Лидерството е како да се занимавате со импровизаторска глума

Една од вештините што сите ние треба да ја развиеме ако сакаме да бидеме и да се однесуваме како лидер е да ги развиеме вештините што ги поседува актер кој работи со импровизации, често пати без дадено сценарио. Базичниот аспект на кој било актер импровизатор е способноста да биде целосно присутен во моментот и да одговори на дразбите што доаѓаат од публиката и средината. Како лидери, треба да сме способни и ние да го направиме истото, смета Мукеш Гупта кој работи за германската мултинационална софтверска компанија SAP како адвокат за клиентите.

Така што, ако дразбите бараат од нас да бидеме обучувачи, треба да сме во можност да го канализираме нашиот внатрешен обучувач. Ако дразбите бараат од нас да бидеме менаџери и да обезбедуваме јасни инструкции за тимот, треба да сме способни да го канализираме нашиот внатрешен менаџер токму во тој момент. Ако нашите дразби ни посочуваат дека треба да бидеме активни слушатели, треба да сме во можност да ја канализираме нашата способност да седнеме и да слушаме. Ако е потребно од нас да бидеме двигатели на промена, треба да можеме да ја канализираме таа способност кај нас.

Ја сфаќате поентата. И, треба да сме во можност да го сториме тоа во даден момент. Така што, лидерството воопшто не е едноставно.

Ако се сложуваме со оваа аналогија, тогаш исто така треба да погледнеме што овие актери на импровизацијата го прават за да бидат најдобри во нивната работа. Во продолжение се неколку насоки што секој добар импровизаторски актер прави за да биде одличен во работата и за да продолжи да напредува:


Вежба

Тие многу вежбаат кога влоговите се ниски или незначителни. Ние треба да откриеме простори каде влоговите за направена грешка се ниски и да ја вежбаме нашата способност да го канализираме нашиот внатрешен менаџер, слушател, двигател на промената или визионер, или што и да е тоа што треба да го направиме по потреба.

Основното правило за кој било импровизаторски чин се состои во тоа актерот да ја прифати реалноста што му е одредена. И потоа да се надоврзе на неа. Актерот не може да се врати на она што веќе било кажано или дадено. Така што, единствениот пат е напред.

Без грешки

Во импровизирањето не смеат да се случат грешки. Потребен е начин на размислување што не може да биде контрадикторен со се` што се случува околу вас. И, кога еднаш ќе прифатиме што веќе се случило, тогаш можеме да се фокусираме на тоа како да одговориме на таа реалност. Поголемиот дел од вашето време, фокус и внимание треба да биде одговор на ситуацијата наместо обид да се најдат грешки.

Има време кога ќе можете да откривате каде работите тргнале наопачки. Тоа е времето кога сте сами со себе или со вашиот тим кој во тој момент не работи и конкретно е свикан за да разбере што се случило. Но, дури и тогаш, како лидер, треба да сте во можност да ги промените улогите по барање, од критичар до навивач, или се` помеѓу, во зависност од она што му е потребно на вашиот тим да бидете.

Целото внимание е на вашиот партнер

Во чин на импровизација, ако не сте целосно присутен и одговарате соодветно на вашиот партнер или партнери, можете лесно да бидете фатени. Така е и кога раководите со тим или организација. Луѓето лесно можат да насетат кога не сте целосно присутен. Лидерството подразбира одговорност и отчетност пред луѓето со кои раководите. Така што, екстремно е важно да бидете целосно присутни во моментот. Еден начин да се постигне тоа е со регулирање на дишењето со цел цврсто да се закотвите во сегашноста (повеќе информации за ова можете да најдете тука).

Не оставајте никого позади

Импровизаторското актерство е тимска игра. Така е и раководењето со тим. Тимот е толку успешен колку што се индивидуалните членови на тимот. Наша одговорност е да бидеме сигурни дека сите во нашиот ја имаат нашата целосна поддршка за нивен успех во која било друга улога.

Заклучок

Верувам дека лидерството изискува многу напорна работа и дека станува збор за меѓународен спорт. Не смеете и не би требало да одите во сон додека ја исполнувате вашата лидерска улога. Ова исто така покажува дека не ви е потребна титула за да бидете лидер. Се` додека го покажуваме таквото однесување и работиме на остварување на заедничката цел со група луѓе, ние сме лидери.

Извор: business2community.com

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -