројот на стартап компании што се раководени од жени сè уште заостанува зад бројот на вакви фирми што ги водат мажи. Поради таа причина, поголемиот број жени претприемачи се склони да обезбедуваат неверојатна поддршка една кон друга, иако опстојува и стереотипот дека жените имаат натпреварувачки дух. Здравиот натпревар меѓу бизнисите е природна појава и може да биде поттик секој да се труди да постигне повеќе. Но жените претприемачи знаат дека на масата има место за сите, пишува business.com.

Поврзано:

Жените кои основале компанија дури и премногу добро ги познаваат пречките со кои жените во бизнисот се соочуваат: недостаток од можности за вмрежување и ментори, предизвикот да се балансира работата и семејниот живот, стравови и неуспеси, и ограничен пристап до капитал. Во САД, компаниите што се основани од жени добиле 2,7% од вкупниот капитал што бил инвестиран во стартап компании минатата година! Но жените работат со цел да ги подобрат овие статистики, а нови приватни фондови  и бизнис инкубатори на чие чело стојат жени стануваат сè побројни.

Создавањето на заедница која може да ви помогне да се поврзете со овие ресурси, да го растете бизнисот, да ви помогне да запознаете нови лица и концепти, па дури и да ги предизвика вашите идеи е клучно – особено ако не почнувате со голема мрежа.

Која е користа за жените од заедницата

Претприемачите можат да ги претворат соништата во реалност, но понекогаш патот може да личи на кошмар. Дури и со тим, основачите често се борат со чувства на изолираност поради позицијата на лидер, каде се соочуваат со еден предизвик по друг, и никогаш не се откажуваат не знаејќи со сигурност дека ќе успеат.

Кога знаете дека имате заедница која ви дава поддршка и на која можете да се потпрете, се чувствувате охрабрени да преземате повеќе и попаметни ризици.

Поради ова, претприемачите често се сомневаат во себе и немаат никој во близина со кого би можеле да разговараат за идеи, што пак води до пропуштени шанси. Но кога знаете дека имате заедница која ви дава поддршка и на која можете да се потпрете, се чувствувате охрабрени да преземате повеќе и попаметни ризици.

Кога присуствувате на настан за вмрежување, немојте да се плашите да побарате визит картички или информации од LinkedIn, и посегнете по луѓето за кои имате прашање или идеа за споделување. Не грижете се ако се чувствувате непријатно, градете врз основа на почетните конекции за да пријателот го претворите во верен колега.

Секако и на другите им треба вашата поддршка. Бидете активен дел од други мрежи за жени на социјалните медиуми со тоа што ќе стискате „лајк“, коментирате и споделувате нивните објави. Според истражување спроведено од Facebooк, Организацијата за соработка и развој и Светската Банка, социјалните медиуми се поважни за мали бизниси во сопственост на жени отколку на мажи, каде 81% од жените претприемачи се изјасниле дека ангажираноста на социјалните медиуми им помага на нивните бизниси.

Во прилог се четири прекрасни нешта што се случуваат кога жени претприемачи решаваат приоритетот да го стават на заедницата, и како жените претприемачи знаат целосно да ги искористат тие придобивки

Не треба сè да учите сами

Кога го започнувате сопствениот бизнис, вие сте тие кои ја вршите сета работа – од сметководство до производство – и ја вршите секоја работа добро. Поголемиот број претприемачи ги немаат сите вештини и експертизи за да ја вршат работата што мораат за да го развијат сопствениот бизнис. Изборете се со искушението сè да правите сами. Има многу жени кои ги имаат тие вештини, и се спремни и желни да им помогнат на други жени да успеат.

Најдете настани за вмрежување наменети за жени претприемачи, и истражувајте ги платформите како Female Foundry. Тие обезбедуваат обуки и ресурси за жените претприемачи.

Ги учите деталите за вашата индустрија

Кога сте дел од група која споделува информации за одредена индустрија или група потрошувачи добивате пристап до „инсајдерски“ информации. Мрежите за жени што се насочени кон индустријата се тренд во пораст, и пристап до овие мрежи на етаблирани професионалци може да ви отвори врати што тешко се отвораат.

Иако членството во овие мрежи може да е скапо, вреди да се инвестира во пристап до високо – профилирани индивидуалци и увидите во индустријата што тие можат да ги понудат. Алијансата на жени основачи (The Female Founders Alliance) е таква организација која нуди акцелераторски буткампови за програмери, како и силно поврзување преку социјалните медиуми и редовни настани. Во регионот, слична таква организација е Women in Adria, која постои кај нас и во Хрватска.

Најдете или вие бидете ментор

Помошта за другите е вистински благодарно чувство. Бивањето дел од поголема заедница им овозможува на жените да учат од оние пред нив и да вратат на оние кои доаѓаат по нив. Сепак, скоро две третини од жените кои биле дел од истражувањето „Меѓународни димензии на развој“, истакнале дека никогаш немале ментор. Истото истражување открива дека 54% од жените кажале дека им било побарано да менторираат други жени само неколку пати во текот на кариерата, а 20% од испитаничките посочиле дека никогаш не биле прашани.

Многу заеднички работни простори кои опслужуваат жени им дозволуваат на претприемачите да се впуштаат во комуникација со други и да развиваат реципрочни менторски односи, додека истовремено го развиваат сопствениот бизнис.

Многу заеднички работни простори кои опслужуваат жени им дозволуваат на претприемачите да се впуштаат во комуникација со други и да развиваат реципрочни менторски односи, додека истовремено го развиваат сопствениот бизнис. Всушност, таков заеднички простор во Њујорк им овозможи на две претприемачки, Никол Гибонс и Јунис Бјун, да се сретнат на настан за вмрежување, кога сфатиле дека работат близу една до друга, и во истиот заеднички работен простор. Тие станале пријателки и постојано си бараат совети една од друга. Во моментот кога се запознале нивните стартапи биле во иста фаза на развој, така што споделува сè, вклучувајќи информации за инвеститори, продавачи и каде има најдобра терапија со акупунктура.

Во Скопје, една од услигите што CEED Hub ги нуди е можност за работа во заеднички простор, каде целта е размена на искуства и идеи, вмрежување и развој на бизнисот.

Ако живеете во рурален дел или не можете да си го дозволите членството во еден ваков заеднички работен простор, нема зошто да пропуштате… Постојат голем број апликации за менторство и ресурси што им овозможуваат на жените да се поврзаат кога им одговара на двете страни. Можете да најдете апликации што би ви одговарале и за долгорочно менторство, менторство за спроведувањето на одреден проект или во специфична бизнис цел, како што се односи со јавност или финансии.

Можете заедно да одите на забави

Секоја победа се важи, и некој кој се соочил со слични предизвици ќе биде подеднакво возбуден како и вас за вашите постигнувања.

Ен Велш немала топол или пријателски дочек на новото работно место во корпоративниот свет. Жена на повисока позиција ја игнорирала, и таа не успеала да допре до другите жени на нејзино ниво во истата компанија бидејќи не сфаќала дека и тие пателе од истиот лош третман како и таа. Зарекнувајќи се дека ќе ги промени нештата, таа почнала да организира „женски ручеци“ за нејзините колешки и спровела принцип на отворена врата со нововработените жени во компанијата. Сите овие чекори ја подобриле комуникацијата и го намалиле нивото на анскиозност бидејќи жените разговарале за сопствените проблеми во фирмата и за нивните решенија.

Кога гледате како друга жена го слави успехот, приклучете и се. Секој напредок што жена го има како основач е победа за сите.

Ако среќавањето во живо е проблематично поради вашиот распоред или распоредот на другите и во зависност од заштитните мерки против пандемијата, тогаш прифатете ги социјалните медиуми и почнете да споделувате успешни приказни, мудрост и да поставувате прашања. Бројот на групи за жени претприемачи на Facebook или LinkedIn постојано расте, па дури и читањето на едно едноставно „Честито!“ може да ги натера луѓето да се почувствуваат охрабрени.

Кога гледате како друга жена го слави успехот, приклучете ì се. Секој напредок што жена го има како основач е победа за сите.

Жените се соочуваат со единствени предизвици како претприемачи, но кога заедница од жени создава ситуација во која сите жени се поддржуваат една со друга, можеме да имаме повеќе самодоверба, и да се почувствуваме поспособни и похрабри за да директно и подготвено се соочиме со предизвиците во бизнисот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -