Македонија: Продолжува мерката за финансиска поддршка за исплата на плата и во јуни

Работодавачите и самовработените лица ќе можат да ја користат мерката за финансиска поддршка за исплата на плати од 14.500 денари, освен за месеците април и мај 2020 година, и во месец јуни годинава.

Оваа мерка за месец април 2020 година, ја искористиле 5.178 самовработени лица и 19.738 компании во кои се опфатени околу 130.000 вработени, а со мерката субвенционирање на придонеси опфатени се 12.092 вработени од 1.700 компании, информираат од Управата за јавни приходи.

Обработката на подтоците за месец мај е во тек

УЈП ги обработува барањата за месец мај, а согласно последните обработки досега за мерката финансиска поддршка за исплата на плата за месец мај 2020 год, прифатени се 20.834 барања на компании, односно на 5.704 барања на самостојни вршители на дејност, а за мерката субвенционирање на исплатата на придонеси прифатени се 2.428 барања.

УЈП врши и контрола и анализа на злоупотреба на одобрените и исплатените финансиски средства. Воедно апелира и ги охрабрува граѓаните кои сметаат дека работодавачите земале финансиски средства по оваа мерка, а не им ја исплатиле платата, да поднесат претставка до Управата за јавни приходи или до Државен инспекторат за труд.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -