Насоки за работодавачите од приватниот сектор за исплата на плати за октомври, ноември и декември

Во рамки на четвртиот сет економски мерки за ревитализирање на економијата во услови на КОВИД-19, Владата го усвои пакетот мерки којшто, меѓу другото, предвидува директна финансиска поддршка на приватниот сектор и стимулирање на компаниите за враќање и задржување на работниците на работните места.

Овој предлог закон е во собраниска процедура и се очекува да биде донесен во најкраток можен рок, велат од Управата за јавни приходи (УЈП).

Имајќи го предвид фактот дека законот сè уште не е донесен, како и краткиот рок за поднесување на барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците, работодавачите кои имаат можност да ја исплатат платата, тоа може да го сторат веднаш, а по донесувањето на законот ќе имаат можност да го поднесат барањето и да направат корекција на МПИН образецот за користење на финансиска поддршка за исплата на платите.

УЈП ќе одговара на барањата во рок од 3 дена

Барањето за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати ќе се поднесува до УЈП преку системот е-Даноци, a УЈП во рок од три дена ќе ја провери и потврди комплетноста на барањето.

Управата за јавни приходи, го подготви системот е-Даноци за поднесување на Барање за финансиска поддршка на работодавачите за исплата на плати и веднаш по донесувањето на законот и подзаконскиот акт, на интернет страницата, ќе го објави образецот за Барањето за финансиска поддршка за исплата на платите на работниците. Образецот ќе биде поставен на системот е-Даноци за да можат работодавачите непречено да го поднесуваат.

Работодавачот со комплетно барање, за работниците за кои побарува финансиска поддршка, во полето 3.4б од месечната пресметка за интегрирана наплата (МПИН образец) внесува шифра 5001, а работодавачот кој може да истовремено да користи и друга мерка за субвенционирање на социјалните придонеси ја внесува соодветната шифра за ослободување и истата ја комбинира со шифрата 5001. По обработка на МПИН образецот, Управата за јавни приходи ќе го информира работодавачот-барател на финансиска поддршка за вкупниот износ на финансиската поддршка што ќе му биде исплатена за соодветниот месец.

По усвојување на законот од страна на Собранието на РСМ, Управата за јавни приходи на прес конференција подетално ќе ги образложи поединостите од Законот, односно условите за користење на финансиската поддршка, начинот и роковите за исплата на финансиските средства на работодавачите, постапката на враќање на средствата, но и за казните за прекршување на законските одредби.

За сите прашања околу четвртиот сет на антикризни мерки, Управата за јавни приходи ги повикува граѓаните да се обратат на маилот: [email protected] како и на контакт лицата по регионалните дирекции (список).

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -