Направете го вашиот дом место за уживање

Секоја жена сака домот да биде катче со позитивна енергија и простор што мами воздишки. Сето тоа може да се постигне со неколку едноставни идеи и трикови што нема да одземат многу време ниту пари.

Огледала

Огледалата визуелно го зголемуваат малиот простор. Поставете ги на вратите од шкафовите и вашата малечка соба ќе се освежи и ќе добие нова димензија.

Шарен принт

Дајте им мала разиграност на еднобојните завеси со интересен шарен принт. Малата декорација може многу да придонесе за убавината на дневната соба, спалната… на целиот дом.

Нови држачи за фиоки

Мал детал, но моќно парче од мебелот што ќе им даде нов изглед на старите фиоки. Одберете интересни држачи што ќе се дојдат до израз во просторот.

Решете ги каблите на креативен начин

Не дозволувајте низ собите да се “моткаа“т разни кабли од уредите. Бидете креативни, на пример, закачете ги на ѕидот во форма што вам ви се допаѓа.

Темен таван

Таван со темни бои ќе направи собата да изгледа повисока. Контрастот на бел ѕид и темен таван дава одредена длабочина на просторот.

Нови прекривки, перничиња

Вашиот кревети треба да мамат со нивната удобност. Затоа освежете ги излитените прекривки и перничиња со нови, скроени токму по ваш вкус.

Фрлете сè што е непотребно

Стари предмети што само зафаќаат простор и собираат прашина, неупотребливи уреди… Ослободете се сите работи што не сте ги искоирстиле со години и дозволете му на просторот да дише.

Цвеќиња

Не само што му даваат прекрасен мирис и убавина на домот, докажано е дека цвеќињата ја намалува депресијата, ја подобруваат меморијата и го поттикнуваат социјалниот контакт.

Миризливи свеќи

Имајте неколку интересни миризливи свеќи што ќе ги запалите во соодветна пригода. Нивниот егзотичен изглед ќе ѝ даде игривост на просторијата, а мирисот ќе ги разбуди сетилата на сите присутни.

Фото: Pixabay, Pexels

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -