На работа, убавината се` уште го надмудрува разумот

Универзитетите важат за места каде умот е најбитната работа. Се чини чудно што студентите на еден американски универзитет ги оцениле привлечните професори и лектори како подобри наставници. Ова е клучното откритие во едно неодамна објавено истражување од Универзитетот во Мемфис, кое заклучува дека женскиот академски персонал на високообразовните институции се најмногу погодени од ова убедување, пишуваат Кристофер Бархурст, професор со специјалност во областа на вработувањето и работните средини од Универзитетот во Ворвик, и Денис Никсон, професор со иста специјалност од Универзитетот во Стратклајд за The Conversation.

Заклучокот исто така посочува и дека убавината се смета за поважна карактеристика од умот дури и во работните средини во 210т век. Овој став сигурно би бил поддржан од жените кои се ветерани во медиумскиот бизнис, како што е радио презентерката Либи Пурвс, која неодамна јавно се пожали за начинот на кој Би-Би-Си „се отарасува“ од вработените жени кога ќе достигнат одредена возраст.

Друга анкета спроведена во Велика Британија открива подлабока смисла на проблемот. Според неа, работодавачите бараат од жените вработени да се облекуваат на „посекси“ начин и да бидат нашминкани за време на виртуелните состаноци.

Извештајот што беше објавен од страна на правната фирма Слејтер и Гордон ова лето, и кој се заснова на пополнет прашалник на 2,000 канцелариски работници кои работеле од дома за време на карантинот, открива дека 35% од жените искусиле барем едно сексистичко барање од нивниот работодавец, најчесто такво што се однесува на тоа како се тие облечени за време на онлајн состаноците. Жените исто така кажале и дека добивале барања да ставаат повеќе шминка, да направат фризура и да се облекуваат попровокативно. Причините кои нивните шефови ги навеле за ваквите барања се дека тоа „ќе им помогне во бизнисот“ и дека „ќе го задоволи клиентот“.

Се чини дека промената кон повиртуелен начин на работа не прави да го снема она што Даниел Парсон, адвокат за работнички права во фирмата Слејтер и Гордон го опишува како „архаично однесување“, кое „нема што да бара во модерниот професионален свет“. Кога ефикасноста на вработените се суди врз основа на нивниот физички изглед, и можно е да има влијание врз висината на платата и можностите за унапредување, тогаш таа појава е позната како „изглед-изам“ (lookism). Не е нелегално, но според сите аргументи, би требало да биде.

Убавицата и шефот

Истражувањето на правната фирма потврдува дека голем број трендови што авторите на оваа статија ги опишуваат во нивната последна книга „Естетиката на трудот’ (Aesthetic Labour) се широко распространети и дека таквите практики продолжуваат и покрај работата на далечина. Книгата е збир од повеќе од 20 години истражувања и размислувања за овој проблем. Иако нивното истражување започнало со фокус на работниците на првите линии на фронтот во угостителскиот и малопродажниот сектор, истиот проблем се проширил и врз различни улоги вклучувајќи ги и академските граѓани, сообраќајните полицајци, консултантите за регрутирање, преведувачите и толкувачите, тв водителите и циркуските акробати.

Компаниите веруваат дека ако посветуваат повеќе внимание на тоа како изгледаат нивните вработени тоа ќе ги направи поконкурентни, додека организациите кои делуваат во јавниот сектор сметаат дека тоа ќе ги направи повеќе сакани. Како резултат на тоа, сите овие компании и организации се` повеќе им наметнуваат на нивните вработените како треба да изгледаат, како да се облекуваат и како да зборуваат.

Ова појава се среќава и кај мажите и кај жените, иако кај жените е почеста, и често пати се врзува во поширокото значење на нивно сексуализирање на работа. На пример, Слејтер и Гордон открија дека една третина од мажите и жените „трпеле“ коментари во врска со нивниот изглед за време на видео повици, но многу почест случај е жените да се соочуваат со деградирачки барања да изгледаат посекси.

Кога авторите на текстот анализираа жалби од вработени доставувани во период од 10 години а во врска со „изглед-изам“ до Комисијата за еднакви можности во Австралија, тие откриле дека уделот на мажи се зголемувал во различни сектори но дека сепак, две третини од жалбите биле доставени од страна на жени. Интересно е што според студијата на Универзитетот во Мемфис, не постои корелација за академскиот кадар на мажи помеѓу тоа како се перципира нивниот изглед и како се оценува нивната ефикасност.

Општествена опсесија

Секако, работните средини не можат да се разведат од општеството генерално земено, и во книгата на споменатите автори, има мапа на зголемената опсесија со изгледот. Оваа естетизација на поединците делумно е поттикната од растечкиот досег и важноста на индустријата за убавина и огромниот раст на козметичката индустрија, која сега се` повеќе се нарекува естетска хирургија.

Овие трендови се можеби разбирливи со оглед на тоа дека тие кои се сметаат за „привлечни“ имаат корист од „награда за убавина“ , односно имаат поголеми шанси да добијат работа, или подобра плата и имаат поголеми шанси да бидат унапредени. Ако ве проценат дека не сте доволно атрактивни или дека ви недостасува смисла за соодветната облека, тогаш постојат причини да не добиете работа, причини кои не се нелегални.

Некои истражувачи пишуваат за економија на естетиката која е во раст. Секако дека ваквите трендови создаваат загриженост за нефер дискриминација, и е без правна заштита, што на пример, ја добиваат лицата со попречености.

Овој тренд не само што продолжи да расте за време на пандемијата, туку можно е да е станат уште посложен. Со првите јасни знаци за растечката невработеност во Британија, според извештаите што беа објавени на почетокот на овој месец, истражувањето веќе покажува дека за едно работно место се доставуваат 14 пати повеќе апликации. На пример, ресторан во Манчестер добил повеќе од 1000 апликации за работното место рецепционист, додека популарен ланец на пабови – All Bar One – известил дека добил повеќе од 500 апликации за работното место шанкер, во нивниот бар во Ливерпул.

Работодавците сега се сигурно разгалени кога станува збор за изборот што треба да го направат за да ги пополнат празните работни места, и тие што се перцепираат како попривлечни најверојатно ќе имаат најголеми шанси. Знаеме од истражувањето Том Баум и неговите колеги од  Универзитетот во Стратклајд, дека угостителството и пред пандемијата на Ковид-19 го користеше и експлоатираше изгледот на лицата кои работат во тој сектор.

Сите нови сознанија посочуваат дека „изглед-измот“ нема едноставно да си отиде. Ако сакаме да ги избегнуваме архаичните практики од старото нормално и му отвораме пат на новото, тогаш време е да размислиме што очекуваме од работните средини во иднина. Една очигледна промена што би можела да се случи е да ја направиме дискриминацијата врз основ на изглед нелегална. Таквиот чекор би осигурал дека секој, без разлика на неговиот или нејзиниот изглед, има еднакви можности во светот на идната работа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -