Најдобрите маркетинг практики за време на и по кризата со Ковид-19

Светска криза може или да го парализира тимот што работи на маркетинг активности, или да го катализира и да го натера да процвета. Соочени со пандемијата на Ковид-19, ова е сликата што ја гледаме: некои компании ги кратат трошоците поврзани со маркетинг активности (во некои случаи, дури и целите маркетинг тимови се отпуштени), додека други компании се пофлексибилни и смислуваат интересни начини да ја ангажираат својата публика за време на оваа криза, пишува  Ендру Рајд за Entrepreneur, основач и извршен директор на Ривал Технологии.

Поврзано:

Ако сакате да продолжите со вашиот бизнис, не можете да останете мрзеливи и неактивни долго време. Како сопственик на бизнис, Рајд вели дека разбира зошто голем број претприемачи би сакале целосно да ги скратат трошоците поврзани со маркетинг активности. Конзервативниот став ве тера да се чувствувате дека правите безбеден избор во време кога владее несигурност и кога не знаеме точно до кога ќе трае кризата. Но треба да ја балансираме финансиската одговорност и потребата вашите клиенти да бидат информирани и ангажирани во време кога сите се соочуваме со тешки ситуации.

Всушност, истражувања спроведени во долга низа години покажуваат дека вистинскиот пристап за време на економска вонредна состојба е да се зголемат  – не да се намалат – трошоците за маркетинг.

Всушност, истражувања спроведени во долга низа години покажуваат дека вистинскиот пристап за време на економска вонредна состојба е да се зголемат  – не да се намалат – трошоците за маркетинг. Последното нешто што го сакате кога економијата ќе оживее повторно е да се најдете во ситуација во која заостанувате зад вашата конкуренција поради вашата бавна реакција на состојбата.

Во најголемиот број случаи, потрошувачите се подложни на доза маркетинг активности во овој период. Една скорашна студија од Американската асоцијација на маркетинг агенции посочува дека 43% од потрошувачите сметаат дека комуникацијата и контактот со нивните омилени брендови во време на пандемијата на Ковид-19 им предизвикува чувство на сигурност. Дополнително, 56% од испитаниците во истражувањето кажале дека сакаат да дознаваат како брендовите им помагаат на нивните заедници за време на кризата. Само 15% од учесниците во студијата одговориле дека претпочитаат да не добиваат вести од компаниите.

Со оглед на кажаното, сегашните маркетинг активностите изискуваат способност за сензитивност за она што се случува во животите на луѓето, и флексибилност за да можете да истраете со големите и брзи промени.

Започнете со покажување емпатија кон вашите клиенти

Влијанието на Ковид-19 на однесувањето и ставовите на клиентите не смее да биде потценето. Истражување кое е сè уште во тек и во кое Рајд е вклучен неодамна откри дека со појавата на коронавирусот, 76% од испитаниците посочиле дека створиле нови навики, однесување и рутини. Од тие лица, 89% истакнале дека планираат да продолжат со некои од новостекнатите навики. Потрошувачите исто така испробуваат нови производи, а 36% од учесниците во истражувањето имаат намера да продолжат да ги користат новите брендови што ги пробале по појавата на пандемијата.

Сега не е време да се потпирате на претпоставки. Секој податок што сметате дека е важен од пред 6 недели, а не па од пред 6 месеци, веќе е застарен. Консултантска фирма Гартнер неодамна посоветува дека директорите на маркетинг одделите мора да бидат проактивни во поглед на следење на промените во однесувањата и купувачките потреби на потрошувачите додека кризата сè уште трае.

Бизнисите мора да се движат нанапред, но тоа треба да го направат со искрена емпатија. Маркетерите можат да им помогнат раководителите да го преземат вистинското дејство со тоа што ќе делуваат како некој вид светилник со цел да се овозможи разбирање на промените во однесувањето на потрошувачите. Многу компании веќе имаат воспоставено истражувачки програми наменети за слушање и разбирање на гласот на потрошувачот. Овие нови сознанија сега можат да се искористат за да се откријат емоциите што се кријат зад променливите ставови и однесувања на луѓето. Ваков вид програми можат да ви помогнат да стекнете увид во најдобриот начин како вашиот бизнис да се движи напред.

Кажувајте релевантни, автентични приказни, и давајте и само давајте

Зачудувачки, некои брендови веќе создадоа привлечни кампањи што се однесуваат на новата реалност настаната со пандемијата на Ковид-19. На пример Dove создаде видео спот во кој се истакнува храброста на здравствените работници. Некои брендови, како Budweiser и Burger King се фокусираат на социјалното дистанцирање и ги охрабруваат луѓето да дадат сопствен придонес со тоа што ќе останат дома. Компанијата Sam’s Club неодамна објави видео спот во кој им се заблагодарува на своите вработени и ги нарекува „херои на малопродажбата“.

Секоја организација и секој човек има способност да придонесе на сопствен начин. Најважното прашање што компаниите треба самите на себе да си го постават е: „што можам да сторам за да помогнам?“

Прекрасно е да се види креативност во начинот на кој се раскажуваат приказни во овој период, но маркетерите мораат да ги притискаат нивните компании да сторат уште повеќе. Ова е време во кое треба да се обезбеди што поголема вредност за вашите клиенти и заедници.

Секоја организација и секој човек има способност да придонесе на сопствен начин. Најважното прашање што компаниите треба самите на себе да си го постават е: „што можам да сторам за да помогнам?“.

Враќањето назад кон заедницата може да се реализира во различни форми. На пример, Jägermeister организира виртуелен настан со цел прибирање средства за сопствениците на ресторани во Њујорк. Во технологијата, компании како Apple успеаја за брзо време да ги мобилизираат сопствените ресурси и да го пренаменат производството кон многу потребната лична заштитна опрема. Во Канада, хипермаркети како Loblaw и Save-on-Foods ја зголемија платата на персоналот кој работи на првите борбени линии за да покажат почит за нивните напори. Следејќи го примерот на голем број софтверски компании, Nike привремено ги елиминира сопствените пакети за претплата за нејзината мобилна апликација, за да им помогне на луѓето да одржуваат форма во карантин.

Ваквите чекори го надминуваат традиционалниот маркетинг, и можеби нема веднаш да ја зголемат продажбата, но тие ќе изградат добра волја и ќе помогнат во формирањето на долгорочната лојалност кон конкретен бренд. Враќањето назад кон заедницата е, едноставно кажано, исправното нешто. Што побрзо светот успее да го победи Ковид-19, толку подобри шанси ќе имаат сите компании во однос на преживување на кризата.

Бидете флексибилни

Некои претприемачи и маркетери се воздржуваат од преземање дејства, мислејќи дека работите ќе се вратат во „нормала“ за неколку недели или месеци. Рајд не го дели истото мислење.

Прво и основно, одредени научници предвидуваат дека некаква форма на социјално дистанцирање ќе мора да се применува сè до 2022 година. Тоа е долго време за одложување на каква било маркетинг активност. Уште поважна согледба е фактот дека пандемијата ќе има долгорочен ефект на психата и исходот кај потрошувачите. Во студијата во која е вклучен Рајд, се истакнува дека 86% од Американците и 81% од Канаѓаните се сложуваат дека кризата ќе создаде нова „нормала“ и дека таа ќе има трајно влијание врз општеството.

Крајната поента е дека свежи податоци и точни увиди никогаш не биле волку важни како сега. Во овие непознати територии, потпирањето само на сопствените инстинкти може да биде опасно. Ако не сте посегнале по вашите клиенти во текот на минатиот месец, сега е вистинското време да го направите тоа.

Без разлика на тоа колку долго всушност ќе трае кризата, Ковид-19 засекогаш ќе го промени пејзажот на трошењето. Откако ќе помине овој кризен период, компаниите нема да можат да се вратат на старите деловници за работа. Личностите, пораките па дури и вашата стратегија за пласман на производот можеби ќе треба да еволуираат во голема мера за да се прилагодат на реалноста на светот по кризата со Ковид-19.

Од различни причини, некои маркетинг директори се двоумат дали да ги ангажираат клиентите во истражувања во овој период. Френсис Русел од компанијата Гартнер во неодамна објавена статија истакнува дека голем број маркетери кои користеле анкети конкретно за влијанието на Ковид-19 врз искуството на клиентите, добиле одговори врз основа на кои можат да се преземат различни дејствија. Истиот феномен може да се види и во истражувањето на Рајд: не само што луѓето одговараат на прашањата на неговите анкети, туку обезбедуваат и детални лични видеа, што е навистина, од голема помош за компаниите и за клиентите да можат да го разберат човековото влијание на пандемијата.

Крајната поента е дека свежи податоци и точни увиди никогаш не биле волку важни како сега. Во овие непознати територии, потпирањето само на сопствените инстинкти може да биде опасно. Ако не сте посегнале по вашите клиенти во текот на минатиот месец, сега е вистинското време да го направите тоа.

Иако е важно да се препознаат несигурностите и стравовите поврзани со Ковид-19, не дозволувајте оваа криза да ве парализира. Овозможете му на маркетинг тимот вистински да ги разбере вашите клиенти, и имајте на ум дека делувањето врз основа на времените согледби е клучно за да испливате од кризата, и за вашиот маркетинг тим и за вашата компанија.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

- Advertisment -