Лесни начини како да го зголемите профитот без да остварите продажба

Вие сте успешен сопственик на бизнис и многу сте добри во тоа што го правите. Вашите клиенти ве сакаат, вие обожавате да го водите сопствениот бизнис и да ги опслужувате вашите клиенти, и секогаш вложувате напори во подобрување на сопствените вештини. Вашиот бизнис не може да се развива подобро. Но дали е тоа така? Одговорот на ова прашање го нуди Entrepreneur.

Како сопственик на бизнис, голем дел од вашето време го поминувате фокусирајќи се на начините на кои можете да допрете до вашите клиенти и да им помогнете – и тоа има смисла, бидејќи работата што ја вршите е важна. Но можеби не го ни забележувате најлесниот начин да го зголемите профитот, а тоа е да посветите концентрација и внимание на вашата внатрешна сметководствена структура.

Ако не ја одржувате евиденцијата организирана и ажурирана, тогаш пропуштате шанса да ги „стегнете“ трошоците и да го зголемите финансиското здравје на вашиот бизнис. Кога евиденцијата ви е ажурирана и добро организирана, можете да ги проследите тие бројки и да добиете исклучително вредни повратни информации за тоа колку е ефикасен вашиот бизнис.

Имајте длабок увид во готовинските текови

Готовинските текови се една од најважните области што го одржуваат вашиот бизнис – ако не можете да ги платите сметките, нема да опстоите долго време. Така што, ако ви фалат пари, тогаш најверојатно ќе бидете под голем стрес што нема да ви дозволи да заспиете навечер.

Според едно истражување спроведено од Американската банка, 82% од неуспехот на бизнисите е предизвикан од неуспешно менаџирање на готовинските текови.

Кога сметководствената евиденција ви е организирана во добар систем, разбирањето на вашата положба во однос на готовинските текови е брзо како притискање копче. Ќе знаете кои сметки треба да се платат, и дали имате доволно пари во банка да ги покриете. Тоа ви овозможува да правите соодветни планови и доколку се појават проблеми, ќе бидете свесни за фактите пред тие да успеат да ве стават под стрес, а истовремено ви дозволува да бидете проактивни.

Следете ги плаќањата на вашите клиенти

Ако сакате сметководствената евиденција да ви е ажурирана, морате веднаш да им испратите фактури на вашите клиенти, што значи дека плаќањата на истите ќе се случат во многу пократок рок. Исто така, можете да вршите преглед на финансиските извештаи на неделно ниво, што ќе ви покаже кога вашите клиенти доцнат со плаќањата, па така ќе можете да ги следите тие плаќања побрзо и да спречите доцнењето во плаќањето да прерасне во проблем. Оваа постапка помага и во одржување одлични односи со клиентите и во нивно задржување, бидејќи вашите клиенти ќе го ценат вашето организирано и ефикасно работење наместо да ризикуваат да се впуштат во кавги по однос на плаќањата подоцна.

Штедете со доцните плаќања

Ажурирана евиденција значи дека знаете кои плаќања вас ве чекаат и можете да ги управувате готовинските текови за да се осигурате дека имате доволно пари да ги платите сметките кога ќе доспеат. Ова ќе ви заштеди голема количина пари што ги давате кога ќе го пробиете рокот за плаќање и кога треба да платите трошоци за камата. Ова пак ви помага да ги одржувате односите со снабдувачите. Тие ќе ве ценат како лојален клиент и често пати ќе нудат бенефити или попусти за нивните омилени клиенти. И, ако се соочувате со некаква моментална тешка ситуацијата и ви е потребно посебно внимание од страната на снабдувачите, тие со задоволство ќе ви помогнат.

Според Sage, една од десет фактури се плаќаат со доцнење, а светското влијание од таквиот феномен се проценува на 3 трилиони долари.

Познавајте ги маргините за профит и прилагодете се соодветно

Самите знаете кои маргини за профит сакате да ги задржите во вашата компанија, и кога ја подготвувате евиденцијата пополнувајќи ја секоја линија на услуга или производ што ги нудите, кога вашите маргини за профит не се поклопуваат ќе можете веднаш да се поправите. Ако одреден снабдувач ја зголеми цената на производот што вам ви треба од него, веднаш ќе видите како тоа ќе влијание на вашата состојба. Кога ќе ја погледнете структурата на трошоците на производот што го продавате, лесно ќе можете да направите прилагодувања и сценарија за да видите како тие промени ќе влијаат врз целокупните маргини за тие производи.

Идентификувајте го одливот на средства пред тоа да стане голем проблем

Кога евиденцијата ви е ажурирана, можете да видите на кои услуги трошите повеќе отколку што сте планирале. Маркетингот вообичаено е голем трошок, така што одржувањето на сметководствената евиденција ви дозволува да ги следите парите што сте ги потрошиле на тој сегмент и ви помага соодветно да управувате со вашиот буџет.

Анализата на редовните извештаи ви дозволува порано да одредите кога трошите премногу на одредена ставка во вашиот бизнис.

Крајната поента е дека кога одржувате солиден сметководствен систем на вашиот бизнис, вашите финансиски извештаи ќе идентификуваат проблеми или предизвици рано во процесот и ќе можете да ги решавате тие прашања пред да се претворат во голем проблем. Тогаш ќе бидете во можност да ги „затнете“ одливите во бизнисот за многу брзо време. Само со едноставно консолидирање на вашите сметководствени процеси и процедури, „затнати“ одливи, направени прилагодувања во поглед на трошоци и имплементирани промени, само тогаш можете да бидете сигурни дека вашиот бизнис е вистински профитабилен.

Кога гледате како овие системи го прават вашиот живот во толкава голема мера полесен и ви помагаат во толкава голема мера да го направите вашиот бизнис попрофитабилен, ќе се прашувате зошто ви требало толку многу време за да ги воведете овие системи во вашата компанија. Овие системи одземаат значителен дел од количината на стрес што ја доживувате кога водите бизнис бидејќи ви овозможуваат да бидете сигурни дека темелно го познавате сопствениот бизнис, и да правите информирани деловни одлуки за кои со сигурност знаете дека на крајот ќе ви го зголемат профитот.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -