Моќ со цел: четирите столбови на лидерството

Лидерството не е титула. Никогаш не можете да бидете назначен лидер, без разлика што пишува на вашата визит картичка. Лидерството мора да се заслужи. Некои поединци ја имаат способноста да влијаат на животите на другите преку нивните дејства, увиди и зборови. Покојниот Стив Џобс најдобро ја има формулирано суштината: „Лидерството е кога ги инспирирате луѓето да прават работи што никогаш не мислеле дека можат да ги прават“, пишува Виџај Есваран, основач и извршен претседавач со QI Group of Companies.

Луѓето како Махатма Ганди, кој го предводеше не-насилното движење и ги натера британските колонизатори да ја напуштат Индија, или д-р Мартин Лутер Кинг, кој инспирираше цела генерација Афроамериканци да маршираат за нивните граѓански права, немале некаква посебна лидерска титула или пак имале работно место во владата. Нивниот порив и страст за каузата што е поголема од самите нив ги инспирирале другите да ги следат.

Јас верувам дека лидерот поседува четири внатрешни карактеристики. Иако некои луѓе се родени со овие карактеристики, на други им треба време да ги научат и да ги применат.

Лидерите преземаат дејства и одговорност

Повеќето луѓе удобно се скрасуваат во животите и улогите во кои се родени. Живеат медиокритетски, банални животи и никогаш не успеваат да го реализираат нивниот потенцијал. Потоа тука се тие кои се залагаат за предизвикување на статусот кво, бараат начини да се подобрат себеси и средината во која се наоѓаат. Станува збор за оние кои одбиваат да ги прифатат картите што им биле поделени и сакаат да ја променат играта. Вистинските лидери преземаат одговорност за нивните животи. Не им дозволуваат на другите да го одредат нивниот пат, или не дозволуваат околностите да ги спречат да ги преземат следните чекори во животот. Лидерите исто така преземаат одговорност за луѓето и средината во која ќе се најдат. Но, тоа не значи дека лидерите се` прават сами. Добрите лидери ја имаат совладано умешноста на делегирањето. Честа грешка што многу лидери ја прават е што во реализацијата на задолженијата одговорноста ја насочуваат на лица на пониска позиција, наместо да делегираат. Кога го правите тоа, ја напуштате вашата одговорност. Кога делегирате, помагате во формирањето на исходот, иако некој друг ја имплементира задачата. Треба да покажете отчет за резултатот. Преземањето дејствија е движечката сила на отчетноста. Оттука, клучно е да запомните дека делегирањето се однесува на задачите, не на одговорноста.  

Лидерите охрабруваат

Ние, како човечка раса, имаме внатрешна желба да припаѓаме. Да припаѓаме на заедница, класа, култура. Историјата ни покажува дека овој поттик да припаѓаме се манифестира како копнеж да бидеме дел од нешто поголемо од нас самите. Оттука, кога се појавува лидер кој ни го покажува патот како да бидеме подобри, не само како поединци, туку и како дел од нешто поголемо како група, тие кај другите создаваат растечко чувство на верба во себе. Оваа верба во себе е, во суштина, вистинско охрабрување. Вербата во себе помага да се изгради мостот од тоа каде сме до таму каде што би можеле и би требало да бидеме. Големиот лидер знае како да ги поттикне другите и да ги охрабри да веруваат во себе. Лидерот не се мери според тоа колку самиот напредувал, туку колку добро ги унапредил животите на другите. Најчесто, неуспехот е само резултат на недостаток на верба во себе. Лидерот помага да се создаде таа верба со предизвикување на стандардите на кои луѓето се навикнати и со тоа што ги тераат да излезат од нивната комфорна зона.

Лидерите се водени од целта

Лидерот се дефинира според целта што е поголема од самиот него. Кога таа цел служи за општо добро, станува платформа за одлично лидерство. Ганди ја сумираше филозофијата за животот со овие зборови: „Мојот живот е мојата порака“. Таа една реченица зборува многу за тоа како одбрал да го живее животот и да ја шири неговата порака за не-насилство, сочувство и вистина во светот. Кога имате цел што е поголема од вас самите, луѓето ќе го видат тоа и ќе се идентификуваат со тоа. Тие кои се водени од целта поседуваат благородност што го дефинира нивниот карактер. Тоа ги инспирира другите. Во неговата срж, целта на лидерството произлегува од вашиот идентитет, од суштината на тоа кој сте. Целта е разликата помеѓу продавачот и лидерот, и на крајот на краиштата, лидерот е тој кој врши влијание во светот.

Лидерите се грижат

Една од главните карактеристики на лидерите е нивната грижа и загриженост за другите. Покажувањето сочувство кон другите е внатрешна особина што другите можат да ја почувствуваат и да ја чујат кога се со вас. Таа живее во топлината и бојата на вашиот глас. Таа се покажува во секој чекор што го преземате. Лидерите кои се грижат имаат искрен интерес за другите. Тие целат подобро да ги запознаат луѓето со кои работат. Тие не се трудат симболично да се распрашуваат за другите од време на време, туку тие навистина сакаат да ги запознаат нивните луѓе и да ги охрабрат да бидат најдобри што можат. Кога грижата е искрена, таа е проткаена во се` што правите.

Како што покажува историјата, диктаторите, воените господари и освојувачи како Александар Македонски или Џингис Кан можеби воделе огромни војски, но по нивната смрт никој не се сеќава на нивната животна порака. Напротив, тие се паметат само по земјата што ја освоиле. Од друга страна, историските лидери како што се Махатма Ганди, Мајка Тереза, д-р Мартин Лутер Кинг Џуниор и Нелсон Мандела се дефинираат според грижата што ја покажале за другите. Нивното наследство влијаело врз верските системи преку кои ние функционираме и се водиме во секојдневните животи, дури и денес. За мене, ова значајно наследство, вкоренето во сочувството е она што го прави лидерот исклучителен.

Извор: Entrepreneur

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -