Митот за коронавирус – решен

Коронавирус (coronavirus) е вид на зараза која теоретски ги напаѓа само животните, но сепак постојат одредени видови кои можат да се пренесат и на луѓето, а токму таков вид е COVID-19 кој во последниот месец одзеде преку 4,600 жртви. Во моментов, научниците нагаѓаат од кое животно потекнува овој вирус. Првото посочено животно како можен извор на оваа пандемија беше лилјакот, но последната теорија е дека коронавирусот потекнува од ракови, поточно од нивниот оклоп. Оваа зараза почна да се шири од провинцијата Вухан во Кина, кон крајот на минатата година. До денес, 12.03.2020 год, во нашата земја регистрирани се 9 случаи на инфекции од коронавирус.

Во прилог се разрешени неколку митови во врска со оваа инфекција.

Поврзано:

Кој е најизложен на коронавирус?

Веќе се појавуваат извештаи од Кина кои посочуваат дека манифестацијата на симптоми на коронавирус зависи од пушењето. Имено, дури 52% од мажите во Кина пушат, додека пак процентот на жените пушачи е 2,7%. Оваа разлика се отсликува и на смртните случаи предизвикани од коронавирусот, т.е. само 1,25% од жените заразени со „корона“ се соочуваат со вечен крај, додека пак стапката на смртност кај кинеските мажи постари од 60 години е 10%.  Уште повеќе, околу 80% од смртните случаи во Кина се мажи над 60-годишна старост.

Оттука, претпоставката е дека долгогодишно пушење е еден од главните фактори за смрт предизвикана од коронавирус, а впрочем, постојаното пушење ја намалува моќта на имуниот систем па тие што веќе патат од хронични болести и пушат се највеќе изложени на оваа инфекција. За да ги поставиме работите во перспектива, од болести предизвикани од долготрајно пушење, годишно умираат околу милион Кинези, односно 2,739 лица дневно. За споредба, оваа стапка на смртност предизвикана од пушење не предизвикува загриженост во светски рамки или преземање конкретни мерки, така што излегува дека глобално, пушењето е многу посмртносно од „короната“.

Коронавирус

Статистичките податоци од Италија можат да ни ги посочат тие лица кои се најосетливи на инфекцијата на коронавирус. Таму се регистрирани над 10,000 случаи и овој број постојано расте. По Кина, Италија е земјата со највисок број смртни случаи предизвикани од „корона“. Таму, регистрирани се 630 смртни случаи, а овој број е значително повисок од следните три најтешко погодени земји заедно, односно вкупниот број на смртни случани предизвикани од коронавирусот во Иран, Франција и Јужна Кореа е 380.

Зошто најцрното сценарио се пишува во Кина и Италија?

Одговорот на ова прашање има повеќе аспекти. Делумно, високата смртна стапка се должи и на демографската состојба на Италијаните. На пример, во Италија процентот на луѓе над 65 години е повисок од САД, а токму старите лица се поизложени на оваа заразна болест. Повторно, и во Италија, пушењето се смета за важен ризик фактор, особено поради тоа што Италијаните се познати уживачи во оваа навика. Инфекцијата со коронавирусот предизвикува респираторни проблеми што пак може да доведе до пневмонија, нефукционирање на белите дробови, и во најлош случај – смрт. Од друга страна, пушењето предизвикува белодробни проблеми и заболувања, и како што кажавме претходно, го ослабнува имуниот систем. Според една скорашна студија, во Италија 21% од возрасното население се пушачи.

Коронавирус

И во Кина и во Италија, рапидното ширење на болеста делумно се должи и на локалните обичаи и традиции. Светската здравствена организација предупредува да се одбегнуваат блиски физички контакти, разменувања бакнежи, подавања рака, и тоа со добра причина – се спречува ширењето на заразата. Од друга страна пак, и Кинезите и Италијаните претпочитаат да се поздравуваат срдечно, од близу и долго.

Статистика во прилог на правилно толкување

Според досегашните епидемиолошки студии, ризикот од смрт предизвикана од коронавирус се зголемува со староста на пациентот. Кај пациентите постари од 80 години, шансите да доживеат фатален крај се 14,8%; 10,5% од лицата кои патат од срцеви заболувања можат да доживеат смрт; 7,3% од дијабетичарите; 6,3% од болните кои патат од хронични респираторни болести; 6%,  од лица кои патат од зголемен крвен притисок,  5,5% од пациентите со рак. Просечната старост на починатите пациенти од коронавирус е 81 година. Најголемиот дел смртни случаи се регистрани кај паценти на возраст од 80 до 89 години, односно 42,2%. Стапката на смртни случаи каи пациентите кои имале помеѓу 70 и 79 години е 32,4%, 8,4% кај тие на возраст помеѓу 60 и 69, и 2,8% кај оние кои ја живееле шестата деценија од животот, т.е. биле на возраст од 50 до 59 години. Почесто умираат мажи отколку жени, а жените кои починале од оваа болест биле постари од мажите. Според сево ова погорекажаното, подобра превентива од седењето дома нема.

Хигиената е половина здравје

Најефикасна превентивна мерка е личната хигиена –  не ги пипкајте очите, носот и устата со валкани раце, оддалечете се на 2 до 3 метри од лице кое кива или кашла, често мијте ги рацете со вода и сапун најмалку 20 секунди, испреплетете ги прстите и тријте ги дланките. Доколку не сте во можност да користите вода, тогаш употребете алкохолни раствори кои се подеднакво ефикасни. Маските, во принцип, треба да ги носат само здравствените работници кои се во близок контакт со заболени лица, а се носат со цел да ги заштитат здравите луѓе со кои доаѓаат во контакт.

Коронавирус

Коронавирусот важи за голем организам, така што која било маска би требало да го филтрира. Но, ако некој заразен кивне пред вас, добро е да знаете дека на вирусот му требаат 3 метри за да падне на земја и потоа веќе ништо не може да го покрене горе во воздухот.

Ако вирусот „слета“ на метална површина, ќе остане на неа најмалку 12 саати. Повторно, ако случајно сте допреле метална површина, најдобар начин да се заштите од „корона“ (а и ред други заразни болести) е темелно миење раце.

Во ткивоот, вирусот може да остане активен од 6 до 12 саати. Секое стандардно средство за миење алишта треба да го убие вирусот. Доколку мислите дека зимската облека која не мора да се пере секој ден и која можеби е погодена од вирусот, слободно оставате ја да се проверти на балкон, изложена на сонце, како вирусот би исчезнал.

Дали соодветна исхрана помага во борбата со коронавирусот?

Докторите инсистираат на фактот дека силниот имун систем е првата одбранбена линија. Проетините влегуваат во составот на сите клучни клетки на имуниот систем, односно во антителата и белите крвни зрнца кои пак се задолжени за уништување на вирусите. Исто така, поголемиот дел од храната богата со протеини содржи и микронутриенти како што се цинк, железо и витамин Б комплекс кои се неопеходни за отпорен и силен имун систем.

Коронавирус

Старите лица, вегетаријанците и веганите се соочени со недостаток на овие витамини и минерали. Светската здравствена организација постојано сигнализира на овој факт и препорачува да се конзумираат фосфолипиди, т.е. жолчка од јајце, маслиново или ленено масло, и риба, бидејќи се неопходни за опоравувањето на нарушените имунолошки функции. Не заборавајте дека здравјето на имуниот систем е тесно поврзано со гастроинтенстионалниот тракт со оглед на тоа дека 70 посто од имуниот систем е буквално сместен во нашите црева. Затоа, неопходни се пробиотски јогурт во секојдневната исхрана. Препорачливо е и конзумирањето на пробиотски суплементи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -