МАРИЈА ТАНАСОСКА: „За посериозен раст и развој на женското претприемништво, компаниите сметаат дека се потребни поразновидни финансиски инструменти“

„Направи да биде возможно“ (Make it Possible) – е мотото со кое компанијата за која работам настојува да ги мотивира вработените и клиентите, со взаемен каталитички пристап да создадат подобра иднина за сите. Бизнисот на Паладиум Интернешнел, распространет во повеќе од 90 земји, има за цел да помогне светот да биде подобро место за живеење, а и ние во компанијата  цврсто веруваме дека со соработка и системски пристап може да се оствари напредок и да се успее.

Поврзано:

Денес не е доволно да остварите само комерцијален раст без притоа да создадете услови за социјален напредок. Едното се надополнува со другото. Кога ги имате и двете, само тогаш сте оствариле позитивен ефект.

Денес не е доволно да остварите само комерцијален раст без притоа да создадете услови за социјален напредок. Едното се надополнува со другото. Кога ги имате и двете, само тогаш сте оствариле позитивен ефект. Сведоци сме на глобалната поврзаност и меѓусебна зависност, оттука во компанијата настојуваме да развиваме стратегии, да градиме партнерства и имплементираме програми кои ќе имаат долгорочен социјален и финансиски ефект. За таква реалност потребни се различни идеи и размислувања, нови пристапи и креативни решенија. Професионалната, културната, социјалната разновидност на нашите тимови ни овозможува предизвиците да ги анализираме од различни аспекти, а потоа каталитички да ги структурираме активностите и да помогнеме целите да станат возможни.

Паладиум Интернешнел во Република Северна Македонија е вклучен во реализација на два проекти. Јас сум дел од тимот на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем и ја раководам т.н. компонента „пристап до финансии“. Станува збор за четиригодишен проект, кој започна кон крајот на 2017 година и треба да помогне да се трансформира конкурентноста на микро, малите и средните претпријатија (ММСП) во земјата преку зајакнување на деловните услуги, финансирањето и пазарните врски, за овие фактори да катализираат значителен пораст на продуктивноста и вработувањата во овој вид компании.

Иновативни решенија за помош на ММСП

Целите на проектот се обезбедување помош за организациите за деловна поддршка (комори, асоцијации, здруженија) да развијат или да ги подобрат услугите наменети за ММСП; да се олесни пристапот до финансиски средства наменети за овие компании; и да го поттикне приватниот сектор да инвестира во своите синџири на снабдување со што би се создале услови за раст и развој на работната сила. Опсегот на активности е прилично широк, особено поради фактот што не сме секторски ограничени, но и поради тоа што цел се сите ММСП во Македонија. Илустративно, според податоците на Заводот за статистика на РСМ во 2019 год, бројот на активните деловни субјекти изнесувал 76 илјади од кои 80% се микро компании. За нив, олеснување на пристап до финансии подразбира помош за компанијата, преку финансиска експертиза да развие финансиски план врз основа на кој менаџерот на фирмата ќе комбинира и избере финансиски инструменти со кои ќе реализира зголемени приходи и добивка.

Со приближување на релевантните информации до консултантите и компаниите успеавме да ја подигнеме свеста за инструментите кои се расположливи на локалниот финансиски пазар и да ја подобриме интерактивноста помеѓу чинителите во екосистемот.

Нашето решение се состоеше во развој на финансиска платформа, каде во соработка со повеќе од 40тина финансиски фасилитатори и 30тина институции и организации од финансискиот и јавниот сектор, беа промовирани финансиски инструменти дизајнирани и наменети за микро, малите и средните претпријатија. Со приближување на релевантните информации до консултантите и компаниите успеавме да ја подигнеме свеста за инструментите кои се расположливи на локалниот финансиски пазар и да ја подобриме интерактивноста помеѓу чинителите во екосистемот. Не треба да се очекува менаџерите, особено на микро и малите компании, да бидат експерти за сè, особено за специфичностите кои ги бара финансискиот пазар. Праксата покажува дека успешните менаџери инвестираат во добар консултант бидејќи на тој начин подобро комуницираат со институциите и поефикасно ја ползуваат понудата на средства и инструменти. Од досегашните активности поврзани со пристапот до финансии, со помош на проектот, без малку осумстотини микро, мали и средни претпријатија добиле експертска поддршка од кои 530 компании успешно пристапиле и обезбедиле финансиски средства во висина од околу 80 милиони американски долари. Една третина од овие компании се управувани или се во сопственост на жени.

Традиционалниот финансиски пазар не нуди многу производи за жени претприемачи

Од аспект на традиционалните изворите на финансирање (банкарскиот сектор), на локалниот финансиски пазар, нема особено дефинирани инструменти кои го стимулираат женското претприемништво. Постојат мал број инструментите кои нудат делумно олеснителни услови за пристап до изворите на финансирање, но цената на капиталот на тие извори е целосно пазарна и не содржи посебна атрактивност за нивно ползување. Поструктурирана поддршка нуди државата преку развивањето на стратегијата за поддршка на женското претприемништво и преку економските мерки вклучени во нејзините годишни оперативни планови. Сепак, за посериозен раст и развој на женското претприемништво, компаниите сметаат дека се потребни не само поголеми фондови од сега расположливите, туку и поразновидни финансиски инструменти кои ќе овозможат економската активност на жените да прерасне во бизнис кој ќе ги монетизира нивните вештини, знаења и организациски способности.

Факт е дека во нашата земја има многу успешни жени претприемачи кои несебично помагаат на заедницата, впрочем потврда за тоа е и Women in Adria MK, каде целта на вмрежувањето не е само бројност и етикеција, туку напротив, размена и споделување на информации, знаења, искуства.

Факт е дека во нашата земја има многу успешни жени претприемачи кои несебично помагаат на заедницата, впрочем потврда за тоа е и Women in Adria MK, каде целта на вмрежувањето не е само бројност и етикеција, туку напротив, размена и споделување на информации, знаења, искуства. Организациите од овој вид, преку нивната соработка со слични други организации, на пример CEED Macedonia, но и со надлежните институции, помагаат во посоодветна дисеминација на информации што се корисни за развој на бизнисите. Така, нашиот проектот, заедно со CEED Macedonia, поддржува развој на услуги што помагаат стартап компаниите своите иновации да ги обликуваат во корпоративен бизнис концепт и притоа да пристапат до соодветни микро инвестиции. Жените, иако етикетирани како љубопитни и креативни, многу помалку се охрабруваат своите иновативни решенија да ги формализираат во бизнис модел. Во почетните фази на воспоставувањето на бизнисот, добриот совет и менторската соработка со искусни менаџери, понекогаш носи поголема додадена вредност отколку позајменото купче пари.

Бизнис стратегија и вмрежување – појдовни точки за успешен бизнис

Опстојувањето и одржливоста на еден бизнис секогаш се потпира на добро разработена стратегија. Овие планови, иако се базираат на квантификација на познатите материјални инпути, флексибилноста на деловната активност би можела да биде особено осетлива на квалитетот на нематеријалните ресурси Во услови на нарушени економски услови, кога компаниите се соочуваат со намалена или целосна деловна неактивност, ликвидноста е првиот показател на деловната стабилноста и отпорност. Оттука, инвестирање или купување експертиза од сектори кои не се во доменот на нашата вокација, пристап до точни и навремени информации, градење соработка и партнерства со професионално референтни организации се преференци кои го олеснуваат процесот на деловни одлуки и го предвидуваат очекуваниот ризик.

Претприемачот е посветен да го реализира својот сон. За успешна реализација на неговата цел покрај неговата волја, труд и инвестиции, потребен е и системски пристап во кој сите чинители на екосистемот заеднички со соработка и партнерство ќе оствариме комерцијален раст и социјален напредок. Само тогаш ќе постигнеме позитивно влијание. 

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -