Македонија: за една недела угостителите ќе работат до 21ч

Од 21 јануари кафулињата и рестораните повторно ќе работат до 21 часот.

Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека епидемиолошката слика во земјава е стабилна, се намалува бројот на хоспиталиизрани пациенти во болниците и има слободни болнички кревети, со што се овозможува враќање на работното време на угостителските објекти.

„На 21 јануари ќе се донесе одлука за продолжување на работата на угостителските објекти до 21 часот, но и можноста нивното работно време да се продолжи до 23 часот“, истакна Филипче.

Се менува само работното време на угостителите

„Единствено нешто што ќе се случи на 21 јануари е работното време на угостителите сигурно да се продолжи до 21 часот, а согласно проценката на ситуацијата до 21-ви, евентуално да се разгледа нивното барање за работа до 23 часот. Меѓутоа, сите други мерки остануваат во сила“, рече Филипче.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -