Лекции за успешни лидери од Стив Џобс

Фокусирајте се: елиминирајте ги нештата што ви го одземаат вниманието. Поедноставете се`. Преземете одговорност. Ако заостанете, соберете сили да направите скок нанапред – со овие неколу клучни фрази на Стив Џобс, Даниел Коломбо, експерт по јавно говорење, тренер за подобрување на личните вештини за сениорски менаџерски позиции, развој на лидерски способности и тимска работа, ја започнува статијата за Entrepreneur.

Сите знаеме кој е Стив Џобс, или барем сме свесни за неговото постоење. Или пак, знаеме за иновациите што ги направи во светот на технологијата.

Стив Пол Џобс, како што гласи неговото целосно име, можеби никогаш не ни размислувал за глобалното влијание што го предизвика кога беше водечки претприемач во светот на компјутерите: тој беше креаторот на софистицирани производи, лесни за употреба, основачот на Apple, и светски водач во неговиот сектор.

Неколкуте биографии за него ја истакнуваат силината на неговиот карактер и начинот на кој раководел со компанијата. Сите го препознаваат по неговите визионерски идеи, што направија огромен придонес во полето на персоналните компјутери, мобилните телефони и музиката во дигитален формат.

Без никаков сомнеж, како сите големи умови, тој е и сакан и омразен во еднаква мера. Бил Гејтс, неговиот најголем конкурент во Microsoft, еднаш ја искажал неговата восхит за начинот на кој се пренесува и создава емпатијата помеѓу човекот (Џобс) и начинот на кој тој ги претставуваше неговите производи. Голем број од вработените кои работеле рамо до рамо во Apple со него го паметат како вистински генијалец.

Како наследство, и дополнително на неговите производи, тој остави 10 практични лекции за лидерство што потекнуваат од неговото деловно искуство:

Фокусирајте се – елиминирајте ги нештата што ви го одземаат вниманието

Откако беше отпуштен од сопствената компанија, Стив Џобс се врати назад и една од првите одлуки што ги донесе беше да ги укине сите проекти и да ги остави најважните четири. Тој има изјавено: „Ајде да работиме на четири работи и да ги сработиме спектакуларно добро“.

Поедноставете се`

Во денешниот свет, едноставноста е крајната софистицираност. Оптимизирајте ги ресурсите и ценете го она што е клучно, се` што е површно не го земајте предвид.

Преземете одговорност

Ако сте лидер, тогаш сте одговорни за целиот процес. Имајте на ум дека Apple секогаш создава производи, што општо земено, не се директна конкуренција на другите брендови. Според Џобс, создавањето такви производи е можно само кога лидерот презема целосна одговорност за процесот: неговиот тек, оперативните активности и искуството што треба да го добие секој поединечен корисник.

Ако заостанете, смогнете сили и направете скок нанапред

Компјутерите познати како „Мек“, не се продаваа на пазарот со вградени ЦД-рекордери. Конкуренцијата, т.е. Windows Microsoft го направи токму тоа. Тогаш Џобс и неговиот тим направија чекор напред и го создадоа iTunes – систем за складирање музика на различни уреди, што доведе до сериозни и коренити промени во музичката индустрија.

Прво размислувајте за производот, потоа за профитот

Потеклото на секоја голема идеја е самата идеја, а заработката ќе пристигне дополнително. Џобс кажал: „Фокусирајте се на создавањето одличен производ, а придобивките самите ќе дојдат“.

Бидете храбри

Во еден момент, Џобс тврдел дека се чувствувал малку заробен од групите експерти што ги оценуваат производите. Тогаш тој изјави: „Луѓето не знаат што сакаат се` додека не им покажете“. Човековиот ум има склоност веднаш да ги поврзе минатите искуства. Без да се одзема важноста на истражувањето на пазарот, ако само се држите до минатите искуства, тогаш постојано ќе ја правите истата работа, бидејќи тоа е тоа што луѓето го знаат.

Променете ја реалноста за да го срушите концептот за невозможното

Еднаш, кога Џобс бил во друштво на Стивен Гари Возниак, ко-основачот на Apple, го натерал да раскине со нешто што во моментот изгледало невозможно: „Ти требаат 6 месеци да го развиеш тоа? Можеш да го сработиш за 4 дена!“. И Возниак баш така направил. Ова значи дека менталните модели и самонаметнатите граници често пати се најголемите кочници кај лидерите.

Производот треба да има трајна вредност

Се` пренесува и додава вредност… или не. Во случајот на производите Apple, искуството се пренесува од моментот кога потрошувачот копнее по нив; пакувањето по себе создава искуство бидејќи деловите самите се составуваат, па дури интерфејсот и графичкиот дизајн играат важна улога во корисничкото искуство. Стив Џобс ја открил убавината во графичкиот дизајн, речиси случајно, кога ги напуштил студиите на Универзитетот Ридс и почнал да посетува часови по калиграфија. Визуелниот дизајн е уште една главна карактеристика на неговите производи: илјадници различни букви наспроти неколкуте понудени од Microsoft.

Барајте вработените да покажат највисока извонредност

Никогаш не се задоволувајте со нешто помалку од тоа. Додека концептот за совршенство што Џобс често пати го спомнувал не се постигнува на ова физичко ниво, тој секогаш се осигуруваше дека производите нема да се пуштаат во продажба се` додека се` е проверено, и се` додека не се поминати сите можни контроли и тестови.

Ангажирајте го најдобриот тим

Џобс едноставно признаваше дека секој проект што се одлучил да го работи не би бил успешен без одличен тим позади него. Клучот во лидерството е знаењето како да се опкружите со луѓе кои се подобри од вас, имаат поголемо искуство во одредени полиња и кои имаат простор да се истакнат.

И за крај, една од неговите најпознати изреки: „Останете гладни, останете несериозни. Барајте повеќе. Поставувајте прашања. Откривајте. Верувајте“. Ова е извадок од познатиот говор што го одржа на Универзитетот Стенфорд пред студентите кои збунети му се воодушевуваа на тој човек, ослабнат поради болест, кој им го пренесе она што најдобро го знаеше: страста да се претвори сонот во реалност.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Што претприемништвото може да направи за вас

Започнувањето бизнис и влегувањето во светот на деловните зделки може да биде комплициран и застрашувачки процес, но тоа не е причина да...
- Advertisment -