Која работна средина е попродуктивна: компетитивната или тимски ориентираната?

Каква работна средина треба да се воспостави за поголема и подобра продуктивност е едно од прашањата што си ги поставува секој директор на една компанија.  Дали резултат од охрабрување на постојан натпревар помеѓу вработените е поголемата продуктивност?

Ќе споделам приказна од лично искуство.

Во еден момент во мојата кариера работев во организација каде директорот креираше високо компетитивна средина помеѓу вработените, дури и на двајца вработени им ја даваше истата задача без тие да знаат.

Дали оваа тактика беше успешна?

Напротив. Наместо посакуваниот ефект се создаде средина во која се створи ривалство, работење позади грб и се намали соработката и емпатијата во групата. Лидерите на тимовите не си веруваа помеѓу себе, и многу талентирани луѓе ја напуштија оваа токсична работна средина.

Доколку сакате средина која ќе ви овозможи високи резултати, тимската работа односно воспоставување на средина на соработка и доверба, е многу поуспешен метод од компетитивната средина. Целта е секоја личност во тимот да си ги осознае своите силни работни способности и со нив да придонесе во работата кон заедничка цел.

Кога имате средина во која владее соработка помеѓу вработените, работата се завршува побрзо, поуспешно и самите вработени се помотивирани за работа кон заедничката цел на компанијата.

Додека пак во компетитивна средина резултатите се спротивни.  Помал број вработени споделуваат информации, документи, истражувачки материјал. Оние вработени кои имаат решенија за некои од проблемите не ги споделуваат се додека не се сигурни дека тие ќе ја добијат заслугата. Со ова се отежнува ефективната работа, добивањето добри идеи, и фокусот кон прогресот на компанијата како целина е помал.

Извор- ©2020 Forbes Media LLC. All Rights Reserved. Линк до оргиналниот текст.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -