Македонскиот финансиски сектор стабилен и во услови на криза

Претставници на сите членки на Македонската банкарска асоцијација, банките, штедилниците, Клириншката куќа и Македонското кредитно биро се сретнаа со министерот за финансии, Фатмир Бесими.

Бесими истакна дека банкарскиот сектор и финансиската стабилност на истиот е од исклучителна важност за развојот на економијата преку поддршка на домаќинствата и корпоративниот сектор и тоа преку полесен пристап за кредитирање, депозити и други финансиски услуги.

Тој посочи и дека е добро што во услови на криза финансискиот систем остана стабилен.

„Нашиот банкарски сектор покажа уште еднаш дека е резистентен.  Адекватноста на капиталот изнесува 17%. Ликвидната актива изнесува 30% во однос на вкупната актива и ниско учество на лошите кредити од 4,7%, како и остварена добивка во првата половина од годината, која што е природен извор на нов капитал, банкарскиот систем е доволно силен да апсорбира евентуални загуби предизвикани од кризата,“ рече Бесими.

Претседателката на Македонската банкарска асоцијација, д-р Маја Стевкова – Штериева, се осврна на реализираните и тековните активности на асоцијацијата од почетокот на ковид – кризата до денес.

„Банкарскиот систем во секој момент може да одговори на потребите на граѓаните и компаниите, преку квалитетна и соодветна кредитна поддршка и клучно – преку безбедност за нивните депозити. Тоа се темели на стабилноста и сигурноста на банките, штедилниците и банкарскиот систем,“ истакна Стевкова-Штериева.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Македонската Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот со национален...

Десет македонски компании, кои заеднички изложуваат свои производи на националниот павиљон, оваа година учествуваат на дигиталното издание на Хановер Месе, пренесува бизнис...
- Advertisment -