На што треба да внимавате кога одлучувате за правната форма на вашиот бизнис

Дали трговско друштво може да биде регистрирано на домашна адреса? Дали може да врши повеќе дејности? Дали една компанија може да ангажира луѓе само со договор на дело, платени според часови работа наместо да се вработува? Кои институции треба да се известат доколку го смените седиштето или управителот на вашата фирма? Колку дена се потребни за регистрација на нова компанија и кој се грижи за целиот процес?

Што се` треба да знаеме од правен аспект

Ова беа само дел од прашањата упатени до адвокат Татјана Клисаровска упатени од страна на учесничките во интерактивниот месечен состанок што се одржа на 11.05.2021 год онлајн, на тема: ALL THINGS LEGAL _ Дојдете до вистинската правна помош за вашиот бизнис, во организација на ЦЕЕД Хаб Скопје. Интересот да се дознаат правните аспекти, обврски но и последици од водењето и основањето бизнис во нашата земја е доказ дека на жените претприемачи им е потребно советување или насочување од страна на искусни правници или ментори од областа на правото, како би се избегнале негативни правни последици по работењето на нивната компанија. Учесничките на настанот имаа можност да научат на што треба да внимаваат кога одлучуваат да формираат трговско друштво, кои се правните последици од нивниот избор, кои се обврските и задолженијата што ги имаат кон државата но и нивните вработени, како и дејствата што треба да ги преземат по основањето на фирмата.

„Подобро е да одвоите време и да се запознаете со се` што повлекува започнувањето бизнис во нашата земја и од самиот старт да почнете да работите во согласност со законите и прописите, бидејќи грешки многу често се прават од незнаење или невнимание. Подобро е да се спречат правните последици отколку да треба да се доведете во многу непријатна ситуација и да ги поправате грешките подоцона,“ Клисаровска ги советуваше учесничките на настанот.

Активности за подобрување на состојбата на женското претприемништво кај нас

Овој месечен состанок е последниот од серијата неформални средби помеѓу постоечките и потенцијалните членови на ЦЕЕД Клуб на жени претприемачи и менаџери, на кои се дискутира на одредена тема од корист за развојот на нивниот бизнис. Целта на овие месечни состаноци, е преку отворен и искрен дијалог, да се идентификуваат моменталните предизвици во водењето бизнис кај нас, да се предлагаат можни решенија и да се најде нов начин за соработка и вмрежување помеѓу членките на Клубот.

Месечните состаноци, менторска поддршка, учество на разни обуки и тренинзи, како и можности за вмрежување и создавање партнерства се активности предвидени со Проектот за подобрување на жените претприемачи и менаџери, во имплементација на ЦЕЕД Хаб Скопје, со поддршка од Aмериканската амбасада. Целта на проектот е овозможување разни видови услуги за жените претприемачи и менаџери со цел брзо и ефикасно надминување на последиците предизвикани од Ковид-19. Во рамки на Проектот, оформен е и Клуб за жени претприемачи и менаџери.

Се предвидува и создавање локални ограноци во четири различни региони надвор од Скопје. Овие ограноци ќе се креираат преку одржување разни настани за вмрежување и координација. Покрај, месечните средби за поддршка на жените претприемачи со фокус на одредени актуелни теми, се работи и на подигање на свеста за важноста на женското претприемништво во целокупната економија, и на обезбедување конкретна, реална и постојана помош за жените претприемачи и менаџери.

Проектот се фокусира на креирање специјална програма за градење на капацитетите на жените претприемачи, дизајнирана во согласност со потребите на претпријатијата во сопственост на или кои се раководени од жени.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -