Македонија: Повеќе расположливи статистички податоци за инвестициските портфолиа

Народната банка постојано работи на подобрување и проширување на статистичките податоци и нивно усогласување со меѓународните статистички стандарди.

За таа цел, Народната банка започнува од овој месец редовно да објавува нови подетални прегледи со податоци за состојбата на вложувањата на резидентите во странски хартии од вредност.

Во досегашните статистички прегледи за инвестициските портфолиа на нашите резиденти во странство, беа опфатени неколку димензии на вкупните, сопственичките и должничките хартии од вредност – приказ врз основа на земјата во која се инвестира, врз основа на оригиналната валута (за вкупните вложувања), врз основа на секторот на домашниот инвеститор, како и врз основа на рочната структура на должничките хартии од вредност.

Нова методолија за приказ на вложувањата

Во новите прегледи, податоците за вложувањата во странски хартии од вредност ќе бидат прикажани врз основа на неколку вкрстени димензии. Имено, со новите прегледи ќе се овозможи вкрстено прикажување на податоците за инвестициските портфолиа, кое ќе ги опфати институционалниот сектор и земјата на издавачот на странската хартија од вредност, како и институционалниот сектор на домашниот инвеститор и институционалниот сектор на издавачот на странската хартија од вредност, за одредена група земји.

Со вкрстеното прикажување на податоците според наведените обележја значително се зголемува аналитичката вредност на објавените податоци за инвестициските портфолиа – средства во рамките на извештајот за меѓународна инвестициска позиција.

Народна банка ќе го известува Меѓународниот монетарен фонд

Воедно, новите прегледи ќе се доставуваат и до Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во рамките на истражувањето за инвестициски портфолиа (КППИ), како дел од статистичкиот стандард СДДС плус.

Доставувањето на овие податоци од страна на носителите на статистички истражувања до Меѓународниот монетарен фонд е доброволно. Оттука, одлуката и подготвеноста на Народната банка да ги доставува и овие податоци во рамките на највисокиот статистички стандард на ММФ е уште една потврда на нејзините постојани напори за целосно исполнување на највисоките статистички стандарди.

Во согласност со календарот на објавување податоци, овие податоци ќе се објавуваат на редовна полугодишна основа и ќе бидат достапни преку статистичкиот веб-портал на Народната банка НБСтат.

Проширениот сет расположливи статистички податоци за инвестициските портфолиа, со податоци со состојбата за 30 јуни 2020 година, веќе е објавен на веб-порталот НБСтат.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -