Лидерите треба да поседуваат одредени меки вештини за тимот да биде поефикасен

Како никогаш досега, имаме потреба од силни водачи. Поради моменталната здравствена криза што забрзано ги пренесе нашите животи во дигиталната иднина, и поради кренатиот превез од историјата на системскиот расизам, време е колективно да дадеме нова дефиниција за вистинскиот водач – и тоа да го сториме брзо. Стана очигледно дека стариот начин на кој го дефиниравме лидерството има очигледна потреба да биде ажуриран, пишува Тифани Пам, извршен директор на Могул, за Entrepreneur.

Клучните способности на големите водачи се немаат променето. На лидерите се` уште им треба поттик, издржливост и осет за вистинските стратегии. Она што се има променето е свесноста за интерперсонални вештини кои се потребни за некој да биде вистински лидер и да може да создава други лидери. Денешните лидери треба да бидат љубопитни за она што ги прави нивните тимови да „кликнат“ и треба да разберат дека клучот за отворање на највисоките потенцијали кај секој вработен е колку добро тие можат да го поврзат нивниот тим со членови на истиот.

За потребите на оваа статија, Пам прашала некои од членовите на мрежата на компанијата за којашто работи кои се лидерските карактеристики што тие сметаат дека се најважни. Со оглед на состојбата во која се наоѓа светот, сите треба да го процениме начинот на кој комуницираме еден со друг. Во продолжение се пет меки вештини што се посочени како најважни.

Емпатија

Нема грешка – емпатијата е број 1 на листата. Таа е компасот што треба да го води патот по кој го водиме бизнисот. Иако можеби е лесно да глумиме дека сме љубезни со лицето на другата страна на видео повикот, учтивоста не инспирира.

Учтивоста е добра пракса, но без разлика дали работите во секторот за развој на производ, човечки ресурси, продажба, маркетинг, ако сте во врвниот менаџмент и имате место во одборот, целта на вашата организација би требало да биде таква да може позитивно да влијае на луѓето со кои работите и секако, на клиентите. Единствениот начин да го постигнете ова е да бидете емпатични. Споделувајте, слушајте, најдете заеднички точки и поврзете се. Ставете се себеси на нивно место и обидете се да разберете од каде доаѓаат и како се чувствуваат.

Ова не значи дека состаноците на Zoom треба да се претворат во психилошка терапија, туку дека нашата метрика смета на нашата способност да најдеме заедничко тло и да се поврземе со потенцијални соработници во бизнисот. Откако еднаш ќе поставиме вистинска врска, тогаш можеме да разговараме за бизнис.

Ранливост

Ако се концентрирате на тоа како вашата организација врши влијание врз животите на луѓето, тогаш ги познавате чувствата на гордост, радост, исцрпеност, лутина и скршено срце – сето ова само во последните три месеци. Луѓето сакаат да бидат инспирирани, така што бидете отворени во врска со предизвиците и турбуленциите со кои се соочува организацијата од ваша гледна точка. Сегашната глобална клима е стресна во најмала рака, така што ако му дозволите на вашиот тим да види дека и вие сте човек, ќе ги натерате членовите да работат повеќе за вас.

Трпение

Љубовта е трпелива, љубовта е љубезна. И ако го сакате тоа што го работите, покажувањето трпеливост кон луѓето кои ви помагаат не би требало да биде проблем. Трпеливоста е можност да обезбедите основна услуга што сите ние несвесно ја даваме – а тоа е подучување.

Дополнително, факултетите со четиригодишни студиски програми можат да се соочат со губење на 20% од типичниот број на студенти запишани во зимскиот семестар, истакнува анкетата спроведена од SimpsonScarborough, истражувачка и маркетинг компанија од областа на високото образование. Како што генерацијата „Зед“ почнува да станува дел од работната сила, нејзините припадници посекако ќе имаат празнини во нивното образование поради подемот на учењето онлајн. Постојат многу можности со кои можат да ги надградат нивните вештини (како што се HubspotLinkedIn или курсевите на Mogul), и нивното охрабрување да го продолжат образованието ќе ги исплати дивидендите.

Понизност

Во култната книга „Тао Те Кинг“ која слободно може да се преведе како „Патот на доблеста“, кинескиот филозоф Лао Це вели: „Најдобрите водачи се тие за кои луѓето едвај знаат дека постојат“. Да претпоставиме дека сте лидер кој сака да биде пофален, тоа значи повеќе моќ на ваша страна. Но имајте на ум дека најдобрите лидери се тие кои ги истакнуваат другите, особено кога немаат потреба од тоа.

Дали обезбедивте ново стратешко партнерство? Пофалете ги колегите кои го постигнале тој успех во ваше име. Дали ги остваривте поставените продажни цели за овој квартал? Гласно и јасно истакнете ја способноста на тимот да се поврзе со идни клиенти и да создаде интерес брзо. Можеби сте ја составиле стратегијата, но ако не сте тој кој ги влече буквално сите конци, дадете им признание на другите според нивните заслуги.

Должност на вистинскиот лидер е да го споделува богатството на признанието. Лидерите кои се барем малку понизни во корист на поврзаноста со луѓето околу нив се тие кои постојано се први во она што го работат.

Дарежливост

Дарежливоста е најпотценета бизнис стратегија. Ако некој колега бара пет екстра минути по завршетокот на видео повикот за да си разјасни одредени прашања, бидете дарежливи со вашето време. Ако некој кој работи за вас би сакал да ви постави прашања за тоа како сте се развиле во текот на вашата кариера, бидете дарежливи со вашето знаење. Дарежливоста пренесува интелигенција од генерација на генерација.

Дарежливоста е исто така најавтентичниот знак за самодоверба. Споделувањето на она што сте го научиле е како да го известувате светот дека знаењето што го имате е достапно да биде апсорбирано со надеж за подобрување на нашето општество. И вреди да се споделува со оние кои покажуваат интерес. Чест е примерот кога практикант станува партнер во истата компанија во текот на неговата кариера. Тие кои се најдобри наследници се тие кои имаат лидерски тенденции уште на самиот почеток. Тие кои ги чуваат нивните намери во тајност ризикуваат потиснување на сопствените таленти.

Сите ние можеме постојано да ги вежбаме овие меки вештини за да се осигураме дека ги инспирираме тие околу нас да работат најдобро што можат. Како лидери, мораме да одвоиме време да ги учиме нашите талентирани вработени до оној степен до кој тие се подготвени да се отворат и да споделуваат. Споделете го ова со некој сегашен или иден лидер.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Стартап компаниите треба да научат да лобираат

Стартап фирми се` повеќе заглавуваат во некои строго регулирани индустрии, и крајно време е да почнат да ги сфаќаат тие одредби сериозно....
- Advertisment -