Најдоброто нешто за бизнисот е водење дневник

Од средината на 2018 година, имам детални белешки од сите мои големи одлуки. Знам што правев во август 2019та, и знам што сум сакал да правам тогаш. Најверојатно имам 200 страници испишани во мојот дневник, запишани во најразлични онлајн документи, споделува Том Куглер, млад блогер и авантурист кој редовно пишува за Entrepreneurs’ Handbook.

Дали вие знаете што сте правеле во август минатата година? Најверојатно не, нели? Па не знам ни јас, пишува Куглер, и токму затоа водам детални белешки. Знам кои добри одлуки сум ги донел, и знам кои биле лошите, и можам да ја согледам траекторијата на мојот професионален живот.

Верувам дека секој претприемач треба да води дневник, барем на неделно ниво иако се претпочита дневно, почнувајќи веднаш.

Отворете google документ, запишете ја денешната дата и запишете ги деновите во следните 6 месеци

Пишувам во период од 6 месеци и почнувам со денот кога го отворам новиот дневник. Потоа пишувам за тоа што се случило во претходните 6 месеци. Пишувам за големите прилики и добивки што сум ги остварил, како и за плановите каде сакам да стасам во следните 6 месеци.

Секое внесување податоци во дневникот зазема околу една страница, а потоа секоја недела внесувам информации со кои ги опишувам последните седум дена од мојот професионален живот.

За мене, внесување податоци на неделно ниво е доволно. Нема потреба од секојдневно водење дневник ако сметате дека не  е потребно. Она што вообичаено го правам еднаш неделно е ги запишувам најголемите столбови на мојот бизнис и дискутирам што сум направил за да постигнам напредок во тие области таа недела.

Во мојот случај тоа е пишувањето статии, моите онлајн курсеви, објавите за порталот „Медиум“, и мојот „влог“ (видео блог). Можеби сум подготвил видео за мојот блог. Можеби сум напишал четири статии. Сето тоа го запишувам и правам белешки како мојот реален напор има влијание на целта што сакам да ја постигнам.

Дали моето видео стана вирално? Дали сите статии што ги напишав таа недела се добри? Зошто видеото стана вирално и зошто моите статии не се добри? Потоа ги забележувам сите големи причини, и правам план за следната недела со надеж дека ќе напишам подобри статии и ќе продолжам да продуцирам интересни видеа.

Секоја недела станувам се` подобар. По неколку недели и месеци, па и години како го правам ова, овие мали напредоци со текот на времето се кумулираат.

Зошто да започнете да водите дневник?

Можам јасно да видам каде напредувам и тоа ми причинува задоволство

Пред шест месеци моите публикации имаа 28000 следбеници. Денес имаме 38000 следбеници. Фала богу што водев евиденција на овие бројки бидејќи дневното зголемување на бројот на следбеници и лица кои ги погледнале моите видеа е едвај забележително. И, ми причинува задоволство кога знам дека напредувам.

Едно клучно нешто што мора да го правите кога водите дневник е да водите евиденција на квантитативните податоци. За мене, како блогер, важно ми е да следам колку лица ја посетуваат веб страницата и колку нови прегледи имаме. Тоа ми дава увид во материјалниот напредок што го остварувам.

Имам досие од сите лоши одлуки што сум ги направил

Треба да се напијам апче против болка кога гледам што се` сум напишал во дневникот во последните три години. Донесов многу лоши одлуки.

Добрата работа е што, со тек на време, можете да ги групирате лошите одлуки. Почнувате да согледувате шема. На пример, дадов се` од себе да смислам различни начини да го продадам мојот оналјн курс. Постигнав ограничен успех, ниту една од моите идеи не беше толку профитабилна како мојот вебинар.

Научив дека вебинарот е навистина најдобриот начин да го продадам мојот онлајн курс, точка. Така што сега не се бавам многу со инката на приходи.

Ќе почнете да забележувате слични нешта и подобро да се разбирате себеси. Исто така, ќе носите многу подобри одлуки во моментот. Со водењето дневник, можете да имате кавга сами со себе и следниот пат да подобри причини зошто носите одредена одлука.

Лесно ги согледувам нештата што ми овозможуваат највисок поврат на средства

Во текот на минатите години, поголемиот дел од приходот го добивам од оналјн курсевите. Можеби ќе помислите дека ова е очигледно, но ве уверувам дека не е така.

Редовно водам евиденција и размислувам за тоа како ги заработувам парите секој месец. Ако сте сопственик на бизнис, размислете што ви донело најмногу приходи овој месец.

Одлучив да престанам да правам видеа и го фокусирав тоа време кон пишување и продавање на курсевите. Промената на фокусот немаше да биде возможна ако не водев дневник.

Најдоброто нешто во водењето дневник е перспективата

Претприемништвото е лудо патување. Јас сум повеќе претприемач поединец (solopreneur), но сепак важи правилото дека е тешко да се добие перспектива за мојата повеќегодишна траекторија без евиденција на она што го работев во минатото.

Сфатете ги дневниците како учебници по историја. Веднаш можете да се вратите и да видите каде сте биле пред две години. Исто така, можете да видите во кои аспекти од бизнисот не успевате. Така можете да разберете зошто сте донеле одредени одлуки, без разлика дали се лоши или добри.

Оваа перспектива е непроценлива. Овозможете си себеси учебник по историја за вашите одлуки и вашиот бизнис ќе ви биде бескрајно благодарен.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -