На кои трендови треба да внимавате ако планирате да понудите нов производ или бизнис во 2021

Денес, и покрај тоа што се случува во вашата земја и светот, сепак е најдоброто време за отворање бизнис. Прво и основно, искрено верувам дека никогаш нема „погрешно“ време да се започне бизнис. Во секој случај ќе се соочите со предизвици. Во секој случај ќе треба да се справите со одредено ниво конкуренција. Така што, наместо да го чекате совршеното време да ја реализирате вашата бизнис идеја, можете да се нурнете во водите на претприемништвото, но на правилниот начин, тврди Винстон Ибрахим, основач и извршен директор на Hydros, стартап компанија која развива иновативен начин за филтрирање вода.

Но, уште поконкретно, сегашната економија е плодна почва за претприемачи и сопственици на бизниси. Каматните стапки се на најниско ниво. Милиони луѓе бараат работа, што значи дека пазарот на трудот е преплавен од кадар. Подемот на „работењето од дома“ создаде голем базен талентирани професионалци од кои можете да бирате кога ќе вработувате нови лица. И најважно од се` е фактот дека големите индустрии сега ги покажуваат ранливите страни, што пак отвора можност за умните претприемачи да иновираат нови, привлечни решенија.

Има неколку трендови што се појавија изминатата година што сигурно ќе почнат да се забрзуваат во 2021 год. На пример, како што се приближуваме кон создавањето ефикасни вакцини против коронавирус, ќе има масовна количина потисната побарувачка кај потрошувачите кои чекаат да почнат да патуваат, да посетуваат концерти и спортски настани, па дури и само да се вратат на пазарање во продавници и вечерање во омилени ресторани. Во исто време, некои од другите трендови како работа на далечина и ефикасна работна сила, верувам дека ќе почнат да се забрзуваат, така што пронаоѓање начини како да се извлече корист од двата феномена ќе биде клучна активност за претприемачите.

Без разлика дали сакате да го збогатите пазарот со нов производ или да започнете бизнис во блиска иднина, ве охрабрувам внимателно да го следите развојот на следниве три тренда во 2021 год.

Порастот на здравствени производи што се консумираат дома и велнес на далечина

Здравствените и велнес производи секако се омилени во моментов.

Во текот на изминатата година, зборував со десетици претприемачи од широк спектар индустрии: суплементи, анализира на генетски болести во домашни услови, тестирање, фитнес вежби за дома, итн. Сите овие бизниси ги зголемија приходите за пет пати во последните шест месеци. И, иако верувам дека овој раст најверојатно ќе спласне малку по масовната вакцинација, исто така предвидувам дека овој тренд ќе се врати на голема нога со уште пософистицирани производи.

На пример, на пазарот за фитнес производи што се користат дома, продажбата на тегови на eBay се зголемила за околу 1500% во споредба со 2019 год. Продажбата на витамински и минерални суплементи скокна за 1286% споредено со пред една година. И според Си-Ен-Би-Си и истражување спроведено од консултантската фирма  Bain & Company во мај 2020 год, „само околу 3% до 4% од граѓаните во САД купувале намирници онлајн пред пандемијата, но таа стапка се зголеми на 10% до 15%“.

Коронавирусот со сигурност му покажа една докажана работа на општеството во целина, а тоа е дека многу од начините на кои мислевме дека се грижиме за себе (посета на теретана, одење во продавница итн), може, на некој начин, исто така да се направи дома. Не верувам дека по Ковид-19 просечниот човек ќе престане да излегува од дома и ќе сака само да работи од дома, каде и му ги доставуваат намирниците. Но се` повеќе луѓе сметаат дека тоа е погодна алтернатива одредени денови, кога имаат потреба од достава до дома.

Разноликоста на добавувачките ланци

Голем број бизниси производството го обавуваат во други земји: Кина и Мексико се двете најчести. Но, зависно од тоа како ќе се одвиваат трговските војни помеѓу Америка и овие земји, такво ќе биде и нивното влијание на бизнисите во САД.

Имајќи го ова на ум, сведоци сме на огромни иновации и инвестиции во автоматизацијата на производството. И така, зависно од производот, цената и базата потрошувачи што ја таргетирате, можеби е и логично да почнете да произведувате во САД (или во вашата земја), наместо тие напори да го добивате испорачани од други земји. На тој начин, можете и полесно да контролирате голем дел од вашите процеси.

Трендот што се појавува е дека се` повеќе претприемачи почнуваат да сфаќаат колку е ризично целиот нивен бизнис да се потпира на единствен добавувачки ланец, или еден производствен партнер. Ако нешто се случи на политичката сцена, па дури и само со бизнис партнерот, тогаш компанијата наеднаш ќе се најде во тешка ситуација. Така што, ако лансирате нов производ или бизнис, силно ве охрабрувам да имате опции да посегнете и по други добавувачки ланци и точно да ги одредите можните импликации ако нешто не тргне како што треба.

Подемот на е-трговија

Е-трговијата брзо се постави како еден од најдобрите и најлесните начини да се лансира производ и/или бизнис.

Од гледна точка на тестирање, многу е поефективно да ја ангажирате публиката и да соберете повратни информации од клиентите онлајн, отколку да се обидувате да правите нешто слично од бизнис лоциран во физичка просторија. Facebook и Google се` уште ги нудат најлесните начини за рекламирање пред широка публика и ви овозможуваат да завршите со највисоките маргини, бидејќи на крајот на денот имате сопственост врз односот што го имате со вашите клиенти директно (споредено со одењето до продавница, купувањето производ и заминувањето од таму).

Со оглед на горе кажаното, верувам дека е важно за бизнисите да одржуваат што повеќе контрола врз купувачкото искуство. Исто така, би се потрудил да се држам настрана од интернет платформи на трети страни за е-трговија, вклучувајќи го и Amazon. Пред една година, Amazon беше двигателот на 95% од нашите онлајн продажби во Hydros. Но во еден момент, сфатиме колку многу пропуштивме со тоа што го растевме бизнисот на нивната платформа наместо да ги насочуваме клиентите да го посетуваат нашиот сопствен вебсајт. Го променивме планот и денес само 0,5% од нашите онлајн продажби се остваруваат преку Amazon. Таа платформа е повеќе маркетинг алатка отколку што и да е друго.

Во реалноста, коронавирусот силно ги погоди малопродажните и малите семејни бизниси. Голем дел од нив се пренасочија кон е-трговија, или престанаа со работа. Јас се` уште сум верник во малопродажбата, и верувам дека на долг рок оваа категорија бизниси ќе се врати и ќе напредува на нови, возбудливи начини. Но, особено за претприемачите кои сакаат да лансираат нов производ или бизнис потфат во светот денес, многу подобар успех ќе имате ако почнете онлајн и потоа да продолжите со каков било вид физичка дистрибуција со тек на време.

Извор: minutes.co

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -