Македонија: Најниската цена како критериум за јавните набавки е проблем за компаниите

Најниската цена како критериум во јавните набавки и понатаму претставува проблем за фирмите кои учествуваат во тендерите, додека 48% од компаниите сметаат дека има корупција во набавките.

Податоците се содржат во најновиот извештај на Центарот за граѓански комуникации и спроведениот мониторинг на јавните набавки за периодот јули – декември 2019 година, подготвен врз основа на резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендер, пренесува МИА.

Во 97% од тендерите е користена најниската цена како критериум за избор на најповолна понуда, а електронската аукција е применета во дури 94% од тендерите. Според Центарот за граѓански комуникации, ваквото постапување на институциите не е во согласност со актуелните европски трендови, ниту пак соодветствува на барањата на бизнис заедницата.

„За три четвртини од фирмите ,најниската цена’ како критериум за избор е најчест проблем со којшто се соочуваат во јавните набавки. Задоцнетото плаќање повторно избива како голем проблем за фирмите кои просечно чекаат седум месеци за наплата на побарувањата за завршените набавки. Вкупно 48% од фирмите сметаат дека ,секогаш’ или ,често’ има корупција во јавните набавки. Компаниите го оценуваат процесот на јавни набавки во земјава со просечна оценка од 2,82 (на скалата од 1 до 5), што е незначително намалување во однос на лани, кога оценката беше 2,87“, наведуваат од Центарот за граѓански комуникации.

Простор за злоупотреба и манипулации во спроведувањето на јавните набавки?

Мониторингот покажал дека честите поништувања на тендерите, причините за поништувањето и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја отвораат дилемата дали со поништувањата се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или пак манипулациите.

Во 2019 година, во директни преговори и без објавува на оглас, склучени се 368 договори со вкупна вредност од 40 милиони евра, што значи дека во однос на претходната година намален е бројот на договори, но вредноста е зголемена за 21%.

Мониторингот на јавните набавки се спроведува во рамките на активноста Јавно трошење за јавно добро, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -