Креативни стратегии што можат да ве направат делотворни во работата

И покрај тоа што беше потценета вештина само пред дваесетина година, креативноста денес конечно се сфаќа сериозно. Светскиот економски форум и LinkedIn истакнуваат дека креативноста е една од вештините за кои има најголема побарувачка. Биологот и писател Питер Медавар има кажано дека анализирањето на креативниот процес се протега преку секоја прифатена дисциплина, и истакнува: „Идејата дека ,креативноста е оттаде анализата’ е романтична илузија што сега мораме да ја надраснеме“.

Еден од најеминентните експерти во областа на анализата на креативноста е Дин Кит Симонтон, кој ја изучувал работата на креативните гении долги години. Во неговиот труд со наслов „Креативна продуктивност“, тој пишува дека квалитетот е веројатна функција на квантитетот. „Периодите во кои креативно лице ќе ги направи најголемиот број обиди се периоди кога се појавуваат најголем број шутирања и најголем број промашувања“.

„Емпириското истражување на стотици, па дури и илјадници уметници и научници го има востановено квалитетот како позитивна но веројатна последица на квантитетот,“ пишува тој. Симонтон се повикува на дотичен британски поет од 19от век, В. Х. Оден кој е дел од антологијата на Британски помалку познати поети, и вели: „Шансите се големи дека во текот на неговиот животен век, големиот поет ќе напише повеќе лоши поеми од помалку познатиот поет“.

Еден од најеклатантните примери е оној на Томас Едисон и неговата блескава сијалица, откритието поради кое е толку познат од илјадниците други одобрени патенти. Размислете исто така за речиси 500 книги на Исак Асимов, 600 композиции на Волфганг Амадеус Моцарт, 2000 дела на Винсент Ван Гог во текот на неговата кратка кариера и 10 000 слики на Пабло Пикасо.

Дали се работи за кариерата на уметник или иноватор, креативноста, исто како сите форми на напредок, не се случува сама од себе. И таа треба да биде негувана и развивана. И тука настапува стратегијата како да бидете повеќе плодотворни – како структура во хаосот на креативната работа. Во продолжение се трите начини како да започнете да ја имплементирате оваа техника.

Направете нешто без да се грижите за резултатите

Во книгата „Сигурно се шегувате, господине Фејнман!“, добитникот на Нобелова награда, физичарот Ричард Фејнман се сеќава на час по уметност кога имал задача да нацрта нешто без да гледа во хартијата. Тој бил импресиониран од резултатите, и забележал дека неговото дело поседува „чудна сила, налик на Пикасо“. Тој знаел дека би било невозможно да црта добро без да гледа во хартија, така што не се ни обидел свесно да го направи тоа. Напишал: „Порано мислев дека „опушти се“ значи „прави трапави цртежи“, но тоа навистина значи да се опуштите и да не се грижите како ќе испадне цртежот на крај“.

Една од најдобрите работи во оваа стратегија е дека знаете дека ќе правите нешто друго набрзо, што може да ви ги намали очекувањата тогаш. Ако сакате да пишувате, тогаш напишете барем 20 зборови во тетратка. Ако сакате да цртате, направете скица од тоа што сакате да го нацртате. Ако сакате да создавате музика, потпевнете ја мелодијата во вашиот телефон и зачувајте го фајлот и потоа обидете се да ја создадете на инструмент или на вашиот компјутер. Не му дозволувајте на времето да ве попречи во ваквите активности. Искористете го толку прецизно за да ви одземе помалку од минута.

Поставете и задоволете квота

Одредете колку често ќе ја завршувате вашата креативна работа. Некои луѓе продуцираат нови работи секој ден, други претпочитаат да имаат повеќе време. Зависи од вашата дефиниција за квалитет и колку време ви е потребно да го направите тоа на удобен начин. Квантитетот, сам по себе, не е целта. Тоа е само структура за вежбање и подобрување.

Неопходноста може да биде одличен стимулатор за работа. Музикологот Нил Заслав пишува дека Моцарт, општо земено, имал практична цел со секоја композиција што ја напишал – без разлика дали таа била наменета да го задоволи музичкиот вкус на неговите добротвори, да исполни формална нарачка, или да ги задоволи итните финансиски потреби. Заслав пишува за оваа тензија: „Моцарт не компонирал бидејќи бил инспириран, иако причината поради која компонирал толку добро може да биде инспирација“.

Креативнита активност нека ви биде најдобриот дел од денот

Дисциплината ќе ви овозможи да ја започнете рутината, но среќата и возбудата ќе ја одржуваат. Микаел Савиело, исто така познат како Големиот Мајк, слика за време на едночасовната пауза за ручек во една позната фризерница во Њујорк, каде работи како менаџер веќе 40 години. На Големиот Мајк не му е тешко да слика за време на паузата за ручек. „Тоа е мојот омилен дел од денот,“ има изјавено во едно интервју.

Постапувајте љубезно со вас самите – ако навистина не ви се допаѓа конкретната активност, не ја форсирајте, само треба да знаете зошто го правите тоа. Можеби треба да ја вежбате оваа вештина во служба на таа што навистина ви се допаѓа. На пример, треба да вежбате истражување со цел да станете добар писател.

Без разлика дали сте експерт или почетник, стратегијата за плодотворност е најконзистентниот метод за негување на имагинацијата и креативноста. Обидете се, задржете ги порциите што функционираат за вас, а тоа што не ви врши работа исфрлете го од рутината. Сепак, нема вистински пристап кон креативноста, постои едноставно – вашиот пристап.

Херберт Луи е автор на книгата „Нема вистински начин како да се направи ова“, чија цел е да ги поддржи луѓето во нивната креативна работа. Тој е исто така директор уредник во Wonder Shuttle, компанија која се занимава со публикации за софтверски компании.

Извор: Fast Company

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -