Конференција за женско претприемништво и пристап до капитал

Патот кој го поминуваат претприемачите за да достигнат успех во својот бизнис не е лесен. Овој пат добива дополнителна тежина доколку по него треба да помине жена која е, или сака да биде претприемач и да води сопствен бизнис. Жените претприемачи се соочуваат со предизвици на кои претприемачите од спротивниот пол никогаш не наидуваат. Но, и покрај сите предизвици и пречки, се поголем број жени почнуваат сигурно да го чекорат овој пат.

Целта на платформата Women in Adria е да го олесни овој пат за жените претприемачи со тоа што им нуди мрежа за промоција, едукација и поддршка. За успешна реализација на целите на WIA се организираат обуки и едукативни работилници на кои жените претприемачи се насочуваат во поуспешен правец.

Доколку сте жена претприемач или сакате да постанете таква, или сте жена со бизнис идеја, жена која се подготвува да зачекори по патот на претприемништвото, тогаш повелете на „Конференцијата за женско претприемништво и пристап до капитал“, која  ќе се одржи на 03.03.2020 год (вторник), во хотел „Порта“ во Скопје, со почеток во 10:00 часот.

Фокус на оваа конференција е поддршката на женското претприемништво во државата и регионот, вмрежување на жените претприемачи на регионално ниво и презентација на мерките за пристап до финансии што се нудат во нашата држава.

Главниот говорник на конференцијата е Ивана Матиќ, директорката на мрежата на жени претприемачи во Хрватска и сопственик на веб порталот Women in Adria, која ќе ја презентира оваа интернет платформа, а ќе зборува и за механизмите за поддршка на женското претприемништво во нејзината матична земја.

Формалната и неформалната поддршка за женското претприемништво во нашата држава и во Хрватска ќе бидат централни теми на конференцијата, додека за пристапот до финансии што се нуди во републиката ќе говорат претставници на Европска банка за обнова и развој, Министерство за економија, Фонд за иновации и технолошки развој, Агенција за поддршка на претприемништвото, Здружение на микрофинансиски институции, Комерцијална Банка АД Скопје, НЛБ Тутунска Банка и штедилница „Фулм“.

Покрај Матиќ, како успешни домашни примери, предиведно е свое обраќање да имаат и неколку жени претприемачи кои се сопственички на развиени бизниси или на компании со брз потенцијал за раст.

Конференцијата е првиот од предвидените настани што ќе следуваат во текот на годината, а кои се тематски конципирани да одговорат на потребите на искусните жени претприемачи, но и на оние кои сакаат да започнат сопствен бизнис.

Настанот е дел од проектот „Women in Adria и CEED Hub за поддршка на женското претприемништво во Македонија“, кој е поддржан од  Министерство за економија, од мрежата на жени претприемачи – Women in Adria во Хрватска, додека во нашата држава имплементациски партнер е ЦЕЕД Хаб Скопје.

Вашето учество на конференцијата регистрајте го на следниов линк.

поврзани статии

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде

прочитај повеќе

Недоволно ценет лидерски стил со 3 огромни предности

Кои од овие лидери сметате дека има поголемо влијание во неговиот тим? Лидер А: Џон единствено има фокус на поставените цели. Тој исто така има репутација...
- Advertisment -