Најк ги затвора канцелариите една недела за да им овозможи на вработените одмор од менталните напори

Глобалната компанија за спортски обувки и облеки Најк одлучи да даде предност на менталното здравје на вработените и продуктивноста да ја стави на второ место. Компанијата ги затвори корпоративните канцеларии за една недела за да можат вработените „да уживаат во дополнителните денови за да се одморат и закрепнат,“ вели изјава изададена од компанијата.

Чекорот се слави од луѓето кои работат во компанијата, чие седиште се наоѓа близу Бевертон.

Мет Марацо, виш менаџер во Најк споделил на неговата ЛинкдИн страница: „Не значи дека само не одиме на работа една недела… Туку признание дека можеме да направиме приоритет од менталното здравје и пак да ја завршиме работата“.

Друг вработен, кој сакаше да остане анонимен, изјавил за KGW: „Ова не е само шанса да ги наполниме батериите и да се држиме заедно, туку и благодарност за импресивната година“.

Лиз Типет, асистент професор на Правниот факултет при Универзитетот во Орегон, чија што работа става акцент на законите за вработување и практиките, вели дека ова е добар чекор од страна на компаниите:

„Сакам да го подигам фокусот на менталното здравје како основа за луѓето да не одат на работа, не само кога физички се болни,“ вели Типет. „Мислам дека е важно да се препознае улогата што ја има менталното здравје за работниците и нивната добросостојба“.

Не сите добиваат дополнителен одмор

Иако тие во корпоративните канцеларии добиваат платена недела одмор, сепак некои воопшто не добиваат. Продавниците на Најк се се` уште отворени.

Кога новинари од KGW се јавиле во продавница на Најк, лицето што одговорило на телефонот кажало дека ова е првпат да чујат за платената недела одмор за корпоративните вработени.

„Ако се очекува работниците со половина работно време во продавниците да дојдат на работа, а вработените во главните канцеларии не, тогаш се испраќа порака за тоа за кој вид работници се грижат и во кои сакаат да инвестираат ,“ вели Типет.

Во 2019 год, Светската здравствена организација препозна дека оптовареноста од работа е „окупациски феномен“.  Тогаш, за првпат глобалната здравствена агенција директно ја поврза оптовареноста од работата во нејзината класификација на болести како работен хазард. Тоа исто така значи дека работниците можат да бараат медицинска помош за нешто различно од болест или здравствена состојба.

Во 2020 и 2021 год, компаниите почнаа да ставаат поголем акцент на менталното здравје на вработените со тоа што им даваат повеќе денови за одмор.

Во Интел, најголемиот работодавач во приватниот сектор во Орегон, вработените можат да земат 4 недели непрекинат одмор по четири години работа или да земат осум недели непрекинат одмор по 7 години. Компанијата исто така почна да нуди дополнителни 12 часа одмор за секоја половина од 2021 год.

Во мејл до KGW, компаниски претставник напишал дека дополнителниот одмор е наменет „вработените да се освежат и да ги наполнат батериите за време на тековната пандемија“.

Microsoft изјави дека компанијата додала пет „дена за добросостојба“ во бенефитите за платен одмор на глобално ниво за да им помогне на вработените да се погрижат за нивното здравје.

Извор:oregonlive.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Рамнотежа помеѓу приватниот и професионалниот живот: тоа што навистина не` прави...

Пронаоѓањето на вистинската рамнотежа помеѓу личниот и професионалниот живот воопшто не е нов проблем во нашето општество. Но, тензијата помеѓу двата аспекти...
- Advertisment -