Македонските производи во онлајн продавници со ознака „Купувам домашно“

Владата донесе уредба со којашто ги задолжува правните и физички лица вршители на стопанска дејност преку онлајн продажба на интернет страници посебно да ги издвојат македонските производи и услуги и да ги означат со видна ознака „Купувам домашно“, како и да постават известување на видно место на насловната интернет страница, како и на страницата за плаќање, со кое ги известуваат купувачите дека со домашната платежна картичка може да плаќаат само македонски производи и услуги кои се означени со таа ознака.

Дополнително, според измените и дополнувањата на Уредбата со законска сила за финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници, преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба, правните и физички лица во објектите за трговија на мало се должни да обезбедат посебно обележани рафтови, гондоли и слично, со ознаката „Купувам домашно“, каде ќе бидат изложени македонски производи, или да ги означат со видна ознака/етикета/налепница „Купувам домашно“ заради нивно лесно препознавање.

Согласно Уредбата, за прометот на македонски производи и услуги, правните и физички лица издаваат фискална сметка која задолжително содржи линија за вкупен промет остварен од македонски производи со текст промет од македонски производи, пресметан данок на додадена вредност од македонски производи прикажан по даночни стапки и вкупен износ на данок на додадена вредност од македонски производи.

Олеснувања за производителите на вино

Владата на седницата одржана на 22 јуни, ја разгледа и усвои информацијата и даде согласност на измените на Правилникот за висината на надоместокот за извршените работи на Државниот инспекторат за земјоделство, со кои се олеснуваат условите за упис во регистарот на производители на вино на физички лица и мали винарски визби, и ја намали за висината за надоместокот од 10.000 денари на 1.500 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино до 30.000 литри годишно и 5.000 денари за винарски визби со капацитет на преработка и чување на вино над 30.000 литри.

Ова намалување на надоместокот нема да ги намали приходите во Буџетот на Државниот инспекторат за земјоделство, туку напротив, ќе ги зголеми заради интересот на околу 100 физички лица и мали винарии да се регистрираат во регистарот на производители на вино.

Превозот на патници се враќа во нормала

Владата исто така го прифати предлогот на Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за престанување на забрана и посебен режим на движење на територијата на Република Северна Македонија и со тоа се овозможува да се врати редовната состојба на организиран превоз на патници од и во подрачјето на Општина Тетово, и од општините Теарце, Боговиње, Желино, Врапчиште, Гостивар, Јегуновце, Брвеница, Маврово, Ростуше и град Скопје.

На оваа седница е донесен и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во автомат клуб и Протоколот за отворање и работа на приредувачите на игри на среќа во казино.

Продолжува примената на економските мерки

Владата донесе изменување и дополнување на Уредбата со законска сила за примена на Законот за акцизите за време на вонредна состојба, со кои се изедначи акцизата на маслото за греење со акцизата на маслото кое се користи како погонско гориво и на тој начин ќе се оневозможи злоупотребата на користењето на гасното масло за греење спротивно на неговата намена. Притоа, истото ќе овозможи и сузбивање на сивата економија, заштита на животната средина, заштита на потрошувачите и пазарот од нелојална конкуренција и ќе се отстранат причините кои го оштетуваа Буџетот на Државата, граѓаните како и компаниите кои работат со нафтени деривати.

Владата ја продолжи мерката за поддршка на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот КОВИД-19 со ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на личен доход и за месеците јуни и јули 2020 година.

На оваа седница се донесени измени на Уредбата со законска сила за примена на Законот за данокот на добивка за време на вонредна состојба, со што се продолжи мерката за ослободување од плаќање на износот на аконтациите на данокот на добивка и за месеците јуни и јули 2020 година, како мерка за ублажување на последиците на компаниите кои претрпеле штети во своето работење поради ширење на коронавирусот – КОВИД-19.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Вината на Тиквеш и на Tikveš Châteaux & Domainеs со златни...

Вина на Тиквеш и на Tikveš Châteaux & Domainеs освоија пет високи признанија на престижниот вински натпревар Citadelles Du Vin 2020, којшто...
- Advertisment -