Март е месец на женската историја, но борбата за еднакви права трае цела година

„Приказната за борбата за еднаквост на жените не припаѓа на поединечни феминисти, ниту на некоја организација, туку на целосниот труд на сите кои се грижат за човековите права“ Глорија Стејнем, американска феминистка, новинарка, и општествена и политичка активистка.

Март е меѓународен месец на женската историја, но бидејќи жените пишуваат историја во текот на целата година, би се запрашале: зошто баш март? Што низ историјата се случило за овој месец да ја слави улогата на жената во општеството?

Месец март низ светот е обележан како месецот на женската историја, и 8ми март глобално се одбележува со одржување маршови за правата на жените, актуелизирање на борбата за еднаквост и ревидирање женската историја чие пишување не застанува тука.

Кратка историја

Во 1909 година, работничкото движење во САД, како и напорите да им се дозволи на жените право на глас добиваат на сила. Новинарката Тереза Малкиел, бегалка од Русија била дел од женскиот комитет во рамки на Социјалистичката партија на Америка. Таа верувала дека жените треба да заземат поголем дел од социјалистичкото движење, и таа година, таа го прогласисла 23 февруари за „Национален ден на жената“. На овој ден, во Њу Јорк, се собрале околу 2000 луѓе во Менхетен за да го прослават празникот.

женска историја

Клара Цеткин ја прифатила оваа идеја со ентузијазам и ја пренела во Европа. Но, наместо 23 февруари, паѓа одлука Меѓународниот ден на жената да се слави на 8 март во 1911 година, на денот на четириесетгодишнината од Париската комуна. Жените го прославиле денот со организирање масовни маршови и држење јавни говори за неопходната потреба жените да ги уживаат истите права.

Од ден до седмица до месец

Важноста на одбележувањето на  Меѓународниот ден на жената била препознаена од Обединети Нации дури во 1975 год, а празникот официјално бил признаен две години подоцна. Во 1978 год, Генералното Собрание на Обединетите Нации ја усвојува Конвенцијата за елиминација на сите форми дискриминација против жените, документ кој претставува меѓународен правен акт за правата на жените. Културата и традицијата се опфатени во оваа конвенција, каде се сметаат како сили кои ги дефинираат родовите улоги и семејните односи, и е првиот договор во светската историја кој ги потврдува репродуктивните права на жената.

Движењето станало толку многу популарно што луѓето почнале да лобираат за поформално одбележување, и во 1980 год, американскиот претседател Џими Картер ја прогласил првата „Недела на женската историја“ а за официјален датум бил избран 8ми март. Училиштата, универзитетите и локалните власти забележале дека оваа иницијатива не само што поттикнува едукација за достигнувањата на жените низ историјата, туку и овозможува простор за критички пристап кон (не)еднаквоста и можностите за жените во општеството. Во овој период, било прашање на време кога одбележувањето на „женската недела“ ќе прерасне во целомесечни активности поврзани со женските права. Така, во 1987 год, Март станал официјален Месец на женската историја.

женска историја

Борбата за еднаквост продолжува

Иако месец Март се одбележува со славењето на женската историја, борбата за еднаквост продолжува во текот на целата година, секојдневно.

Жените ја претставуваат половината од светската популација и со тоа ја сочинуваат и половината од светскиот потенцијал. Родовата еднаквост, и покрај тоа што е основно човечко право, е клучна ако сакаме да живееме во мирно општество, да го искористиме поголемиот дел од човековиот потенцијал и да овозможиме континуиран развој. Покрај тоа, статистиката покажува дека жените придонесуваат кон економскиот развој и зголемената продуктивност во глобални рамки.

женска историја

Но, патот до постигнување родова еднаквост и овозможување еднакви можности за мажите и жените е уште долг и не е целосно поплочен. Жените сё уште се помалку платени од мажите за истата работна позиција, иако ги поседуваат истите работни способности низ сите професии, вклучувајќи ги и оние во кои женската популација е позастапена, како медицински персонал или наставен кадар.

женска историја

Според Обединетите Нации, 2020 година е особено важна за родовата еднаквост. Придобивките од родовата еднаквост не се однесуваат само на жените и девојките, туки на сите жители на светот чии животи би претрпеле драстични промени доколку општествотот им нуди фер можности. „Немаме еднаков свет во моментот и жените се лути и загрижени за нивната иднина. Тие покажуваат радикална нетрпеливост за промена. Оваа нетрпеливост е длабока и се „крчка“ со години. Но и со постигнатиот напредок изминативе години, ниту една земја во светот нема постигнато родова еднаквост,“ вели изјавата на извршната директорка на ОН Жени, Фумзиле Мламбо-Нгцука. Затоа, борбата и подигањето на свеста во општеството продолжува не само низ овој месец, туку низ целата година, а жените ја имаат таа моќ и способност да се организираат, да го кренат својот глас и да ги донесат и сносат неопходните промени.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -