Микро, мали и средни претпријатија можат да добијат стандардизирани менторски услуги

Агенцијата за поддршка на претприемништво на Република Северна Македонија (АППРСМ) објави нов Јавен повик за спроведување на стандардизирани менторски услуги за микро, мали и средни претпријатија.

Поврзано:

Повикот ќе биде отворен до 19 јуни, 2020 година.

Во рамки на овој повик, менторските услуги се бесплатни и ќе се реализираат според одредена методологија, која беше развиена во соработка со Јапонската агенција за меѓународна соработка (JICA). Целта на методологијата е да обезбеди сеопфатна поддршка за непречен развој и подобри деловни резултати на економските субјекти во државата.

Методологијата опфаќа анализа на моменталната сосотојба и план за иден развој 

Заинтересираните компании на располагање ќе имаат обучено стручно лице – ментор, ко во текот на 50 часа,и ќе работи директно со сопственикот / законскиот застапник / управата на претпријатието. Сопственикот / застапникот / раководителот и менторот ќе ги проучуваат тековните активности, причините за тековните проблеми или пречките за натамошен развој, клучните потенцијали за раст врз основа на моменталната ситуациј, а потоа ќе подготвата акционен план или план за развој.

Стандардизираниот пакет услуги за микро, мали и средни претпријатија ќе се спроведува преку овластени ментори, работно ангажирани во надлежните  Регионални центри за развој на малите и средни претпријатија и кои се дел од Институционалната мрежа за поддршка на претприемништвото и малите и средни претпријатија на АППРСМ.

Услови за аплицирање

Услугата се однесува на бесплатно менторство за новооснованите микро, мали и средни претпријатија, не постари од 3 години од денот на објавување на Јавниот повик како и постоечки претпријатија, со бизнис подолг од 3 години (регистрирани пред февруари 2017 година), кои се наоѓаат во клучен момент за нивен понатамошен развој или опстанок на пазарот.

Право за учество на Јавниот повик за добивање на бесплатните менторски услуги имаат микро, мали и средни претпријатија, кои ги исполнуваат следниве услови:

  • да се регистрирани на територијата на Република Северна Македонија со доминантно домашен капитал;
  • ги подмириле сите јавни давачки (даноци и придонеси);
  • не водат деловна активност во рамките на воената индустрија и не организирајте игри на среќа / лотарија;

Пријавите со сите придружни обрасци и документација се доставуваат лично или по пат на регистрирана пошта до надлежните Регионалните центри во Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Велес, Струмица и Охрид со назнака: Барање за јавен повик за менторски услуги во 2020 година.

Јавниот повик е отворен до 19 јуни 2020 година, а обрасците за апликација и адресите на Регионалните центри се достапни на веб-страницата на АППРСМ.

За подетални информации, сите заинтересирани страни можат да се јават во Регионалните центри или АППРСМ преку е-пошта, mentoring@apprm.gov.mk.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

За успешен стартап бизнис, размислувајте како научник

Секој пат кога претприемачите или иноваторите добиваат идеја, вообичаено се прашуваат: „што можам да создадам за да ја тестирам идејата?“. Но би...
- Advertisment -