Најголемиот број германски работници сакаат да работат од дома и по пандемијата

Поголемиот дел од вработените лица во Германија сакаат да работат од дома и по крајот на пандемијата предизвикана од Ковид-19, покажало истражување објавено вчера, пишува Ал Џезеира.

Истражувачите на Универзитетот во Констанц испитувале 700 лица кои работеле од дома, од кои 56% одговориле дека сакаат, барем делумно, и понатаму да продолжат да работат од домашната канцеларија.

„Голем дел од испитаниците сакаат комбинација од работа од дома и од вистинска канцеларија,“ изјавиле авторите на студијата.

Додека 25% од вработените лица одговориле дека сакаат целосното работно време да го поминуваат во работа од дома, дури 42% кажале дека претпочитаат да работат од канцеларија два до три пати неделно.

Истражувањето е спроведено помеѓу месеците март и мај годинава, и овозможува приказ на германската работна сила во поглед на годините и полот.

Некои се чувствуваат изолирано

Иако голем дел од учесниците во истражувањето признаваат дека работата на далечина не може да го надомести социјалниот аспект во заедничката работа и комуникацијата во живо, 45% од анектираните сепак истакнале дека работеле поефикасно од дома.

Но, некои се чувствуваат изолирано.

„Во просек, и со благи варијации, 20% од испитаниците се чувствувале осамено и социјално изолирано во домашната канцеларија,“ истакнуваат експертите.

Тие додаваат дека во развојот на чувството на осаменост и изолираност придонеле и општите ограничувања во поглед на социјалното дистанцирање.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -