Македонија: Финансиска поддршка од 20 милиони евра за зајакнување на конкурентноста на домашниот приватен сектор

Министерот за економија Крешник Бектеши, на вчерашната прес-конференција во Владата, информираше дека ќе се обезбедува финансиска поддршка чија цел е зајакнување на конкурентноста на домашните деловни субјекти во периодот што ќе следи кога пандемијата на Ковид-19 ќе биде под контрола.

Мерката ќе се обезбеди преку Уредбата со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во пост КОВИД -19 периодот, која на предлог на Министерството за економија беше усвоена во Владата.

Ќе се поддржуваат компании што имаат инвестициски план

Министерот рече дека третиот пакет мерки кој го донесе Владата за справување со негативните ефекти од корона-кризата предвидува поддршка за граѓаните, за бизнисот и за претпријатијата, а фокус на овие мерки е ревитализација, опоравување на економијата и стимулирање на потрошувачката и на индустријата.

„Една од мерките во Третиот сет мерки која што ја најавивме е Финансиската поддршка од 20 милиони евра наменета за приватниот сектор, односно за компаниите кои и во оваа кризна ситуација продолжија да работат и да инвестираат во нивниот раст и развој, конкурентност и модернизација”, потенцираше Бектеши.

Според министерот, целта на оваа мерка е да се помогнат компаниите кои ќе ги изгубат пазарите, да направат повторен влез преку зголемување на нивната конкурентност, модернизација на процесите, подобрување на продуктивноста со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за опоравување на економијата на земјата.

Критериуми за аплицирање

Бекштеши посочи дека оваа мерка опфаќа компании кои во текот на 2020 година имаат започнато реализација на инвестициски проект, работат во производствени сектори (освен оние кои се исклучени од оваа можност согласно Законот за контрола на државна помош), потоа деловни субјекти што вршат трговија доколку инвестираат во основни средства, или пак фирми кои вршат дејности од областа на информациско-комуникациски услуги, доколку инвестицијата опфаќа воспоставување на нова организациона единица за технолошки развој, истражување и/или развој на ново софтверско или хардверско решение.

„Висината на финансиската поддршка изнесува 25% од реализираната инвестиција според инвестицискиот план што ќе го достави апликантот ,но не но не повеќе од 40.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година не повисок од 1.000.000 евра, 100.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 1.000.001 евра до 10.000.000 евра, 140.000 евра за компании кои оствариле вкупен приход во 2019 година од 10.000.001 евра до 50.000.000 евра , 200.000 евра за компании кои оствариле приход во 2019 година повеќе од 50.000.000 евра”, рече Бектеши.

Уредбата предвидува секоја компанијата што ќе добие финансиска поддршка е обврзана да достави извештај за текот на реализацијата на инвестицискиот план до  31.01.2021 год, со приложени докази дека активностите се реализираат во рамки на инвестицискиот план за кој е исплатена финансиската поддршка. Доколку деловниот субјект не успее да ја заврши инвестицијата или не успее да ја докаже минимум 80% од вредноста на инвестицијата ,треба да ги врати средствата не подоцна од 01.03.2022 година.

Рокот за аплицирање трае до крајот на следниот месец

„За реализација на оваа мерка како што кажав предвидени се 20 милиони евра, а Министерството за економија ќе објави Јавен оглас кој ќе трае до 31 јули 2020 година на кој што ќе може да се пријават компании од сите големини, а кои што ги исполнуваат условите. Компаниите кои што ќе аплицираат ќе треба да достават меѓу другото: инвестициски план, тековна состојба на деловниот субјект, биланс на успех за 2019 година, пресметка на аконтациите на данокот на добивка за месеците март, април и мај 2020 година”, истакна министерот, и додаде дека главна цел на Владата во овој кризен период е да се поддржат компаниите од оваа криза да излезат победници. Тоа ќе придонесе за позитивни ефекти во целата економија, а во исто време компаниите ќе се мотивираат да инвестираат во својата деловна активност и да отвораат нови работни места како одговор на кризата предизвикана од Ковид-19 и закрепнувањето по неа.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -