Кризата со коронавирус ќе го смени начинот на кој го дефинираме хероизмот?

Хероизмот е една од најблагородните карактеристики на човековата природа, но дали во денешно време треба да го дефинираме како еден величенствен чин? Или пак, пандемијата ќе го смени начинот на кој ги перцепираме обичните херои. Можен одговор на овие прашања нуди ББЦ.

Поврзано:

Ковид-19 можеби е негативец со глобални амбиции, но тој секако има свои непријатели. Во последните два месеци, концептот за херојот стана мотив за луѓето од целиот свет. Во Велика Британија, министерот за надворешни работи Доминик Рааб, во своите говори често зборува за „херојските“ работници во првите борбени редови против коронавирус. Рeклами на радио редовно ги повторуваат пофалбите до „херојските медицински работници„. Во Тајланд, уметници започнаa онлајн кампања со наслов „Поддржете ги нашите херои“, додека во САД, демократите дадоа предлог за обезбедување помош за клучните работници во борбата против пандемијата, и го нарекоа „Фонд за херoи“.

Ваквите иницијативи го поттикнаа Филип Зимбардо, почесен професор на универзитетот „Стандфорд“ да истражува повеќе во ова поле. Тој е психологот кој стана познат по „Затворскиот експеримент на Стандфорд“, во кој на студенти им беа доделени улоги на затвореници и стражари во лажен затвор. Овој експеримент беше напуштен за кратко време, бидејќи студентите премногу се внеле во нивните улоги.

По овој настан, Зимбардо стана еден од водечките експерти во светот за природата на злото. Но во последно време, тој се фокусира на другата страна, односно на хероизот, и ги започна истражувањата во сосем нова гранка во психологијата, наречена „студии по херојство“.

„Не ми е до крај јасно зошто оваа тема не била претходно третирана подлабоко,“ вели професорот. „Сепак, хероизмот е најдоброто (својство) на човековата природа, идеал кон кој можеме сите да целиме. Секако, постои претерување во употребата на терминот „херој“. Во наше време, славните личности се поистоветуваат со хеори. Во последно време, концепцијата за херојот најверојатно е разводенета – на пример се применува за луѓе кои купуваат намирници за нивните соседи. Тоа е алтруизам. Тоа е пристојност. Но мислам дека сегашната криза на Ковид-19 ќе мора да исфрли на површината подефинирани идеи за хеоризмот.“

хероизмот

„Извор на надеж во човековата состојба“

Зимабрдо има сопствена дефиниција за херојскиот чин. Најважно, според него, е дека херојскиот чин мора да се направи во име на непознати и на сопствен ризик – но не само по однос на сопствениот живот, туку можеби и во однос на нечие семејство, кариера или општествен статус. Свиркач може да се дефинира како херој. Зимбардо, и други истражувачи кои работат во тоа поле, исто така повлекува силна линија помеѓу професионалци и аматери: пожарникарите кои спасуват бебе од зграда која гори ја извршуваат нивната работа, но случајниот минувач што ќе го направи истото е вистинскиот херој.

Така што, што станува со работниците во првите борбени редови и ризикот од инфекција со Ковид-19?

„Сметам дека сега сме приморани да размислуваме што претставува вистински хеоризам,“ вели Зимбардо. „Вообичаено, хероизмот се припишува на луѓе кои го живееле животот посветени на некаква кауза – луѓето како Мартин Лутер Кинг и Нелсон Мандела. Или пак се припишува на еден чин на хеоризам. Сега, најверојатно, почнуваме да препознаваме дека треба да сме волни да титулираме многу повеќе луѓе, кои навистина се ставаат себеси во ризик, како херои, што пак е очигледно кога станува збор за здравствените работници, особено сега. Ваков ризик никогаш не бил споменат во описот на нивните работни места. Уште повеќе, тоа го прават секој ден. Тоа е херојство со големо „Х“.“

Според Франк Фарлеи, професор по психологија на универзитетот „Темпл“ во Филаделфија, и експерт по екстремни однесувања, личноста е фактор. Херојските чинови мора да се производ на желбата да се одбрани нечија репутација: смисла за заедничка гордост и лојалност, многу силна верба во себе, дури и карактеристична склоност кон возбуда – тип на личност „Т“, како што тој ја нарекува.

„Немаме навика да ги сметаме луѓето кои работат во болници како такви кои преземаат ризик туку сметаме дека се справуваат со него, но вакви карактеристики се чести кај медицинскиот кадар. Сепак, ако сте личност која бега од ризици тогаш најверојатно нема да работите во одделение за интензивна нега,“ објаснува тој. „Но тогаш, причината позади ваквото однесување на медицинскиот персонал е особено нејасна. Го проучував хеоризмот со години и сè уште не можам да тврдам дека го разбирам. Но станува збор за зачудувачки квалитет, за извор на надеж во човековата состојба“.

Надминување на сопствената психологија

Секако, Зимбардо верува дека иако хеорите се релативно ретки, сепак сега можеме да размислуваме за подготвеноста да се делува херојски. Неговиот непрофитен проект „Херојска имагинација“ работи со средношколци од 12 различни нации, со тоа што им обезбедува увид во сопствената психологија за да можат подобро да разберат зошто некои луѓе не делуваат херојски, а зошто други го прават тоа.

хероизмот

Програмата од овој проект, на средношколците им го приближува концептот на нешто што се нарекува „ефектот на набљудувачот“, кој покажува дека најчесто претпоставуваме дека некој друг ќе се справи со проблемот; како  и „основна грешка на препотставката“, што подразбира дека сме склони да веруваме дека оние кои се во некаква потешкотија, на некој начин го заслужуваат тоа што им се случува. Исто така, во текот на овој проект, учениците учат дека сите можеме да подлегнеме на притисокот од врсниците и однесувањето на одредени групи, но и дека сме помалку склони да им помогнеме на оние со кои чувствуваме слаба врска.

Наставата по хероизам е идеа што исто така ја спроведува и Мет Лангдон, основач на Hero Construction Company, која слични вакви замисли воведува и во салата за состаноци и во училниците.

Според Лангдон, додека идејата за херојот е клучен културолошки концепт во нашите општества со милениуми, можеби феноменот на супер-херои кои најчесто ги гледаме во филмовите во последната декада зборува на некој начин за обновена, но длабоко вкоренета потреба да го актуелизираме истиот сега. Но тој исто така потенцира колку многу нашите размислувања за херојството можат да бидат збунувачки. Очекуваме на пример, нашите хеори да бидат чисти или безгрешни. Како може човек кој се справува со терорист со рог од нарвал (имаше таков случај во Лондон минатата година), истовремено да биде самиот обвинет за убиство?

„Хероизмот зависи од ситуацијата – моментот го повикува херојот, а не е херојот тој кој ја создава ситуацијата. Но можноста да се делува херојски може никогаш да не се случи во текот на еден живот,“ Лангдон посочува. „Хероите не се посебни луѓе, но тие успеваат да ја надминат психологијата што би ги спречила другите луѓе да дејствуваат. Но од друга страна, сега имаме прилика да му дадеме ново читање на концептот на херојското дело како нешто посекојдевно. Луѓето немаат навика да гледаат на медицинските сестри, на пример, како на митски суштества. Оваа пандемија можеби ќе ни дозволи да гледаме на хеоризмот на многу различен начин.“

Филип Зимабрдо се согласува со ова. Еден позитивен исход од пандемијата би било можно трансформирано чувство на почит за вистинскиот чин на херојство.

„Ова би можело навистина да ги промени нештата кон подобро,“ посочува Зимбардо. „Пред дваесет години, спроведов експеримент за да проценам дали и зошто луѓето би можеле или не да му помогнат некому кому очигледно му треба помош. Не изненадува тоа што многу луѓе не помогнаа. Би сакал да го спроведам истиот експеримент пак – бидејќи сега претпоставувам дека стапката на пружање помош ќе биде многу, многу повисока.“

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -