Кошмарот со јавното говорење: како да ги замолчите силеџиите и натрапниците

Како воин кој работи фасцилитација на процеси, сум сретнала голем број натрапници и сум научила како да се справам со нив. На почетокот на мојата кариера, секогаш кога ќе наидев на такви луѓе бев уништена. Тоа се случуваше пред 5, 20, па дури и 600 луѓе кога публиката ме прекинувала, ме ставала под притисок, ме омаловажувале… Тогаш, не знаев како да се справам со натрапниците бидејќи си дозволував да верувам во митот дека натрапништвото има врска со мене. Но тоа никогаш не е така, вели Тина Фреј Клементс, говорник, автор, обучувач, лидер и фасцилитатор во забавната, автомобилската и доставувачката индустрија со над 25-годишно искуство, во нејзината статија за Entrepreneur.

Моето омилено искуство со таков натрапник се случи пред 4 години. Мој конкурент со има Волфганг седеше спроти мене за време на една работилница, на која 15 партнери-продавачи имаа за задача да работат заедно за еден клиент. Додека Вулфи беше најстариот, најискусниот и најприбраниот учесник, сепак јас бев замолена да водам и обезбедам увид. Во текот на целото утро тој постојано ме прекинуваше, ги отфрлаше моите идеи, и во еден момент, преврте со очите, гест пропратен со издишка. Иако бев предизвикана (односно изнервирана), бев целосно свесна за тоа што се случува со овој човек. Тој беше уплашен од идејата дека клиентот ќе го перцепира како некој „понеспособен од“ и според неговото размислување, единствениот начин на кој можеше да делува е да направи јас да изгледам лошо за тој да изгледа добро. Тој ги гаснеше моите свеќи за неговата да свети најсилно.

Јас од пред 20 години најверојатно ќе му дозволев да ме изнервира и ќе реагирав. За време на ова конкретно искуство, сепак, знаев дека неговото однесување нема апсолутно никаква врска со мене, туку со стравот од чувството на застареност и дотраеност и неговото уверување дека е изоставен, или уште полошо, фрлен на страна.

Натрапник е секој кој ве прекинува со намера и (свесно или несвесно) бара внимание. Ова лице или група е мотивирано од емоција како гнев, фрустрација, внатрешна несоодветност, досада, повреда или страв – а сите овие емоции доаѓаат од надворешни влијание. Без разлика на нивната емоција или врева, натрапникот реагира на неговиот внатрешен глас со некој вид пореметување.

Силеџиите се натрапници. Сите ние сме виделе доволно силеџии за да знаеме дека тие се истураат и повредуваат други бидејќи им се препуштаат на емоциите или сопствената внатрешна врева. Тие се чувствуваат вознемирени, и во нивните умови, нивниот избор е да се истурат на некој друг. Натрапниците не се поразлични. Важно е да го знаете ова и да го запомните кога искусувате натрапништво во реално време.

Во продолжение се неколку совети како да се справите со натрапници

Не е до вас

Запомнете да земете длабок воздух и знајте дека лицето кое ви го испречува патот е во болка, или е уплашено, и го прави единственото нешто што може за да се чувствува добро или безбедно. Променета ја перспективата и веднаш запрашајте се себеси: „Се прашувам што навистина се случува со ова лице?“

Дозволете си да ги издувате вентилите кога е неопходно

Натрапништвото, исто така, може да дојде во форма на група. Ако им дозволите на учесниците да се издуваат, тоа може да биде продуктивно ако не е дозволено да ескалира до точка на пореметување или скршнување од целта. Немојте да се плашите од тоа, напротив прифатете го отворено. Кога има слон во просторијата што е поголем од вашата порака, клучно е да дозволите да се издуваат вентилите. Ова ќе овозможи простор публиката на крајот да биде отворена за пораката и ќе ја стекнете нивната доверба. Признајте го тоа вербално, климајте со главата, парафразирајте, потврдувајте и вреднувајте го нивното гледиште кога ги слушате вашите учесници. Кога е време да се вратите назад на целите, заблагодарете им за споделеното, признајте ја и прифатете ја нивната болка уште еднаш и побарајте дозвола да се вратите назад на задачата.

Споредно прашање

Ако силеџијата настојува, тргнете го настрана за време на паузата и имајте страничен разговор. Ова е време да го прифатите неговото однесување и едноставно да прашате: еј, што се случува со тебе? Ова ќе му овозможи на учесникот подобра шанса да се отвори, а потоа заедно можете да работите на предизвиците. Ако емоцијата или однесувањето е премногу исцрпувачко, можеби ќе треба да го/ја замолите да го напуштат искуството. Овој приватен разговор е клучен, бидејќи сигнализира почит кон другото лице.

Прифатете и поставете дијагноза

Кога сте пред полна просторија со луѓе и натрапникот инсистира да ве прекинува и не можете да имате спореден разговор со него, не смеете да му дозволите да го саботира вашето искуство и морате веднаш да се справите со таквото лице. Прифатете ги чувствата на натрапникот без да се согласувате со нив. Кажете нешто од типот на: „Имаш секакво право да се чувствуваш така, Чарли“. Повторно, додека ги прифаќате неговите емоции, НЕ се согласувајте со нив. Потоа, поправете го натрапникот со обид да стигнете до првичната причина. Користете прашања, набљудувања, и инстинкт за да ја испитате реалноста на натрапникот во рамки на обезбедениот временски рок. Поставете го споредното прашање: „Чарли, што навистина се случува со теб?,“ а пота поставете му неколку отворени прашања. Покажете дека активно го слушате и уверете го дека сте разбрале што ви кажувал. Ако натрапникот е упорен и не можете да направите пауза за да поставите споредни прашања, тогаш прашајте: „Како дојде до твоите податоци?“ Ова го тера натрапникот да го докаже тоа што е најверојатно негово сопствено ограничено уверување. Продолжете да поставувате отворени прашања што ќе го натераат на дијалог за да можете да направите дијагноза на реалноста на ситуацијата, или поставете му финално прашање за да добиете потврда дека е во ред да разговарате на таа тема подоцна. На пример: „Гери, можеме ли да се согласиме да ја оставиме оваа тема за пауза и тогаш да и` се навратиме?“ Технички, она што го правите тука е демонстрирање високо ниво на експертски обучувачки техники, и иако не препорачувам оваа техника да се користи пред група, понекогаш е неопходно за да бидете сигурни дека ќе дојдете до првичната причина на натрапникот за таквото дејствување и да одржите контрола врз вашата порака.

Присуство

Ако натрапникот им дава погрдни забелешки на другите или пак води страничен разговор на групен настан, тоа е идеалната можност да ја „искористите собата“ со тоа што субтилно ќе се придвижите кон тоа лице. Ќе и` пристапите на ситуацијата со вашето присуство. На натрапникот тешко му е да го прави тоа што го прави кога стоите до него.

Како се справив со Вулфи? За време на утринската пауза, го замолив накратко да зборуваме насамо и му дадов до знаење дека ми е потребна неговата помош. Отворено го прифатив неговото вредно искуство и му кажав дека неговото мислење е клучно за групата. Го прашав да размисли да го сподели со нас и му кажав дека ќе седне пред сите за да додадеме вредност на неговото искуство. Во тој момент, неговото лице се озари како на дете на божиќно утро и веќе не ме прекинуваше.

Иако ми беше потребна секоја клетка во моето тело за да ја спречам устата да му каже се` што имав намера да му кажам на Вулфи, промената во мојата перспектива и употребата на споредното прашање беа успешни алатки за справување со неговото натрапништво. Навистина…. Секоја. Можна. Клетка.

Не можете да игнорирате натрапник. Кога не и пристапувате на ситуацијата, и` испраќате порака на групата дека нивното искуство е помалку важно од лицето кое ве прекинува, и дека најверојатно дека вие сте слаби или уплашени. Морате да се справите со него на брз начин, со почит и со намера.

Како заклучок, натрапниците се силеџии во големи тела. Справувањето со натрапниците е предизвик со кој порано или подоцна ќе се соочите. Клучното е да бидете подготвени со неколку техники, да останете смирени кога забележувате дека може да се случи конфликт, и да запомните дека не се работи за вас.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -