Мајка и деловна жена – како да функционирате во двете улоги

Да се најде баланс помеѓу работата и домот не е лесна задача за многу мајки. По турбулетното утро, следува напорен работен ден, а потоа ве очекуваат полни раце работа со семејството. Експертите велат дека доколку имате позитивен став кон работите можете многу лесно да излезете на крај.

Без чувство на вина

Прво што треба да направите е да го заборавите чувството на вина дека нема да бидете со децата поголем дел од денот. Сигурно ефикасно сте го решиле нивното чување додека не сте дома и затоа оставете ги грижите. Ништо нема да постигнете ако цело време размислувате дали сè ќе помине во најдобар ред. Верувајте дека нема да биде поинаку.

Предвремена подготовка

Ништо не оставајте за следниот ден, сè нека биде спремно предвреме. На тој начин утрата ќе започнат мирно и релаксирано, ќе имате повеќе време за вас и вашите најмили и денот ќе биде попродуктивен.

Квалитет пред квантитет

Без разлика што и да правите, квалитетот нека ви биде приоритет. Можете со часовите да бидете присутни во домот, а да изостане дружбата со децата. Истото важи и за работните обврски. Нема потреба да седите во канцеларијата прекувремено ако работата “стои“. Затоа, што и да правите, направете го онака како што треба.

На работа – засукајте ги ракавите, избркајте ги мислите и завршете го започнатиот проект.

Дома – оставете ги сите домашни задачи и посветете им се на децата. Смислете заедничка активност што сите ќе ве направи среќни.

Елиминирајте ги работите што ви пречат

Додека сте во канцеларијата, фокусирајте се на работата. Не дозволувајте никој и ништо да ви го одвлекува вниманието. Почитувајте го предвидениот рок. Разговорите со колегите и социјалните мрежи нека бидат во втор план.

Така и дома, кога сте заедно со децата посветете им се во целост. Сите останати активности, како средувањето на куќата/станот можат да почекаат.

На крајот сè зависи од вас и начинот на кој ќе ги организирате работите. Запомнете, вие сте добра мајка и вреден работник, треба само да верувате во себе и да негувате позитивен став.

Фото: Pixabay

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -