Македонија: Дали неработната недела ќе има негативни последици врз стопанството?

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи вчера учествуваа на онлајн состанок со претставници на Сојузот на Стопанската комора на Македонија и претставници од Министерството за економија, на којшто се разговараше за сите аспекти од новото законско решение денот недела да биде неработе – иницијатива прифатена од страна на Владата на Република Северна Македонија.

Министерката Шахпаска ја потенцираше важноста на овие консултативни средби и можноста за отворена дискусија и учество на претставниците на сите засегнати страни со цел изнаоѓање издржано решение кое ќе одговори на потребите, но и ќе овозможи нормално функционирање на општеството.

Длабински анализи се во тек

„Исклучоци од правилото дека недела ќе биде неработен ден секако дека треба да има. Особено во поглед на дејностите кои се од витално значење за функционирање на општественото живеење, како што е здравството, полицијата, противпожарната служба и други дејности. Се прават темелни анализи, се консултираат сите засегнати страни со единствена цел да дојдеме до сеопфатно решение,“ посочи Шахпаска.

Од страна на Сојузот на стопанската комора на Македонија беа презентирани првичните резултати од направената анкета која опфаќа 1.160 испитаници од различни сектори. Според истражувањето, на прашањето за негативните последици по однос на деловното работење доколку недела биде прогласена за неработен ден, само 25% од испитаниците кажале дека ќе има негативни последици, додека останатите 75% сметаат дека такви последици нема да има.

Учесниците на состанокот се согласија дека оваа анкета ќе даде значаен придонес во креирањето на ова ново законско решение.

Извор: biznisinfo.mk

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -