Македонија ќе стане регионален стартап центар каде младите ќе може да ги реализираат своите бизнис идеи

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, оствари средба со в.д директорот на Фондот за иновации и технолошки развој Коста Петров, на која се разговараше за спроведувањето на тековните проекти и наредните планови и проекти на Фондот. 

Вицепремиерот Битиќи, на првиот работен состанок со директорот Петров, нагласи дека изминатите три години Фондот во потполност ја исполни својата функција, стана препознатлива институција која ги поддржува микро, малите и средните претпријатија, а преку соодветните инструменти за поддршка значително ги олесни и ја забрза реализацијата на проектите за технолошки развој, а да даде и значителен придонес во креирањето на иновативни решенија и во дигитализацијата на компаниите.

Фондот за иновациии и технолошки развој во овие три години поддржал над 550 субјекти, што е навистина одлична бројка, посочи вицепремиерот и додаде дека со ентузијазмот и меѓународното искуство кое го поседува Петров, очекува бројот на поддржани компании од година во година да се зголемува, што ќе значи побрз економски раст и развој на Северна Македонија.

Максимално искористување на буџетските средства

Директорот на ФИТР Петров посочи дека максимално ќе се посвети ефикасно и ефективно да се искористат буџетските средства во Фондот. Тој нагласи дека нашата земја изобилува со млади, креативни и иновативни луѓе, а Фондот е вистинско место кадешто може да се обратат, да добијат стручна помош за развој на нивните проекти, но и финансиска поддршка за нивна побрза реализација. Микро, малите и средните компании, стартап и спиноф фирми остануваат во фокусот на работата, со оглед на тоа што овие компании имаат огромен потенцијал за раст, како на приходи така и на бројот на вработени, што пак директно ќе влијае на економијата.

Вицепремиерот Битиќи и директорот Петров се согласија дека потенцијалот за развој на стартап компаниите во земјата е огромен, а во наредните години заеднички ќе работат на тоа Северна Македонија да ја направат регионален стартап центар, каде секое младо лице со идеја ќе може да ги оствари своите бизнис идеи.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -