Лекции по претприемништво што нема да ги научите на факултет

Кога растев, секогаш бев советуван како правилно да постапувам. „Џон, треба да имаш добри оценки за да можеш да се запишеш на факултет и да добиеш добра работа“. Или: „Џон, навистина треба да си фатиш девојка, време ти е, нели сакаш да имаш семејство?“ Или: „Џон, знаеш дека келнер не е вистинска работа“, „Знаеш дека не треба да се преселиш на другиот крај на земјата за да живееш на каучот на другар ти“… пишува блогерот за претприемништво Џон Брозио за entrepreneurshandbook, искрено споделувајќи го сопственото искуство.

Поголемиот дел од моите дваесетти беше исполнет со голем број луѓе кои ми даваа совети што би требало да правам, продолжува Брозио. Знаете како оди тоа, вели тој – тие луѓе го користеа нивното сопствено искуство да ми предочат слика за тоа како се живее добар живот.

Во училиште искусив слично искуство: „Морате да знаете дек Џорџ Вашингтон никогаш не лажел за вие да бидете добро информирани граѓани“, „Морате да знаете дека водата врие побрзо на повисока географска висина за да можете да носите разумни и критички промислени одлуки подоцна“, „Мораш да ја научиш квадратната равенка за да можеш да ги буџетираш приходите и трошоците кога ќе станеш функционален возрасен човек“.

Но да бидам искрен, знам дека има време и место за сите тие информации (освен, можеби лагата дека некој друг постојано ја кажува вистината). Сепак, кога конечно ќе го напуштите светот на високото образование и треба да се впуштите во „животот на возрасните“, често пати тешко е да се стекнат вештини што можат да ви помогнат да напредувате, особено ако самите на себе си дадете шанса и станете претприемач.

Во последните четири години, Брозио вели дека бил отпуштен од 3 од вкупно пет работни места што ги имал во текот на тој период и работел на „тезга“ на страна, т.е. целосен онлајн бизнис.

Во прилог на оваа статија се лекциите што нема да ги научите на факултет и начин како да ги примените.

Нов однос кон неуспехот

„Не дека не сум успеал, само открив 10000 начини што не функционираат“ – Томас А. Едисон.

Кога се навраќаме на начинот на кој училиштето не` подготвува за животот, иронично е сознанието дека еден студент е условен да го научи „вистинскиот одговор“ наместо да биде поучен како да размислува критички.

Какви се последиците од ваквиот пристап на лицето кое е во развој? Би сакал да сугерирам дека таквиот пристап ги тера луѓето да се плашат од неуспех.  Како? Размислете за „облогот“ што еден човек го прави кога станува збор за класично образование… Едно лице поминува од 12 до 16 години во училиште. Учениците прават договор со наставникот и институцијата што изгледа приближно вака: ќе доаѓам секој ден и ќе го добијам образованието од вас во замена за моите напори и најважно, фамозните „петки“. Ќе правам така бидејќи тие „петки“ ќе ме донесат до повеќе можности и до добро платена работа. Знам дека постои одредено знаење кое треба да го стекнам, и уште поважно, да покажам дека го разбирам во форма на тестови, за да ги добијам „петките“. Постојат единствено вистински одговори што водат до „петки“ и погрешни одговори што ме одвраќаат од нив.

Овој модел создава однос со неуспехот што не води до претприемништво. Зошто? Затоа што создава нездрав однос бидејќи јасно диктира дека ако не постигнеш одреден успех на тестот, тогаш тоа е неуспех. Но во светот на претприемништвото, никој не дава оценки.

Неуспехот е лекцијата. Кога нешто не успева и лицето што го стекнува тоа искуство е условено да мисли дека неуспехот е лош, тогаш е тешко да се продолжи понатаму. Претприемачот му пристапува на ова искуство како на лекција, а не како на нешто негативно. Стравот од неуспехот им влијае на луѓето на различни начини, така што тешко е да се дадат сигурни пристапи. Но, кога самиот јас започнав со мојот онлајн бизнис, објаснува Брозио, ги направив следниве работи: „Го напишав блогот за 30 дена. Започнав анонимно, на тој начин статиите што ги пишував беа објавени но никој не знаеше дека јас сум ги напишал. По некое време, стигнав до точка кога имав објавено многу содржина, и сакав да ја споделам со луѓето. Тогаш стравот од неуспех почна да ме обзема. Ми беше страв дека мојата работа ќе се смета за „лоша“. Ми беше страв дека никој нема да ја види. Ми беше страв дека луѓето ќе ме покажуваат со прст и дека ќе се смеат“.

После 4 години, не е доволно да се водите според мотото „направете го тоа!“, бидејќи ова мото наговестува дека нештото мора да е одлично и дека е лесно остварливо. Сега сакам да кажам „само направи го тоа“, бидејќи тоа значи дека ќе ги истерате обврските до крај наместо производот од вашата работа да биде одличен.

Начинот на кој размислува вашата публика

Училиштето има начин како да ве награди кога ќе го дадете точниот одговор. Ќе бидете успешни во ова кралство ако можете точно да ги искажете презентираните информации. Но што станува кога нема одговор што наставникот веќе го знае?

Луѓето, вашата публика/ клиенти, бараат нешто специфично. Со други зборови, вашата публика бара решенија како да ги реши нејзините проблеми. Вашиот наставник не знае кои се тие проблеми. Дури ни вие не ги знаете тие проблеми. Но кој ги знае? Клиентот!

Не постојат учебници, предавања или презентации што ќе ви помогнат да откриете кои се тие проблеми. Треба да ги засукате ракавите и да ја најдете храброста да ја прашате вашата публика што бара.

Во пракса, овој совет лесно се имплементира. Излезете и прашајте ги вашите идни клиенти кој проблем им задава мака: направете го тоа преку листа со меилови, направете го тоа преку анкети, онлајн и во живо, истражете ги деловите со коментари на компаниските блогови што прават нешто слично со она што вие сакате да го правите.

Не постои прашања со повеќе одговори што можете да го запамтите кога станува збор за идентификација на проблемите на вашата публика и за производот/решението што можете да го смислите со цел да ја поправите ситуацијата.

Ова мора да се направи на старовремскиот начин – со излегување надвор и поставување прашања или на специфична популација или на луѓето кои веќе следат што правите.

Отчетност

Отчетноста диктира еден тон други работи што ги правите во животот. Постојат два вида отчетност: кон нанадвор и кон навнатре.

Кон нанадвор

Кога бев млад, никогаш не ја разбирав моќта на „одржувањето на зборот“ и на „ветувањето“.

Секако влоговите се мали кога имате седум години и кога ќе му ветите на другарот дека никогаш повторно нема да игра на вашиот таблет, а потоа губите партија и веднаш го кршите ветувањето и му го давате таблетот да игра.

Но кога сте претприемач, отчетноста е се`.

Како сакате да ве сметаат за сигурен и доверлив бизнисмен ако не го одржувате зборот? Многу често размислувам на одземањето на акцентот од отчетноста, особено помеѓу помладите генерации, продолжува Бриозо, и тоа најверојатно има врска со модерниот начин на комуникација. Многу е потешко да не си го одржите ветувањето кога сте го дале лице-в-лице, отколку преку смс пораки.

Но размислете за момент за вашата публика и клиенти – што ако ним им ветите нешто, на пример нов производ или проширување на услугата и потоа не успеете да го испорачате тоа? Што ако им ветите дека ќе добиваат електронски билтен секоја недела и потоа не го правите тоа? Вашата публика и клиенти ќе изгубат доверба. И кога ќе ја изгубите довербата, го губите целиот бизнис.

Кон навнатре

Овој вид отчетност е потежок да се истрае и да се одржи.

Луѓето имаат тешкотии кога треба самите себе да си даваат отчет, дури и тоа да вклучува закана по сопствениот живот. Американската национална медицинска библиотека забележува дека 50% од пациентите не ги пијат лековите на начин на кои им се припишани. Нечие здравје е во опасност, а половина од луѓето што земаат лекарства најверојатно нема да ги земаат лековите на начин што ќе им помогне да оздрават.

Што ако влоговите се помали? Со каков вид борби се соочуваме како луѓе кога размислуваме дали да дојдеме на работа дента или кога треба да ги завршиме сите обврски во агендата? Што постари стануваме, појасно се гледаат импликациите од нашите секојдневни дејства.

Ако самите не сме отчетни пред себе, тогаш тоа ќе ни се одрази подоцна во животот. Ако не го промени маслото во автомобилот на време, тогаш ќе се соочиме со повисоки трошоци за поправка. Ако не сме одговорни и не ја сработуваме дневната работа, тогаш тоа ќе се наталожи во чувство на ненадминливо постигнување.

Во овој контекст, немате наставник, или шеф, кој ќе ви кажува што да правите за време на вашите дневни обврски како претприемач. Самите морате да сте одговорни и отчетни и да доаѓате секој ден на работа, бидејќи никој друг нема да го прави тоа за вас.

Во пракса тоа изгледа вака: едно нешто што во минатото ми помогнало во овој поглед е кога други луѓе ме терале да бидат отчетен пред јас да бидам кон самиот себе. Затоа, споделете го вашиот проект со луѓето надвор. Кажете им на овие луѓе дека работите на производ, проект, статија, вебсајт, што и да е… Кажете им дека сакате да го завршите, а уште подобро е ако имате одреден датум. Ова ќе ги натера луѓето да бегаат врискајќи, но е најмоќниот начин.

Кога отчетноста кон себе ја ставате во рацете на други, вашиот внатрешен срам (или потенцијалот за внатрешен срам) ќе ви помогне да ги засилите вашите напори да го завршите тоа што сте го започнале и сакате да го видите комплетно. Потоа, можеби ќе стигнете до степен каде повеќе нема да ви требаат другите за вие да бидете одговорен пред сам себе. Кога имате развиена отчетност навнатре, тогаш е полесно да им давате ветувања на другите.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -